Мицкоски му се закани на Ахмети дека „вистината ќе излезе на виделина“


  Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и иден премиер Христијан Мицкоски по добивањето на мандатот денес од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги нарече опасни политичките игри на  ДУИ со најава дека ако продолжат така – многу бргу вистината ќе излезе на виделина, без да прецизира за што. „Ги гледам етноцентристичките изјави што доаѓаат од некои од централните лица …

Мицкоски му се закани на Ахмети дека „вистината ќе излезе на виделина“ Read More »

Мицкоски го повика Гаши да се извини на граѓаните ако рекол дека Косово му е татковина


  Мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, запрашан за изјавата на новиот собраниски спикер Африм Гаши дека негова татковина е Косово, денеска одговори дека не ја слушнал, но порача дека од него лично чул дека нивна заедничка татковина е Македонија. Сепак, како што рече Мицкоски, доколку имало таква изјава, тогаш Гаши треба да се …

Мицкоски го повика Гаши да се извини на граѓаните ако рекол дека Косово му е татковина Read More »

Мицкоски: Нема како папагал да повторувам „северна“


  Запрашан за пораката на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис дека ако не го спроведува  Преспанскиот договор може да биде непријатно изненаден на самитот на НАТО во Вашингтон, Мицкоски возврати дека не се изненадува толку лесно – ни пријатно, ни непријатно. Моето човеково право е над сите права, рече Мицкоски, повторувајќи дека тоа што е закон …

Мицкоски: Нема како папагал да повторувам „северна“ Read More »

Сиљановска му го даде мандатот на Мицкоски, тој најави „историски и епохални“ инвестиции


  Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска му го додели мандатот за формирање влада на, како што рече, „лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, господинот професор доктор Христијан Мицкоски, чија партија на парламентарните избори што се одржаа на 8 мај освои 58 мандати“. Сиљановска, повикувајќи се на уставните рокови и фактот дека претседателот на Собранието Африм Гаши беше избран со …

Сиљановска му го даде мандатот на Мицкоски, тој најави „историски и епохални“ инвестиции Read More »

(Во живо) Изјава на Мицкоски по добивањето на мандатот


 Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска му го додели мандатот за формирање Влада на претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски, чија партија на парламентарните избори што се одржаа на 8 мај освои 58 мандати. Сиљановска Давкова, повикувајќи се на уставните рокови и фактот дека претседателот на Собранието Африм Гаши беше избран со 76 гласови, изрази …

(Во живо) Изјава на Мицкоски по добивањето на мандатот Read More »

Владиката Наум контра архиепископот Стефан: Вселенската патријаршија не бара промена на името на црквата


  Струмичкиот митрополит Наум ги отфрли тврдењата на архиепископот на МПЦ, Стефан, дека Вселенската патријаршија поставува неприфатливи услови за македонската црква да го добие неопходниот томос. Пре три неделеи Стефан рече дека Вселенската патријаршија поставила три услови – откажување од името Македонска православна црква, отстапување на македонската дијаспора и признавање на Православната црква на Украина. …

Владиката Наум контра архиепископот Стефан: Вселенската патријаршија не бара промена на името на црквата Read More »

Битиќи објави дека нема да се кандидира за лидер на СДСМ


Фатмир Битиќи на фејсбук објави дека нема да поднесе кандидатура за претседател на СДСМ со цел да се спречи фрагментација и поларизација помеѓу членството. „Во овој изборен период нема да се кандидирам за претседател на СДСМ, а тоа го правам за да ја спречам понатамошната фрагментација и поларизација меѓу нашето членство. Но мојата политичка мисија …

Битиќи објави дека нема да се кандидира за лидер на СДСМ Read More »

Сиљановска Давкова ќе го врачи мандатот за состав на влада на Мицкоски


Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, напладне, во вила Видно, ќе го додели мандатот за формирање влада на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој по изборите на 8 мај обезбеди парламентарно мнозинство со коалицијата Вреди и Движењето ЗНАМ, што беше потврдено при изборот на Африм Гаши за претседател на Собранието. Новиот владин кабинет е проектиран со реорганизација …

Сиљановска Давкова ќе го врачи мандатот за состав на влада на Мицкоски Read More »

Мицотакис најави дека Мицкоски може да има „непријатно прво искуство“ на самитот на НАТО


  Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис испрати уште една порака до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да даде категорична изјава, кога официјално ќе стане премиер дека го почитува Договорот од Преспа. Во спротивно, единствено што може да постигне е „непријатно прво искуство“ на НАТО Самиот на почетокот на јули, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис …

Мицотакис најави дека Мицкоски може да има „непријатно прво искуство“ на самитот на НАТО Read More »

Левица „трампа“ поддршка за измените во владата со една изборна единица


Левица дава условна поддршка за предложените измени на Законот за организација и работа на органите на државната управа со воведување на една изборна единица, објавија од партијата. „Во Собранието на Република Македонија беа поднесени измените во Законот за организација и работа на органите на државната управа, со кои се овозможува реструктуирање на министерствата и зголемување …

