Пет станбени згради во Скопје повеќе од 19 часа без струја: Без греење, без лифт – жителите револтирани


  Пет станбени згради во Скопје, кај „Мерцедес“ на улицата „Индустриска 1“, повеќе од 19 часа се без електрична енергија. Прекинот започнал вчера околу 13 часот, а жителите и утрово се без струја, без прецизна информација кога ќе биде отстранет дефектот. Според жителите, проблемот бил пријавен во ЕВН веднаш по прекинот во средата, 11 ноември. […]

Без вода делови од Карпош и од Гази Баба


Без вода денеска од 8:30 часот до завршување на работните активности ќе бидат дел од корисниците на улиците „Никола Парапунов“ и „Разловачко Востание“ во општина Карпош. Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека прекинот во водоснабдувањето е поради замена на затворач (шибер) Ф-80 милиметри на крстосницата меѓу улиците „Никола Парапунов“ и „Разловачко Востание“.  Без вода […]

Облачно и топло со утринска магла


Во земјава денеска ќе се задржи променливо облачно и релативно топло време. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од 6 до 12, а максималните ќе достигнат од 17 до 21 степен. Во Скопје, времето ќе биде […]

За еден месец ќе проработи жичницата до Водно – се чека моторот


Ја обновуваме жичницата, Скопје повторно ќе ужива во својот најубав поглед! – ветува скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, откако ја затвори во мај, годинава.   Жичницата е едно од омилените скопски доживувања. Таа нѐ носи поблиску до природата и до глетката што секогаш нѐ потсетува колку е убав нашиот град, романтичен е градоначалникот, но потсетува дека […]

Четири малолетнички ќе одат во воспитно-поправен дом за насилството врз 13-годишно девојче во Ѓорче Петров


Четирите малолетнички против кои се водеше постапка за насилството врз 13-годишно девојче во Ѓорче Петров добија мерка упатување во воспитно-поправен дом. ​ На првообвинетата малолетничка ѝ е изречена мерка во траење од една година, додека за останатите три е определен престој од по осум месеци. Од Кривичниот суд потврдија дека одлуката сè уште не е […]

Ѓорѓиевски: И денеска оставивме пример, а не ѓубре


Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска на Водно заедно со учениците, волонтерите и младите, ја продолжија големата еко-акција за расчистување на Скопје. – Повеќе од 30.000 вредни луѓе повторно се обединија во најмасовната акција за расчистување на Скопје. На повеќе од 50 локации покажавме колкава сила има еден град кога неговите луѓе ќе се […]

Комуналните редари од денеска стартуваат во општина Бутел


Од денеска, на територијата на цела Општина Бутел, официјално започнуваат со работа комунални редари, информира градоначалникот Дарко Костовски. „Униформирани и опремени со службено возило, комуналните редари секојдневно ќе бидат присутни на терен, во сите населени места во нашата општина“, истакна Костовски. Тој посочи дека нивната задача ќе биде да се грижат за комуналниот ред, јавната чистота, […]

Пад на продажбата на станови, но затоа за 45 отсто зголемени закупите


Податоците во третиот квартал од 2026 година покажуваат дека пазарот на недвижности во нашата држава и понатаму бележи значителна економска активност, но со намалена динамика кај купопродажбите. Во овој период се регистрирани 7.679 трансакции, што претставува намалување од 8,2 % во споредба со претходниот квартал. Забележан е пад на бројот на купопродажби од 12,1 % […]

Герасимовски: 149 млади центарци добија по 10.000 денари за возачка дозвола


Општина Центар и оваа година финансиски им помага на младите да се стекнат со возачка дозвола. Од почетокот на годината до крајот на октомври, вкупно 149 центарци добија по 10.000 денари субвенција за обука и полагање за возачка дозвола Б-категорија. Градоначалникот Горан Герасимовски изрази задоволство од интересот за мерката и ги повика младите кои ги […]

Најтопло утрово во Демир Капија и Претор, најстудено во Берово и на Попова Шапка


 Најтопло утрово е во Демир Капија и Претор, а најстудено во Берово и на Попова Шапка, според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи. До 8:30 часот, најниска температура, 5 Целзиусови степени, е регистрирана во Берово, Попова Шапка, 6 во Крива Паланка, Битола, Виница и Лазарополе, 7 во Тетово, Прилеп, Штип, Куманово, Кавадарци и Струмица, 8 […]

