Општина Центар: Секој месец 150 семејства во социјален ризик добиваат прехранбени пакети


Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ и директорот на ЈП Паркинзи на Општина Центар, Васко Кичевски, во рамки на проектот „Нула глад“, денеска поделија прехранбени пакети на лица од 150 семејства со висок социјален ризик, кои живеат на територија на Центар. Од општината соопштија дека оваа активност се спроведува по шести пат во рамки на […]

Од среда повторно ќе се прска против комарци


   Градот Скопје информира дека четвртата фаза од авионската и од терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци ќе почне на во среда (авионско) и во недела (терестрично). Имено, авионската дезинсекција ќе се одвива во среда и во четврток во раните утрински часови. Терестричната дезинсекција ќе почне во недела и ќе заврши најдоцна до следната […]

Топанско поле без вода поради дефект на ул „Џон Кенеди“


Поради дефект на водоводната мрежа на ул.„Џон Кенеди“, без вода од 9.30 часот се корисниците на скопската населба Топанско поле. Прекинот во водоснабдувањето ќе трае до отстранувањето на дефектот, информираат од ЈП „Водовод и канализација“.

Автобусот на ЈСП бр. 9 со изменета траса, „Југодрво“ вон употреба


Поради реконструкција на коловозот на булевар „Кочо Рацин“ и воведениот времен режим на сообраќај, автобуската постојка „Југодрво“ е вон употреба. Поради градежните зафати, автобуската линија 9 сообраќа по изменета траса во правец од Скопје Север кон Клинички центар, односно, автобусите после Бит пазар, вртат десно по булевар „Гоце Делчев“, лево по булевар „Филип Втори Македонски“ […]

Шилегов: Поднесена првата кривична пријава за неовластено фрлање отпад


Првпат во историјата на Град Скопје денеска е напишана првата кривична пријава за неовластено фрлање смет. Станува збор за лице фатено на самото место, на улицата „Александар Урдаревски“ во Општина Бутел. Градскиот инспекторат во соработка со Министерството за внатрешни работи изврши увид, земени се сите докази и е поднесена кривична пријава. Нема да правиме компромис […]

Почна масовната акција за генерално чистење на Скопје


Градот Скопје и ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, во соработка со останатите градски претпријатија, денеска започнаа масовна дводневна акција за генерално чистење на сите скопски општини. Во рамките на акцијата ќе се реализираат активности за миење на главните и на споредните улици со автоцистерни, рачно и машинско метење, како и отстранување на дивите депонии. ЈП „Комунална хигиена“-Скопје […]

Положено цвеќе на гробовите од жртвите на земјотресот во 1963 година


На градските гробишта во Бутел, домашни и странски делегации положија цвеќиња пред споменикот на загинатите од катастрофалниот земјотрес во Скопје, во далечната 1963 година. Во чест на загинатите, венец положи и официјална делегација на Град Скопје, предводена од градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, а составена од секретарот на Град Скопје, Викторија Аврамовска-Мадиќ и претседателката […]

Двојни рампи на паркиралиштето „Аутомакедонија“


Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“ – Скопје, денеска го пушти во употреба новиот систем за контрола на пристап на возила со двојни рампи на затвореното паркиралиште „Аутомакедонија“. – Поради секојдневната злоупотреба на досегашниот систем и бројните жалби и поплаки од граѓаните, ЈП ПОЦ го воведе системот со двојни рампи со цел […]

(Фото вест) Се сечат суви дрвја во Центар


Во големата акција за чистење на Градот Скопје, што вчера ја најави градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, а која ќе се спроведува во сите општини, утрово во Центар екипи сечат суви дрвја. Се отстрануваат исушените стебла и гранки, кои се потенцијална опасност да паднат врз некого или врз нешто, особено при засилен ветар и невреме.