Левица „трампа“ поддршка за измените во владата со една изборна единица Read More »

„Грците ги зафати хистерија околу Преспа“: Мицкоски за пораките од Атина


  Пораките што стигнуваат од Грција околу почитувањето на Преспанскиот договор и употребата на уставното име, вклучувајќи ги и оние од премиерот Киријакос Мицотакис, Христијан Мицкоски ја нарече„хистерија“, но не очекува Атина да има „талибански однос“. „Претпоставувам хистеријата кај јужниот сосед е поради изборите, не очекувам талибански однос. Сѐ што е дел од Преспанскиот договор, …

„Грците ги зафати хистерија околу Преспа“: Мицкоски за пораките од Атина Read More »

Мицкоски утре ќе го добие мандатот за правење влада


  Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, најави дека веќе се познати имињата на луѓето кои ќе ги имаат клучните места во владата, но не сакаше да даде повеќе детали туку најави дека јавноста наскоро ќе ги чуе имињата. „Приговорите за новата влада привршуваат во делот на формирање владини ресори и во делот на условно кажано …

Мицкоски утре ќе го добие мандатот за правење влада Read More »

Петровска: На Северна Македонија не ѝ треба слаба опозиција


Славјанка Петровска, досегашната министерка за одбрана, денеска ја поднесе кандидатурата за претседател на СДСМ. – Денес, после 24 години активно членство во СДСМ, врз основа на повикот за самокандидирање, ја имав таа чест и привилегија да ја поднесам кандидатурата за претседател на СДСМ и заедно со пријавата секако го поднесов и Манифестот за социјалдемократијата. Тоа …

Петровска: На Северна Македонија не ѝ треба слаба опозиција Read More »

Мицкоски: Ветивме функционална и правна држава – за тоа се потребни измени на Законот за државна управа


ВМРО-ДПМНЕ ги предложи во Собранието по скратена постапка измените на Законот за организација на работата на органите на државната управа, со коишто ќе се прави нова реорганизација на владата.  Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на прес-конференција во Собранието, ги повика сите пратеници да ги поддржат измените, најавувајќи дека седницата е планирано да се одржи во …

Мицкоски: Ветивме функционална и правна држава – за тоа се потребни измени на Законот за државна управа Read More »

Деспотовски: Нашата политика е политика на радикален дисконтинуитет


  Од центарот на Скопје пред старата Железничка станица, Јован Деспотовски објави дека ја поднел неговата кандидатира за претседател на СДСМ. Симболиката со старата железничка станица како што рече е многу јасна. „Ја избравме локацијата позади нас, тоа е старата железничка станица, најпогодена од катастрофалниот земјотрес пред 61 година. СДСМ се наоѓа во многу тешка …

Деспотовски: Нашата политика е политика на радикален дисконтинуитет Read More »

Мицкоски денес ќе го поднесе предлогот за реорганизација на владата во Собранието


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, Христијан Мицкоски, заедно со  координаторот на пратеничката група Никола Мицевски денеска во Собранието ќе ги поднесат измените на Законот за организација на работата на органите на државната управа, за да може да се изгласа новата реорганизирана влада и да се изберат нејзините членови.  Седницата за измените на Законот, според собраниски …

Мицкоски денес ќе го поднесе предлогот за реорганизација на владата во Собранието Read More »

Мицкоски го спори, Заев и Ципрас ќе го слават Преспанскиот договор во Атина


Иднината на Европа по европските избори, интегративниот процес на Западен Балкан, геополитичките случувања во Источен Медитеран, мирното решавање на споровите, справувањето со климатската криза, но и во европските економски случувања, ќе бидат главните теми на дводневната Меѓународната конференција за мир и одржлив развој што на 17 и 18 јуни ја организираат „Институтот Алексис Ципрас“ и …

Мицкоски го спори, Заев и Ципрас ќе го слават Преспанскиот договор во Атина Read More »

Филипче: СДСМ ќе опстои и повторно ќе биде победничка


Екс министерот за здравство и актуелен пратеник Венко Филипче денеска ја поднесува кандидатурата за лидер на СДСМ. Тој во изјава за медиумите порача дека со кандидатурата, поднесува и програма. -Овој ден означува почеток на реформа и на промена во партијата. Во програмата се напишани постулатите според кои ќе работам, доколку бидам избран за претседател,а тоа …

Филипче: СДСМ ќе опстои и повторно ќе биде победничка Read More »

Презентација на истражувачката студија „Извештај за изборната етика: водич за доблесни политичари 2.0“


 Во организација на Форумот за разумни политики денеска ќе биде презентирана истражувачката студија „Извештај за изборната етика: водич за доблесни политичари 2.0“, реализирана за време на и по парламентарните и претседателските избори во април/мај 2024 година. Документот е изработен во рамки на проектот „Етика и политика – врзување на јазолот“ поддржан од National Endowment for …

Презентација на истражувачката студија „Извештај за изборната етика: водич за доблесни политичари 2.0“ Read More »