СДСМ се потсмева на МВР: Случајно ли е што батериите на камерите не работеле кога поминувал Груби?


Од СДСМ информираа дека ќе објават сериозни индиции за вмешаност на МВР и Панче Тошковски во бегството на Артан Груби на Косово и нови „случајности“ кои ќе отворат сомнеж. -Последните информации за бегството на поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, каде што „батериите“ на камерите не работеле токму кога тој ја напуштал границата предизвика потсмев од […]

Калајџиев: Груби не можел да биде приведен при преминување на границата без судска одлука


  И власта и опозицијата бараат од Министерството за внатрешни работи  да даде јасен одговор како е можно поранешниот вицепремиер Артан Груби да ја напушти Македонија и да замине во Косово. Вчера МВР соопшти дека се преземени дисциплински мерки за двајца полициски службеници од граничниот премин „Долно Блаце“ во врска со преминувањето на Артан Груби […]

Кошта ќе се обиде да ја избегне билатерализацијата при проширувањето


  Процесот на проширување е базиран на заслуги и само заслугите можат да бидат основа за проценка на напредокот во пристапувањето, изјави вечерва претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта на прес-конференцијата по завршувањето на Самитот ЕУ-Западен Балкан.  „Билатерализацијата не е фер начин во проширувањето и треба да ја избегнуваме. Јас лично сум посветен де се […]

Чупеска: Мицкоски сака да биде истражител и обвинител, спротивно на принципите на демократијата


  Потпретседателката на СДСМ Ана Чупеска во вестите на Сител телевизија истакна дека партиските упади на власта и заканите на премиерот Мицкоски се дел од логиката на економска пропагандната програма што ја пласира премиерот и во некои ситуации излегува многу далеку од своите овластувања, па не ретко се случува да биде и обвинител и истражител […]

Мицкоски на Калас ѝ ги претставил позициите на владата


  Премиерот Христијан Мицкоски објави дека во Брисел имал средба со новата висока претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас. Средбата се одржа пред најавениот самит ЕУ-Западен Балкан. „На средбата разговаравме од потребата ЕУ да го забрза процесот за интеграции и да направи заложба низ добра волја и заедничко разбирање да […]

Ковачевски бара непристрасен процес за „Лотарија“, работел чесно и законски


Поранешниот премиер, а сега пратеник во Собранието, Димитар Ковачевски денеска изјави дека во целото негово работење  како премиер и како заменик-министер за финансии се водел согласно законите, откако МВР поднесе кривична пријава против осум лица, вклучително и против него, за „злоупотреба на службената положба и овластување“. – Се надевам дека институциите целиот тој процес ќе […]

СДСМ: Дали бегството на Артан Груби е договорено меѓу ДПМНЕ и ДУИ?


СДСМ бара од Министерството за внатрешни работи  да даде јасен одговор како е можно Артан Груби да избега на Косово само еден ден пред акцијата, односно на самиот ден на акцијата. -Според информациите со кои располагаме и ги добивме од свиркачи, МВР имала поставено полициска контрола на кружниот тек пред Блаце на денот кога Груби ја […]

Тошковски свесно направи конфузија за Ковачевски и го вметна во предметот со Груби и Бајрами, велат од СДСМ


Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) обвинува дека министерот за внатрешни работи Панче Тошковски намерно се обидел да го вметне експремиерот Димитар Ковачевски во случајот со Артан Груби и Перпарим Бајрами. „Тоа е она што го прави ВМРО-ДПМНЕ, политичко етикетирање преку институциите на прогонот“рече организацискиот секретар во СДСМ Мартин Костовски на денешната прес-конференција. Според Костовски, со […]

Министрите на ЕУ ставија рампа за укинување на ветата


  Министрите за надворешни работи на ЕУ на вчерашниот состанок во Брисел не дале зелено светло за предлогот на Марио Драги  да се исфрли консензусот како принцип на носење одлуки за повеќе други прашања. Според она што беше објавено официјално од расправата во Советот за општи работи, некои од министрите го подржале предлогот, но неколку […]

Радев бара да запре говорот на омраза во Македонија


„Политичкиот дијалог меѓу Бугарија и РС Македонија треба да се води на сите нивоа и може да постигне резултати кога се гради на взаемно почитување и имплементација на европскиот консензус од 2022 година“ –  истакнал шефот на бугарската држава Румен Радев на средбата со екс-премиерот и актуелен лидер на ВМРО-Народна, Љубчо Георгиевски. Оттаму прецизираат дека […]