Скопје одбележува 56 години од катастрофалниот земјотрес


Скопје со повеќе активности и манифестации одбележува 56 години од катастрофалниот земјотрес во 1963 година, во кој 1.070 луѓе го загубија животот, а 3.000 беа повредени. – Секоја година 26-ти јули не потсетува на солидарноста на скопјани и на солидарноста на светот од 1963 година  кога катастрофалниот земјотрес со својата уривачка моќ однесе многу човечки […]

Генералка на Скопје


  Расчистување на дивите депонии, метење и миење на сите градски и општински улици, кастрење гранки и косење трева, пополнување ударни дупки и засилени инспекциски контроли – овие активности ќе ги опфати големата акција за чистење и уредување на јавните градски површини која ќе се одвива утре и задутре, а ќе ја реализираат Град Скопје, […]

Во МКЦ „Ослободување на Скопје“ за одбележување 56 години од земјотрсот


Секоја година 26-ти јули не потсетува на солидарноста на скопјани и на солидарноста на светот од 1963 година кога катастрофалниот земјотрес со својата уривачка моќ однесе многу човечки животи и го претвори Скопје во урнатина. Овој датум е врежан во колективната меморија за Скопје како еден од најтешките моменти во неговата историја и постоење. Одбележувањето […]

Зачекори во Здраво Скопје – авантуристичка тура низ градот по повод 56 години од земјотресот


Авантуристичка тура за најмладите – „Зачекори во Здраво Скопје“, во организација на издавачки центар ТРИ, ќе се одржи утре, а по повод 56 години од скопскиот земјотресот, што се случи на 26 јули 1963 година. Карванот ќе посети 10 значајни и автентични локации, а ќе биде проследен со многу изненадувања, игри и забава. Зборно место […]

Шилегов за „Независен“: Скопје ќе се шири на север


Нов изглед на центарот, ново менаџирање на „Дрисла“, што ќе носи и пари и почист воздух, отстранување на фонтаните од Вардар, ново сообраќајно решение – и други проекти најавува градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, во интервјуто за „Независен“. Како ќе се одбележи годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје? Нема да правиме посебен настан како […]

Во Аеродром не остана ни едно заробено дрво


  Град Скопје во соработка со општините Центар, Карпош, Чаир и Аеродром ја продолжуваат акцијата за ослободување на заробените дрвја од градежен материјал при нестручно изведени градежни активности. Tимот од Шумарскиот факултет досега прецизно мапираше точно 841 заробено дрво во градот, од кои околу 150 се веќе ослободени. Оваа акција и денеска се одвива во […]

Град Скопје: Годишнината од земјотресот со Влатко Стефановски, Танос Ставридис, Биља Крстиќ и Биг Бенд


Град Скопје ја објави програмата за одбележување на 56 години од катастрофалниот земјотрес. В петок во Градскиот парк ќе се одржи концерт на кој ќе настапат балкански ѕвезди, меѓу кои Влатко Стефановски, Танос Ставридис (најпознатиот грчки музичар на хармоника), Биља Крстиќ и Биг Бенд. -26 јули е денот кога се потсетуваме на еден тажен момент […]

Шилегов: Во иднина ниту едно дрво нема да биде заробено


Градот Скопје во соработка со општините Центар, Карпош, Чаир и Аеродром денеска почна акција за ослободување поголем број заробени дрвја од градежен материјал при нестручно извадени градежни активности на јавнити површини. Акцијата почна на улицата „Орце Николов“ во Дебар Маало, каде има голем број заробени дрвја со бекатон-плочки и друг градежен материјал, информираат од Град […]

„Самерленд“ ќе завршува еден час порано и со намалена гласност


Наместо до полноќ, програмата на летниот фестивал „Самерленд“ навечер ќе трае до 23 часот и со намалена гласност, одлучи Град Скопје. Оваа одлука доаѓа по жалбите на група граѓани од Дебар Маало во однос на бучавата од настаните на фестивалот што се организира во Градскиот парк. „Самерленд“ во текот на месец јули ќе понуди разни забавни […]

Шилегов во „Веро Џамбо“ скенираше фискална сметка


Во трговскиот центар „Веро Џамбо“ во Скопје денеска се отвори штанд на проектот „Мој ДДВ“, преку кој на граѓаните им се враќа 15 отсто од пресметаниот ДДВ, на кој  фискална сметка скенираше и градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов. – Задоволство ми е да се приклучам во промоцијата на проектот „Мој ДДВ“ кој бележи одлични […]

Георгиевски: ВМРО-ДПМНЕ го блокира ребалансот на буџетот на Општина Гази Баба


Градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски на прес-конференција појасни дека развојните планови на општината се закочени поради тоа што еден месец не може да се донесе ребаланс на буџетот, поради опструкции од советниците на мнозинството. „Повеќето проекти кои што ги ветивме, се започнати, а дел се во завршна фаза“, рече Георгиевски, но не можат […]