Три дена ќе се чисти влезниот булевар „Александар Македонски“


Во текот на вчерашниот ден, ЈП „Комунална хигиена“-Скопје започна тридневна акција за чистење на пешачките и велосипедските патеки по должина на булеварот „Александар Македонски“ во скопската општина Гази Баба. Во рамките на акцијата се реализира чистење, како и рачно и машинско метење и миење на целокупниот простор на патеките, со цел непречено движење на пешаците …

Три дена ќе се чисти влезниот булевар „Александар Македонски“ Read More »

Крводарителска акција во Општина Ѓорче Петров – покажете солидарност!


Во четврток во Општина Ѓорче Петров ќе се одржи крводарителска акција во рамки на Планот за социјална, здравствена и детска заштита на општината. Акцијата ќе се реализира во Центар за култура Ѓорче Петров, во периодот од 12:00 до 18:00 часот. Од Општина Ѓорче Петров ги повикуваат сите хумани граѓани кои се во можност да се …

Крводарителска акција во Општина Ѓорче Петров – покажете солидарност! Read More »

Без вода дел од корисниците на ул. „Борис Трајковски“ во населба Усје


 Дел од корисниците на ул. „Борис Трајковски“ во населба Усје од 7.30 часот немаат вода поради уличен водоводен дефект на таа улица. Како што соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје, прекин во водоснабдувањето имаат корисниците од бр. 4 до бр. 30 на ул. „Борис Трајковски“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до отстранување на дефектот.

Без струја делови од Центар и Кисела Вода


Поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска од 8.30 до 15:00 часот електрична енергија ќе немаат корисниците на дел од ул.„Тодор Александров“ – Комплекс „Олимписко село“ во општина Центар. Како што соопшти РЦУК по известување добиено од  ЕВН Македонија АД, од 8:30 до 15:30 часот струја ќе немаат и корисниците на дел од ул. „Јустинијан Први“, …

Без струја делови од Центар и Кисела Вода Read More »

Голема акција за уредување на зелените површини во Општина Аеродром


Денеска, во соработка со ЈП „Паркови и зеленило“, започна голема заедничка акција за уредување и разубавување на парковите и булеварското зеленило на територијата на Општина Аеродром.   Градоначалникот Дејан Митески и в. д. директорот Муамер Сефери извршија увид на теренот, каде што екипите со соодветна механизација работат на повеќе локации. Се врши машинско косење на …

Голема акција за уредување на зелените површини во Општина Аеродром Read More »

Општина Центар објави јавен повик за организирање тематски прошетки низ Центар


Општина Центар објави јавен повик за реализација на проектот „Тематски организирани прошетки со граѓаните за поблиско запознавање со културните обележја на Општина Центар“, во рамки на Програмата за култура за 2026 година. Градоначалникот Горан Герасимовски посочи дека целта на проектот е граѓаните да ја запознаат архитектурата, историјата и културното наследство во срцето на градот. „Центар …

Општина Центар објави јавен повик за организирање тематски прошетки низ Центар Read More »

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради Протестниот марш за 8 Март


Поради протестен марш по повод Меѓународен ден на жената, утре (8 март) во Скопје ќе биде воведен посебен режим на сообраќајот на повеќе улици во централното градско подрачје. Маршот ќе започне во 12:00 часот од Парк „Жена Борец“, по што учесниците ќе се движат по следната траса: ул. „11 Октомври“ → ул. „Димитрија Чуповски“ → ул. „Даме Груев“ → …

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради Протестниот марш за 8 Март Read More »

Дали цените за паркирањето на Клинички ќе останат исти: Еве што вели Ѓорѓиевски


Околу три милиони евра ќе предвиди Градот Скопје во првата фаза за изградба на монтажни паркинзи, но приоритет ќе имаат двата монтажни паркинга во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Цените за паркирањето на Клинички ќе останат исти во наредниот период, а откако ќе се изградат монтажните паркинзи ќе биде утврден за дополнителните позиции нов правилник, но …

Дали цените за паркирањето на Клинички ќе останат исти: Еве што вели Ѓорѓиевски Read More »

Потпишан Договорот за изградба на паркинзи во комплексот клиники „Мајка Тереза“


Министерството за здравство (МЗ) и Град Скопје го потпишаа Договорот за изградба на паркинзи во рамки на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Договорот е на 15 години, со 10 отсто закупнина од вкупно остварениот промет. Во првата фаза е предвидена изградба на два современи монтажни паркинга, со најмалку 500 паркинг места, кои се очекува да бидат …

Потпишан Договорот за изградба на паркинзи во комплексот клиники „Мајка Тереза“ Read More »

