Skopje Design Week 2026: Скопје станува европска точка на средба на дизајнот, занаетчиството и новите креативни идеи


Од 21 до 27 ноември, Скопје повторно ќе стане регионална и меѓународна точка на средба на дизајнот, креативните индустрии и современите идеи. Тринаесеттото издание на Skopje Design Week, под темата „Crafting Tomorrow“, ќе ја отвори дискусијата за тоа како традиционалните знаења, занаетчиските техники и локалното наследство можат да станат основа за современи и одржливи дизајнерски […]

ЦУК: Нема повредени лица при запалените куќи на Бит-пазар, полицајци сѐ уште присутни на лице место


нема повредени лица во вчерашниот голем пожар во близина на Бит-пазар, каде изгореа три куќи и магацини. Огнот го зафатил покривот на една двокатна куќа и делови од уште две соседни куќи. На пожарот, настанат вчера во период од 17:20 до 20:20 часот, било интеренирано со седум противпожарни возила и 23 пожарникари на запалени објекти […]

Утре без струја, повеќе улици во Скопје


Поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре (10 ноември) повеќе потрошувачи во Скопје и околината ќе останат без електрична енергија. Прекини во снабдувањето се најавени на следните локации: Аеродром: дел од улицата „Тодор Чангов“, кај број 49, од 08:00 до 15:30 часот. Гази Баба – Сингелиќ: дел од улиците „Среќко Пужалка“, „Товарник“ и ТС Стрелиште Камник, […]

Делови од Скопје, утре, без вода


ЈП „Водовод и канализација“ известува дека утре со прекин во водоснабдувањето ќе бидат дел од корисниците на Чаир и Гази Баба. Оттаму информираат дека поради изведување на водоводен приклучок Ф250 на Ф125 милиметри на улица „Ферид Заири3, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од дел од улицата „Џон Кенеди3 и со намален притисок ќе остане […]

Пожар во магацин кај Бит Пазар во Скопје – гасат шест противпожарни возила


Пожар избувнал во објект кој се користи како куќа и магацин во близина на Бит Пазар во Скопје. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека на терен се екипи на Противпожарната бригада на Град Скопје, кои интервенираат со шест противпожарни возила. „Во близина на Бит Пазар гори куќа, односно магацин, а во моментов […]

Бужаровска: Скандалозно е Карпош да избира мис во време на семејно насилство


Писателката и професорка Румена Бужаровска ја критикуваше одлуката на Општина Карпош и градоначалникот Сотир Лукровски за организирање избор за „Мис Карпош“  на 28 ноември како завршница на јубилејот 50 години од постоењето на општината. Таа оцени дека ваквата манифестација е недозволива во период кога јавноста протестира против фемицидите и насилството врз жените. „Вчера во Скопје […]

Карпош доделува по 5.000 денари на лица со попреченост – аплицирајте!


Општина Карпош објавува Јавен повик за доделување на еднократна парична помош во висина од 5.000 денари, по повод 3 декември – Денот на лицата со попреченост. Оваа иницијатива произлегува согласно програмските активности на Општина Карпош од областа на детската, социјалната и здравствената заштита за 2026 година. Повикот е временски ограничен и ќе трае од денеска, […]

Бени Шаќири од директор на МКЦ станува советник на Ѓорѓиевски во Град Скопје


  Поранешниот портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски е новопоставен директор на Младинскиот културен центар, објави Левица во петокот на 6-ти ноември. Денес таквата информација беше потврдена откако досегашниот директор Бени Шаќири поднесе оставка. Тој беше назначен за директор во јануари 2024 од тогашната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска. МКЦ има нов директор? Шаќири објави фотографија […]

Релативно топло со повремен локален дожд до сабота, од недела заладување и стабилизирање на времето


Времето до сабота ќе биде релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. Поради продор на постудена воздушна маса од север, в недела ќе има заладување и стабилизирање.  Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, во наредните денови по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.  Ќе дува слаб до умерен, а […]

Живот со помалку отпад: Практични совети за идните екоамбасадори


За да живеете почист и поздрав живот, не мора да го превртите животот наопаку. Малите, но редовни еко активности можат да ви помогнат не само да го одржите чист домот, дворот или влезот од зградата, туку и да се чувствувате подобро со себеси бидејќи придонесувате на позитивен начин кон заедницата. Нашата редакција заедно со Пакомак […]