Борисов: Изгубивме многу време со Македонија


 Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, изјави дека досегашните преговори за формирање влада со Демократска Бугарија (ДБ) се одвиваат во позитивна насока, нагласувајќи дека тивкиот пристап е клучен за успехот.   „Колку потивко, толку подобро. Нека се затворат сите теми, па потоа ќе разговараме,“ рече Борисов, кој вчера ја продолжи серијата средби со различни политички субјекти, […]

Лидерите на ЕУ и земјите од Западен Балкан ќе се сретнат на разговори во Брисел


Брисел – Шефовите на држави и влади на ЕУ и земјите од Западен Балкан денеска ќе се сретнат на разговори во Брисел каде агендата на состанокот не вклучува одобрување на одлуки поврзани со проширувањето на ЕУ. Ќе се разговара за можностите за економско зближување, за продлабочување на политичката интеракција како и за последиците од војната […]

Министрите на ЕУ до Македонија: Забрзајте ги уставните измени


  Министрите за надворешни работи на ЕУ на денешниот состанок на Советот за општи прашања пред самитот закажан за неделава порачаа дека Македонија треба да ги забрза уставните реформи, односно да ја исполни обврската што сама ја преземала.  „Додека Советот го поздравува тоа што новата влада во Северна Македонија ја прогласи ЕУ интеграцијата како своја […]

Агелер и Рокас не сакаат да ги коментираат истрагите за „Лотарија“


Амбасадорите на Европската Унија и САД во земјава, Михалис Рокас и Анџела Агелер, засега се без коментар во врска со актуелните истраги на МВР и Обвинителството, конкретно, за случајот „Лотарија“ и за предметот што Обвинителството го оформи по ставањето на поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и судијата Енвер Беџети на „црната листа“ на САД. Одговарајќи […]

Градоначалникот на Приштина ќе му го врачи клучот на градот на Ахмети


Градоначалникот на Приштина, Перпарим Рама ќе му го додели клучот на градот на Ахмети, објави косовскиот „Економија онлајн“. Претходно извесен Исмет Сулејамни на социјалната мрежа Фејсбук објави фотографија со Ахмети од кафуле, а под фотографијата напиша „Историско кафе со Али Ахмети“. -Историско кафе со Али Ахмети во Приштина. Утринско кафе во Приштина со лидерот на […]

За Ковачевски и Димовски се уште се проверува дали има основа кривичната пријава од МВР


Екс премиерот Димитар Ковачевски и поранешниот генерален секретар Методија Димовски не се опфатени со истрагата за „Лотарија“, но кривичната пријава против нив се уште не е отфрлена, информираат од Обвинителството, без да ги посочат имињата на пријавените. -Јавното обвинителство веќе извести дека кривичната пријава за наведените лица не е отфрлена. Основното јавно обвинителство Скопје во […]

Албанија денес отвори ново преговарачко поглавје, Македонија останува заглавена


  Премиерот Еди Рама ја предводеше албанската делегација овој вторник во Брисел на третата  меѓувладина конференција со ЕУ на која беше отворена нова втора група преговарачки поглавја, при што албанскиот премиер најави дека амбицијата е идната година – да се отворат повеќе. Со тоа Албанија истрча пред Македонија во евроинтеграцијата и очекувањата се дека ќе […]

Албанија станува втор најсериозен кандидат за прием во ЕУ


  Новата Европска комисија ја презеде функцијата  и еден од нејзините први предизвици е постигнување опиплив напредок во политиката за проширување на Европската унија. Без сомнение, подготвеноста е тука. Во првото обраќање на Марта Кос како еврокомесар за проширување, таа изјави: „Постои реални изгледи дека можеме да доведеме една или повеќе земји од проширувањето до […]

Почесниот конзул на Косово, Арсим Папранику, го извел Груби преку Блаце


  Арсим Папранику е бизнисменот кој со својот автомобил со дипломатски таблички го одвезол Артан Груби до Косово, непосредно пред почетокот на полициската акција по која Груби е осомничен за злоупотреби во Државната лотарија, јави Телма повикувајќи се на извори на истрагата. Папранику е именуван за почесен конзул на Косово во Македонија во 2018. Папранику […]

Ковачевски и Димовски, сепак, не се дел од истрагата за „Лотарија“


  Поранешниот премиер Димитар Ковачевски и генералниот секретар Методија Димовски не се опфатени со истрагата за случајот ,,Лотарија”, во кој еден од осомничените е вицепремиерот Артан Груби, пишува „Фокус“. Според порталот, забуната во јавноста настанала поради тоа што Ковачевски и Димовски биле опфатени со кривичната пријава на МВР и Финансиската полиција, каде што се пријавени […]