Со турска помош ќе се осветлува Камениот мост во Скопје


Турската Општина Есенлер и раководството на Халкбанк АД Скопје, денеска се сретнаа со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски при што беше потпишан Протокол за пријателство и соработка за реализација на проектот за декоративно и архитектонско осветлување на Камениот мост. Проектот предвидува поставување современо LED осветлување кое ќе биде внимателно усогласено со архитектонските карактеристики на …

Со турска помош ќе се осветлува Камениот мост во Скопје Read More »

Стефковски ги засука ракавите – тргна неколку коли од калта


Под паролата „Акција за почитување на законот и заштита на зелените површини“, градоначаклникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, денеска во соработка со МВР и ЈП Градски паркинг, спроведе акција на патниот правец R-1102, во близина на пазарот за стари работи, од каде со „пајак-службата“ отстранија неколку автомобили, паркирани покрај патот – во калта. Тој, …

Стефковски ги засука ракавите – тргна неколку коли од калта Read More »

Гази Баба објави повик за субвенции за велосипеди


Општина Гази Баба објави јавен повик за доделување субвенции за набавка на велосипед за 2026 година, со цел поттикнување на граѓаните почесто да го користат велосипедот како превозно средство. Според повикот, општината ќе субвенционира 50 проценти од цената на велосипедот, но најмногу до 4.000 денари по лице. Право на аплицирање имаат жители на Општина Гази …

Гази Баба објави повик за субвенции за велосипеди Read More »

Без вода дел од „Перо Наков“ кај Годи


Поради уличен дефект, прекинато водоснабдување од 08:30 часот ќе имаат корисниците на дел од улицата „Перо Наков“ кај Годи, информира ЈП Водовод и канализација Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до отстранување на дефектот.

Промоција на едукативниот цртан филм „Кликни безбедно“ во Скопје


Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, ќе присуствуваат на промотивно прикажување на едукативен цртан филм „Кликни безбедно“. Како што соопштуваат од кабинетот на министерот, филмот е создаден како резултат на креативна соработка помеѓу ученици и наставен кадар, со …

Промоција на едукативниот цртан филм „Кликни безбедно“ во Скопје Read More »

Без вода улиците „Јосиф Михајловиќ“ и „Атанас Бабата“ во Чаир


 Без вода денеска ќе бидат корисниците од улиците „Јосиф Михајловиќ“ и „Атанас Бабата“ во Општина Чаир, соопштуваат од ЈП „Водовод и Канализација“ Скопје.  Прекинот на водоснабдувањето е поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улица „Јосиф Михајловиќ“ бб, а водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот до завршување со работните активности.

Без струја делови од Центар и Карпош


Без електрична енергија денеска во периодот од 08.00 до 16.00 часот, ќе останат дел од корисниците од улиците Мирослав Крлежа, Наум Наумовски Борче, Антоние Грубишиќ и Орце Николов во општина Центар, информира РЦУК Скопје. Струја од 09.00 до 14.00 часот, ќе немаат и корисниците од ул. Миле Поп Јорданов лоцирани во околината на хотел Гранит …

Без струја делови од Центар и Карпош Read More »

Голем пожар на депонија во Маџари, црн чад се гледа низ Скопје


Голем пожар попладнево избувна на депонија на отворено во скопската населба Маџари, а густ столб од чад се издига и е видлив од повеќе делови на градот. Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, информира дека општинските инспектори веднаш излегле на терен и случајот е пријавен во Противпожарната бригада на Град Скопје. Пожарникарските екипи во …

Голем пожар на депонија во Маџари, црн чад се гледа низ Скопје Read More »

Претежно сончево време утре и во сабота, потоа дожд и пониски температури


Утре и во сабота ќе преовладува претежно сончево време. Потоа во наредните два дена се очекува зголемена облачност со услови за слаб локален дожд, како и пониски дневни температури, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Од вторник следува период на стабилно време со постепен пораст на дневната температура. 

Поради дефект без вода корисниците од улица „Славејко Арсов“ во Центар


Поради дефект во шахта на улица „Славејко Арсов“ број 21, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување со санација на дефектот. 

Ќе нема струја со часови на неколку улици во Општина Карпош


Поради планирани технички интервенции во електросистемот, денес (5-ти март) на неколку локации во Општина Карпош ќе има прекини во снабдувањето со Струја, кои ќе траат повеќе часови. Според информациите од РЦУК Скопје, без струја ќе останат: Општина Карпош: Корисниците на ул. Дрезденска бр. 5 и ул. Панче Пешев во периодот од 09:00 до 13:00 часот. …

Ќе нема струја со часови на неколку улици во Општина Карпош Read More »