Црна Гора исполни едно од барањата на Хрватска – го промени името на базенот во Котор


  Со измени на Законот за спорт, Црна Гора го отвори патот за промена на името на базенот „Зоран Џими Гопчевиќ“ во Котор, што е едно од барањата на Хрватска во решавањето на билатералните прашања меѓу двете земји, пишуваат медиумите од Подгорица. Доцна синоќа, црногорскиот парламент усвои измени на Законот за спорт, кои, меѓу другото, […]

ЛДП згрозена: Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ мавта со лично медицинско досие


  Опозициката ЛДП денеска соопшти дека е згрозена од тоа како портпаролот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ вчера на јавноста од партиската говорница покажуваше лично медицинско досие на лице. На Ива Михаилова. И со тоа, тврди ЛДП, владејачката ВМРО-ДПМНЕ го допрела новото институционално дно. „Наместо МВР и Министерството за правда да дадат одговори и понесат одговорност за […]

Мицкоски ѝ понуди на опозицијата да се вклучи во процесот околу дијалогот со Бугарија


Европската Унија останува стратешка цел на државата и во тој поглед нема никакво поместување, порача премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на пратеничко прашање од пратеничката Арбана Пашоли од Европскиот фронт за стратегијата на Владата за деблокирање на евроинтегративниот процес и отворањето на преговарачките поглавја. -Европската Унија останува наша стратешка цел и тука нема поместување ниту милиметар. […]

Одбраната на Артан Груби се огради од славењето


Одбраната на Артан Груби се огради и се извини за синоќешниот собир во скопски Чаир на кој со факели и чадни бомби беше пречекан ексвицепремиерот Груби, кој излезе од куќен притвор откако судот му ја укина мерката. Груби е второобвинет во предметот „Државна лотарија“ за злоупотреба на службена положба и овластување и нанесена штета од […]

СДСМ: Се договорија со Бугарија, па ја пуштија Михаилова преку граница


Опозициската СДСМ преку две соопштенија утринава упати обвинувања до власта, тврдејќи дека правосудниот систем се користи за политичка кампања и дека законите не важат исто за сите граѓани. Според опозицијата, напуштањето на земјата на Ива Михаилова, обвинета за сообраќајна несреќа со смртни последици, е резултат на директни договори „под маса“. „Зад грбот на народот се […]

Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа


Министерот за здравство, Сашо Клековски денеска изјави дека бегството на Ива Михајлова во соседна Бугарија е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум во Македонија, кој по проверката на нејзините наводи, вели, ќе утврдеа дека таму нема здравствен случај.  -Бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум, тука. Тој требаше заедно со македонските лекари да ги провери наводите […]

(Видео) Сo факели и чадни бомби се славеше излегувањето на Груби од притвор


Десетици луѓе се собраа синоќа во Скопје за да го поздрават поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој излезе од куќниот притвор определен во рамките на случајот во кој тој е обвинет за проневера на државни пари од Лотарија. Груби, во друштво на пријатели и соработници, се појави триумфално, додека во исто време започна огномет, а луѓе […]

Дурмиши мртов, Михаилова дочекана како жртва во Бугарија!


  Семејството на  33-годишниот Бесим Дурмиши од Љуботен, кој загина во сообраќајната несреќа во која учествуваше Ива Михаилова, не сака да излегува со изјави во јавноста бидејќи случајот премногу се исполитизирал, поради што ќе чекаат судот да ја заврши постапката – пред да кажат што ќе преземат. Дурмиши бил вработен во голема компанија за монтирање […]

Левица: Груби излегува од куќен притвор – дилот меѓу ДПМНЕ и ДУИ за „Бехтел и Енка” си тече


Артан Груби излегува од куќен притвор – дилот меѓу ДПМНЕ и ДУИ за „Бехтел и Енка” си тече, пишува во денешното соопштение на Левица. -Артан Груби „избега” од Македонија, 14 месеци беше недостапен за органите на прогонот, се врати и заврши во куќен притвор. Додека ДПМНЕ глумеше бескомпромисна пресметка со Груби, зад кулисите се договараше […]

Марта Кос на 28 октомври ќе ги објави датумите за завршување на преговорите со Црна Гора, Молдавија, Албанија и Украина


  Министрите за европски прашања денес во Луксембург, за време на ручекот, ќе разговараат за новите идеи на Европската комисија за проширување на Унијата. Со оглед на пренатрупаниот дневен ред за самитот во Брисел во четврток и петок, веќе се шпекулира дека темата за проширувањето може повторно да биде потисната од агендата на лидерите. Сепак, […]

