По „свадба“ тапани: Обвинителството во Кочани предложи мерка притвор за Михаилова


Обвинителството во Кочани утрово го извести судот дека Ива Михајлова ги прекршила мерките што ѝ се изречени и поднесе предлог за изрекување мерка „притвор“ поради ризик од бегство.Судијата на судот во Кочани треба да одлучи по барањето на обвинителството.

Доколку судот го одобри барањето, веднаш ќе биде издадена наредба до Министерството за внатрешни работи за распишување меѓународна потерница, бидејќи веќе е јасно дека Ива Михајлова се наоѓа надвор од територијата на Северна Македонија.

Ова значи дека, доколку се утврди каде се наоѓа во странство (вклучително и во Бугарија), локалните полициски власти ќе мора да ја приведат. Откако официјално ќе се утврди нејзината локација или ќе се потврди нејзиното присуство во Софија, Министерството за правда на Северна Македонија ќе подготви и ќе поднесе официјално барање за екстрадиција до
бугарските власти.

Во понеделник, Михајлова наводно ги изненади бугарските и македонските власти со преминувањето на границата без , наводно, нивно знаење и спротивно на забраната за напуштање на нејзиниот роден град Кочани. Една година по тешката несреќа и по осум одбивања да прифати лекување во Бугарија, 23-годишната Михаилова беше примена во болницата Пирогов во понеделникот.