Самостојна изложба „Криза“ на Андреј Антевски во КИЦ


Во изложбениот салон „Империјал 2“ при Културно-информативниот центар – Скопје ќе биде отворена самостојната изложба на слики насловена „Криза“ од ликовниот уметник Андреј Антевски, добитник на наградата „Борко Лазески“ за 2025 година. Изложбата, која ќе биде поставена до 22 ноември, преку ликовниот израз ги преиспитува современите општествени состојби, транзициските предизвици, институционалното распаѓање и социјалната исцрпеност. […]

Во МКЦ почнува есенското издание на Перформанс Платформа фестивал 2026


Со презентација на процесот од истражувачката резиденција „Другиот споменик“ вечерва во Младинскиот културен центар (МКЦ) започнува есенското издание на Перформанс Платформа фестивалот (ППф) 2026. Како што соопштуваат организаторите, овогодишното есенско издание, кое се одвива во време на социополитички предизвици, е фокусирано на отворање простор за алтернативни и критички гледишта преку уметноста. Политиката на фестивалот се […]

Жителите на две скопски општини утре без струја, прекините започнуваат рано наутро


Дел од жителите на Аеродром и Чаир утре, 11 ноември, ќе останат без електрична енергија поради планирани технички интервенции. Во општина Аеродром, без струја од 08:00 до 15:30 часот ќе бидат корисниците на улицата „Тодор Чангов“ бр. 49. Во општина Чаир, прекин на електричната енергија ќе има од 08:30 до 11:15 часот за потрошувачите на […]

Утре, уште една акција за чистење на Скопје: „Остави пример – не ѓубре!“


Да оставиме пример, не ѓубре – продолжуваме и оваа среда!, најави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски на социјалните медиуми.   – Силата на Скопје е во неговите луѓе. Во рацете што чистат и во решителноста зад себе да оставиме поубав град! Утре, во 11:00 часот, повторно се обединуваме во најголемата еко-акција! Илјадници волонтери, на повеќе […]

Катастар на оџаци, електрични автобуси, проширување на парното – стари мерки во нов план за почист воздух во Скопје


Изработка на катастар на оџаци, во кој ќе влезат сите локации каде има емисии на загадувачки супстанци во воздухот од индустријата, но и од домаќинствата е една од новите мерки кои ги предвидува Нацрт планот за подобрување на квалитетот на воздухот во Скопје. Во него се препорачуваат и веќе познатите мерки за зголемување на опфатот […]

Поставен контејнер за собирање текстил пред ООУ „Коле Неделковски“ во Центар


Општина Центар, во соработка со лиценцираната компанија  „Еко-текс груп“,  почна со поставување специјализирани контејнери за селекција на текстилен отпад,  пред основните училишта и детските градинки. „Првиот контејнер за текстилен отпад го поставивме пред ООУ „Коле Неделковски“. Преку ваквите иницијативи ги учиме децата, но и возрасните, да се однесуваат општествено и еколошки одговорно. Со едукација за […]

Во завршна фаза есенската дератизација во Општина Кисела Вода, опфатени над 2.000 шахти


Во завршна фаза е редовната есенска дератизација на територијата на Општина Кисела Вода, при што досега се опфатени над 2.000 шахти во речиси сите месни и урбани заедници. Активностите ги спроведува специјализираната компанија „Токсивет“, а за целосно завршување на акцијата останува уште урбаната заедница Бирарија, каде што екипите ќе работат утре. Со дератизацијата се врши […]

Од 15 ноември задолжително поседување на зимска опрема


Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека од 15 ноември до 15 март, согласно одребите од „Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата“(Сл.весник на Р.М. бр. 169/15, 226/15, 55/16, 11/18, 83/18, 191/18, 70/19 и 98/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 302/20, 122/21, 33/24, 208/24, 193/25, 258/25, 58/26, 79/26 и 148/26), возилата […]

Аеродром и УНДП даваат пари за граѓански здруженија за здравје, животна средина, лица со попреченост и дигитална трансформација


Општина Аеродром, во партнерство со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), објавува Јавен повик за граѓанските организации во рамките на регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 3 (ReLOaD3). Програмата претставува продолжение на партнерството меѓу Европската Унија и УНДП, надоврзувајќи се на претходните иницијативи ReLOaD1 и ReLOaD2, спроведени во периодот од 2017 до […]

„Лајка“ лани заловила и третирала 75 отсто повеќе кучиња од претходната година


Бележиме значителен раст на оперативните резултати во 2026 година, со најизразено зголемување во периодот од април до октомври, кога бројот на заловени и третирани кучиња е зголемен за над 75% во споредба со истиот период минатата година. Во првите десет месеци од 2026 година, претпријатието има реализирано вкупно 1.285 заловувања, 1.084 ветеринарни третмани и 310 […]