Бугарскиот амбасадор повикан во МНР


Во врска со случувањата поврзани со Ива Михајлова, денеска во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија беше повикан амбасадорот на Република Бугарија, Желјазко Радуков. На амбасадорот му беше пренесено дека начинот на кој Ива Михајлова беше пречекана во Софија, вклучително и најавите за нејзин прием на високо ниво, претставува провокација, ги подрива напорите за […]

По „свадба“ тапани: Обвинителството во Кочани предложи мерка притвор за Михаилова


Обвинителството во Кочани утрово го извести судот дека Ива Михајлова ги прекршила мерките што ѝ се изречени и поднесе предлог за изрекување мерка „притвор“ поради ризик од бегство.Судијата на судот во Кочани треба да одлучи по барањето на обвинителството. Доколку судот го одобри барањето, веднаш ќе биде издадена наредба до Министерството за внатрешни работи за […]

Ковачев: Македонија нема основа да се жали на Бугарија


Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев смета дека македонските власти немаат основа да поднесуваат жалби пред европските институции за случајот со Ива Михаилова, која и покрај судската забрана и одземените два пасоша ја напуштила Македонија и заминала во Бугарија. Според него, бугарските институции не постапиле спорно, а случајот треба да се разгледува од хуманитарен аспект. Ковачев, член […]

Виена, Прага и Братислава бараат „кочница“ за билатералните прашања во преговорите за ЕУ


Австрија, Чешка и Словачка, во заеднички неофицијален документ (нон-пејпер) дистрибуиран на 7 октомври во пресрет на состанокот на Советот за општи работи на Европската Унија, го посочија спорот меѓу Хрватска и Црна Гора како пример за билатерално прашање што го забавува пристапниот процес на кандидатите за членство, пишува загрепски „Вечерњи лист“. Во истиот контекст на […]

СДСМ гледа договор „под радар“ за Ива Михаилова, ЛДП – правна хаварија


  СДСМ гледа договор „под радар“ за Ива Михаилова, која побегна од Македонија под нејасни околности и сега е на лечење во Бугарија. По изрежираното бегство на Никола Груевски, на Артан Груби и на други обвинети за криминал, што зборува не само за начинот како функционира политиката во државата, туку и за третманот на границата како […]

И бугарското МНР се оградува од бегството на Михаилова


Министерството за надворешни работи на Бугарија тврди дека не било однапред известено за потезите на Ива Михајлова, нејзиното семејство и нејзиниот адвокат кои резултираа со нејзино пристигнување во Бугарија, ниту пак учествуваше во нивното организирање. Адвокатот стапил во контакт со Министерството непосредно пред да даде јавна изјава, соопштија од Министерството за надворешни работи на Бугарија. […]

Министерството за правда загрижено поради третманот на Махаилова од Софија


Министерството за правда изразува загриженост во врска со случајот со Ива Михаилова и нејзиниот прием на високо ниво во Софија, додека е на сила судска забрана.   -Владеењето на правото подразбира еднаквост пред законот, почитување на судските одлуки и доследна примена на правните процедури. Националната припадност и државјанството не смеат да бидат основа за привилегиран […]

Јотова не била информирана за доаѓањето на Михаилова, подготвенa e да се сретне со неа


Бугарската претседателка Илијана Јотова ќе го чека заклучокот на лекарите од болницата „Пирогов“ за здравствената состојба на 23-годишната Ива Махаилова која замина од Македонија и покрај тоа што во земјата и се одземени личните документи и и се суди во Кочани поради сообраќајка со смртни последици. Јотова, одговарајќи на новинарски прашања по учеството на меѓународна […]

ЈОРСМ: Лани во октомври на Михаилова ѝ се одземени два пасоша и не ѝ беа вратени поради ризик од бегство


На Ива Михаилова од Кочани, која е обвинета во судска постапка за сообраќајна несреќа со смртни последици, пред една година ѝ биле одземени два пасоша (македонски и бугарски) и ѝ  била изречена забрана да го напушта градот во кој живее со обврска да се јавува кај службено лице, соопшти државното Јавно обвинителство. По бегството на […]

Реакција на МНР за бегството на Михаилова: Постапувањето на бугарските државни институции ги подрива напорите што ги вложуваме за градење доверба


Во врска со бегството на Ива Михаилова во Бугарија и нејзиниот прием на високо ниво во Софија, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија укажува дека ваквото постапување на бугарските државни институции ги подрива напорите што ги вложуваме за градење доверба и е спротивно на декларираните заложби за развој на добрососедските односи, соопшти МНРиНТ.  Министерството […]