По Град Скопје и Ѓорче ги ослободува младите што сакаат да градат од комуналии


Откако Град Скопје ги ослободи младите брачни парови до 40 години од плаќање на делот од надоместокот за уредување на градежното земјиште што му припаѓа на Градот, при изградба на нивната прва семејна куќа, слична најава стигнува и од општина Ѓорче Петров. Градоначалникот, Александар Стојкоски, изјави дека на наредната седница на Советот на Општината ќе […]

Пајакот кренал 143 непрописно паркирани возила на територијата на Општина Центар


ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје со помош на специјалните возила „Пајак“ санкционирале 143 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. Оттаму посочуваат дека ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка. Воедно апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и […]

Без вода улиците „Никола Парапунов“ и „Разловачко Востание“ во Карпош


Без вода денеска од 09:00 часот ќе бидат корисниците од улиците „Никола Парапунов“ и „Разловачко Востание“ во Општина Карпош. Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, водоснабдувањето е прекинато поради санирање на затварач (шибер) Ф80мм. на улица „Никола Парапунов“ раскрсница со „Разловачко Востание“.

Без струја утре делови од Белимбегово, Чаир, Карпош и Гази Баба


Делови од Белимбегово, Чаир, Карпош и Гази Баба утре ќе останат времено без електрична енергија.  Центарот за управување со кризи повикувајќи се на инфромација од ЕВН Македонија информира дека од 08:30 до 11:15 часот без струја ќе биде дел од Белимбегово кај мостот поради работа во ТС Белимбегово. Поради активности во ТС Чаир без струја […]

„Ниту една не требаше да биде вест, сите требаше да се живи“ – најсилната порака на протестот за Биљана (галерија)


„Ниту една не требаше да биде вест, сите требаше да се живи“ беше најсилната порака на транспарентите, што денеска можеа да се прочитаат на маршот организиран по повод смртта на Биљана Кириќ од Богданци, запалена во автомобилот од момчето со кое била во врска, а кој се обесил недалеку од таму. Протестот беше организиран како […]

Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ што ги поврзува Аеродром и Гази Баба наскоро во функција


Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека мостот „Генерал Михајло Апостолски“, кој ги поврзува Аеродром и Гази Баба,  наскоро ќе биде ставен во функција, посочувајќи дека веќе се асфалтираат пристапните улици и се финализираат активностите за негово поврзување со сообраќајната мрежа. -Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ наскоро во функција – зборот е збор! Ветив дека во […]

Одбележани 130 години од изградбата на храмот „Свети великомаченик Димитриј“ во Скопје


Со свечени богослужби и академија е одбележана 130-годишнината од изградбата на храмот „Свети великомаченик Димитриј“ во Скопје и денешниот празник посветен на светиот великомаченик Димитриј, кој се чествува утрово со  божествена литургија, со која ќе  чиноначалствува архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан,  По синоќешната свечена академија по повод јубилејот од изградбата на некогашниот  Соборен храм […]

Официјално светна Камениот мост


Со донација од Турција, од вечерва официјално осветлен е Камениот мост во Скопје.   Вечерва, градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски заедно со градоначалникот на Општина Есенлер, Турција, мојот колега Мехмет Тевфик Гоксу, свечено го пушти во употреба новото декоративно и архитектонско осветлување на Камениот мост, во присуство на амбасадорот на Турција, Н.Е. Алпер Акташ, извршниот […]

По фемицидот во Богданци, граѓански протест во Скопје: „Ниту една повеќе!“


Граѓански протест против фемицидите, институционалното насилство и неказнивоста ќе се одржи во недела, на 8 ноември, со почеток во 12 часот во паркот „Жена Борец“ во Скопје, објави 4news.mk Протестот го организира неформалната иницијатива „Ниту една повеќе!“, составена од активистки и активисти, по последниот случај на фемицид во Богданци, каде животот го загуби 17-годишната Билјана […]

Средното „Димитар Влахов“ доби современо уреден фризерско-козметички кабинет


Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска го пушти во употреба современо опремениот фризерско-козметички кабинет наменет за средното училиште на Град Скопје „Димитар Влахов“. Кабинетот располага со 6 фризерски работни места, 2 берберски, 2 позиции за шминкање, како и опрема за маникир и козметички третмани, простор во кој талентот ќе се развива, знаењето ќе се […]