Сите против ДУИ, биле синоним за зло во државата


Коалицијата ВЛЕН испрати реакција на обвинувањата од ДУИ дека новата влада води „руска политика“. Во неа тие ја посочуваат ДУИ како синоним за зло и за дестабилизација на државата, бидејќи кога тонат сакаат да ја повлечат и неа со нив.  -Таканаречениот Европски фронт, кој сега ги фрла последните клоци, се обидува да сее несигурност кај […]

Каранфилова-Пановска: Креирањето криза за да се дефокусира јавноста е опасно


  Играњето на каратата на меѓуетничките тензии за да се креира криза сакајќи да ги избегнете или да дефокусирате од она што се во моментот актуелни проблеми или за кои што можеби немате одговор е многу опасна работа. Тоа е играње со оган и во тој контекст сакам да кажам дека СДСМ бара сериозен дијалог […]

Кошта до лидерите од Западен Балкан: Ајде да работиме да влезете во ЕУ


Иднината на Западен Балкан е во ЕУ и треба да се работи тоа да се постигне, порача вчера новиот претседател на Европскиот совет, Антонио Кошта на вечерата со лидерите на Западен Балкан, а на која присуствувале и новата висока претставничка за надворешна и безбедносна политика Каја Калас и комесарката за проширување Марта Кос. „Иднината на […]

Филип Рикер: Потрошивме многу време на Балканот, сега има и други предизвици


  Четврт век по конференцијата во Рамбује, Филип Рикер, поранешен заменик-помошник на американскиот државен секретар кој беше во тимот на актуелниот американски амбасадор во Белград, Кристофер Хил, на преговорите во Франција беше гостин на Белградскиот центар за безбедносна политика. Иако по напуштањето на Стејт департментот се сврте кон приватниот бизнис, Рикер сѐ уште со значително […]

Седници на две собраниски комисии, на дневен ред и измените кај вториот пензиски столб


Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, во прво читање денеска е единствена точка на седницата на Комисијата за социјална политика, демографија и млади и Законодавно-правната комисија.  Во Собранието денеска седница ќе одржи и Законодавно-правната комисија. 

Шекеринска на прва средба во НАТО


Заменик генералниот секретар на НАТО, Радмила Шекеринска, денес ја имаше првата официјална средба со  државниот министер на Обединетото Кралство за Европа и за Северна Америка, Стивен Доти. Доти практично учествува на министерскиот состанок на НАТО што утре ќе се одржи во Брисел и кој е  првата официјална промоција на Шекеринска на новата функција. 

Мицкоски од Брисел: Ќе разговараме, но ултиматуми не прифаќаме


Премиерот Христијан Мицкоски по средбата со еврокомесарката Марта Кос и со претседателот на Европскиот совет Антонио Коста порача дека ултиматуми не прифаќа, но е подготвена да разговара. „Македонската влада останува фокусирана на реформи, на обезбедување подобар живот на граѓаните и, нормално, наша главна цел е обезбедување полноправно членство на нашата Македонија во рамките на Европската […]

Мицкоски се сретна со Марта Кос во Брисел


Премиерот Христијан Мицкоски, кој денес престојува во Брисел на покана на претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, претходно имаше редба со новата еврокомесарка за проширување Марта Кос од Словенија.  „Разговаравме за стратешките интереси на Македонија во однос на проширувањето на ЕУ и подготвеноста на државата да успее на патот кон ЕУ.Ние сме подготвени да разговараме […]

Муцунски – Фајон: Словенија ќе ни помогне да ги исполниме условите за ЕУ


Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска на маргините на состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите членки на НАТО во Брисел имаше средба со неговата словенечка колешка Тања Фајон.  Како што објави словенечкото Министерство за надворешни работи на Икс, главна тема на средбата била европската перспектива на земјава. -Словенија е голем […]

Лимани: Историјата за ОНА не може да се избрише


VВМРО-ДПМНЕ не успеваат да го решат прашањето за заедничката историја со Бугарија, а сега отвораат историски фронт и со албанските партии во земјата. По реакцијата на ДУИ, и министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани порача дека историјата на ОНА не може да се избрише од никого. -ОНА не може да се избрише […]

