ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов ќе го поднови директорот на Дрисла со три џипа


Петре Шилегов ќе го поднови директорот на Дрисла Коста Начевски со три нови џипа, кои се дел од јавната набавка од вкупно 13 милиони денари за набавка на нови возила, тврди советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

-Раководството на Дрисла не крие дека овие возила ќе се користат од раководната администрација и самиот директор.Значи наместо да се набави работна механизација и кипери, тие ќе набавуваат возила за удопства и луксузирање на раководството на ова градско претпријатие.

Додека Шилегов преку Дрисла набавува џипови, Македонија ја доживува најсериозната економска криза, и се повеќе луѓе живеат во сиромаштија.Ќе потсетиме дека Дрисла се најде во фокусот кога истиот директор Коста Начевски, инаку братучед на сопругата на генералниот секретар на владата Драги Рашковски, додели тендер на друг братучед на Рашковски.

Како советничка група во Градот Скопје бараме повлекување на одлуката за набавка на џипови и испитување на финансиското работење на Дрисла и Петре Шилегов, стои во реакцијата.