„Европскиот фронт“ поднесе интерпелации за тројца министри


  Дури за тројца министри и еден заменик-министер пратеничката група на „Европскиот фронт“ поднесе денеска барања за интерпелација во Собранието. Заедно со тоа опозициската коалиција поднесе барање и на наредната седница на парламентот на дневен ред да биде ставена информација безбедносната состојба во земјата. Интерпелации се поднесени за вицепремиерите Изет Меџити и Иван Стоилковиќ и […]

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во расправа дали да има лидерска средба или не


  Главната опозициска партија повикува на лидерска средба по вознемирувачките сцени околу палњето и сквернавењето на макоденоското знаме и „наелктресираната ситуација“ во општеството, а ВМРО-ДПМНЕ го одбива тоа како непотребна политичка игра. Портпаролката на владата, Марија Митева, денеска го повика СДСМ да го официјализира барањето. Според неа, прилично е чудно што барање за лидерска средба […]

Мицкоски на состанок со новиот претседател на Советот на ЕУ


Премиерот Христијан Мицкоски вечерва во Брисел ќе присуствува на неформална работна вечера што за лидерите од земјите од регионот на Западен Балкан ја организира новиот претседател на Европскиот совет, Антонио Кошта, чиј мандат почна на први декември. Претходно Мицкоски ќе има и одвоена средба со Кошта.   Од прес службата на Кошта претходно за медиуми изјавија дека […]

Шекеринска почна со работа во НАТО


Поранешната министерка за одбрана на Македонија и прва Македонка на висока функција во Алијансата, Радмила Шекеринска, од вчера е активно ангажирана во НАТО. Се очекува денес таа да учествува и на министерскиот состанок на кој главна тема ќе биде Украина. На страницата на НАТО веќе јасно стои дека Шекеринска од втори декември е заменик генерален […]

Левица: Новата власт започна со партизација на правосудството


Иако Законот за Советот на јавните обвинители предвидува децидна забрана  за членување во политичка партија на членовите на Советот – коалицијата ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со одлучна дрскост, сепак реши за член на Советот на ЈО да го смести Адриан Демири, којшто е истакнат сопартиец на вицепремиерот Изет Меџити и често портпарол на коалицијата ВРЕДИ, […]

ДУИ ја нарече „руска агенда“ политиката на Владата


Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост за опасните политики на Владата, за кои, како што велат, не само што ја поткопуваат стабилноста на Македонија, туку се совпаѓаат и со дестабилизирачката агенда што им служи на геополитичките интереси на Русија. -Неодамнешните постапки на владата, вклучително и обвинувањето на Албанците за кризата што самата ја направи, […]

Љубовта кон морето и сонцето Муцунски ја открил во Бугарија, во Сончев Брег


  Како мало дето за време на годишниот одмор во познатото бугарско летувалиште Сончев Брег на Црното Море, македонскиот министер за надворешни работи Тимчо Муцунски, за прв пат ја открил љубота кон морето и сонцето. Така, Муцунски за време на денешната сесија на прашања и одговори во Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, се […]

Филипче: Некој има интерес од влошување на ситуацијата


Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за емисијата „360 степени“ предупреди дека одбивањето на иницијативата за лидерска средба ќе испрати опасна порака – дека некои политички фактори можеби имаат интерес од продолжување на тензиите. Тој повика на итен политички дијалог за да се надмине тековната криза и да се спречи нејзина ескалација. „Повторно ќе […]

Муцунски ги убедувал европратениците дека ЕУ е на врвот на агендата на владата


  Шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски, денеска одговарајќи на прашања членовите на Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент порача дека владата е силно посветена на евроинтеграциите и на спроведувањето реформи. Според него, за земјата е клучно да продолжи да напредува кон полноправно членство во ЕУ следејќи предвидлива пристапна траекторија, заснована на јасно утврдените […]

ДУИ бара извинување од Јанева за изјавата за УЧК


Изјавите на министерката за образование Весна Јаневска претставуваат тешка навреда за Албанците во Македонија и обид да се избрише сеќавањето и жртвите на албанскиот народ. Да се каже дека УЧК „не значи ништо за оваа држава“ е неприфатлив чин кој покажува недостиг на почит кон значаен дел од населението и е обид за негирање на […]