Ќе се обнувува плочникот кај Зелен пазар со ново зеленило


Ново зеленило и реконструкција на плочникот кај Зеленото пазарче најави градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски во утринското гостување на МРТВ. Тој во линковско вклучување од Зелениот пазар рече дека општината изработува проект за разубавување со нови зелени површини на места каде сеуште повремено стојат дивите препродавачи и заменување на искршените плочки на дотраениот плочник.  […]

Без вода населба Пролет


ЈП „Водовод и канализација“–Скопје известува дека денеска од 9 часот,без вода ќе бидат корисниците од населбата Пролет. Водоснабдувањето ќе биде прекинато поради дефект на приклучна водоводна цевка Ф5/4 на улица „Цицо Поповиќ“ 3. Корисниците ќе бидат без вода од 09:00 часот до завршување на дефектот. 

Општина Л-Исла од Малта ќе се збратими со општините Чаир и Сарај


Општините Чаир и Сарај денеска ќе потпишат договор за збратимување со Општина Л-Исла од Малта. Како што информираат од Општина Чаир,  на потпишувањето на договорите ќе присуствуваат градоначалникот на Општина Л-Исла, Кливе Пулис, како и градоначалниците на скопските општини, Висар Ганиу и Блерим Беџети. 

Утре без струја и вода делови од неколку скопски населби


Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека, поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, на ден 24.03.2023 година (петок), без електрична енергија ќе останат: од 08:30 до 11:00 часот, корисниците од дел од ул. 1558 во нас. Радишани. (Општина Бутел) од 09:00 до 13:00 […]

Град Скопје и Измир од денеска се збратимени градови


Делегација од Град Скопје денеска е во службена посета на градот Измир, Република Турција, каде е одржана работна средба со градоначалникот Мустафа Тунч Сојер и е потпишан протокол за збратимување помеѓу Скопје и Измир. -Со градоначалникот на Измир, со кој денеска потпишавме протокол за збратимување, истакнавме подготвеност за зајакнување на меѓусебните пријателски релации и соработка […]

Поради дефекти без вода корисниците од неколку скопски улици


Поради два улични дефекта на водовдна цевка ф100мм. на улица „Модест Мусоргски“ раскрсница со „Лајош Кушут“ прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Модест Мусоргски“, „Андри Барбис“, „Карл Либнехт“ и дел од „Карл Хрон“. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје водоснабдувањето ќе биде прекинато од 15.30 часот до завршување на санацијата на […]

ТД „Енергија Центар“ од вчера регистрирано во Централниот регистар


Општина Центар вчера во Централниот регистар го регистрираше трговското друштво за производство и продажба на електрична енергија од обновливи извори „Енергија Центар“ и со тоа општината и официјално го доби второто општинско јавно претпријатие. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски му се заблагодари и на помошник директорот за финансии на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, […]

Без струја утре дел од општините Ѓорче Петров и Илинден


Без електрична енергија утре ќе останат дел од општините Ѓорче Петров и Илинден. Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи Град Скопје,  утре во периодот од 10:30 до 15:15 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците од ул.„Воин Драшкоци“, „Лихнида“, а можно е и дел од корисниците на ул. „Александар Мартулков“ и […]

Утре без вода дел од ул. „Митрополит Тедосиј Гологанов“ и бул.„Свети Климент Охридски“


Поради промена на против пожарен хидрант ф 80 мм на улица „Митрополит Тедосиј Гологанов“ бб, утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од „Митрополит Тедосиј Гологанов“ и дел од булевар „Свети Климент Охридски“. Прекинот со водоснабдувањето, како што информират од ЈП Водовод и Kанализација-Скопје, ќе биде од 9:00 часот до завршување со активностите. 

Новата велосипедска патека на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ претворена во паркинг


Булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ доби нова велосипедска патека, која веднаш беше „пренаменета“ во бесплатен паркинг од страна на возачите на автомобили. – Имајќи ги предвид досегашните искуства со постоечките вело ленти во градов (бул. „Св. Климент Охридски“, Центар, ул. „Московска“, Тафталиџе, ул. „Борис Сарафов“, Ѓорче Петров и други), кои поради големиот простор помеѓу две заштитни […]

Герасимовски: Трикратно зголемени градежните инспекциски контроли


Градежните инспекторски служби и градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски денеска во обиколка на градилиштата во општината. Во изминатиот период Општина Центар спроведува зачестени инспекторски контроли, а според извештајот на градежниот инспекторат за изминатиот месец и половина изречени се 37 записници за инспекторски надзори, 10 решенија за отстранување, 10 заклучоци за дозвола за извршување како […]

Арсовска: Почнува постапката за изградба на новиот Луна парк


Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска најави дека почнува постапката за изградба на новиот Луна парк. – Од претходното раководство беше почнато со изработка на проект, ние како што кажавме, ништо од она што било отпочнато да се прави, нема да го прекинеме. Го прифативме самиот проект. Проектот беше во завршна реализација и беше […]

На последниот повик од Град Скопје, се пријавиле приватни превозници


Откако  пропаднаа два огласи за приватните превозници во Град Скопје, овојпат, има пријавени, потврди скопската градоначалничка Данела Арсовска. Таа не кажа колку приватни превозници се пријавени, но рече дека ќе почекаат до истекот на рокот за да видат колку вкупно апликации ќе има, доколку некој аплицирал по пошта. „Да, тие се пријавија. Ќе го причекаме […]

Се собраа 200 милиони евра за пречистителната станица во Скопје, изградбата никако да почне


  Денеска се потпиша договор меѓу Македонија и Европската инвестициона банка за 70 милиони евра грант за изградба на пречистителната станица во Скопје. Со ова, за пречистителната станица во Скопје обезбедени се повеќе од 200 милиони евра, а таа стои неизградена затоа што Град Скопје, никако не може да избере изведувач и надзор на градежните […]

Потпишување грант за пречистителна станица за отпадни води (во живо)


Обраќање на вицепремиерот европски прашања Бојан Маричиќ, министерот за финансии Фатмир Бесими, министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, евроамбасадорот Дејвид Гир и заменик претседателката на ЕИБ Лилјана Павлова по повод потпишување Договор за грант од ЕУ со ЕИБ за пречистителна станица за отпадни води во Скопје.  

Гази Баба доделува субвенции за е-тротинети


Објавен е Јавен за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на Општина Гази Баба за купување на електрични тротинети во 2023 година.   „Општина Гази Баба, со цел да ги стимулира жителите од својата општина за користење на електричен тротинет, на граѓаните кои ќе купат нов електричен тротинет во Република Македонија во период од денот на […]

„Цел Центар на точак“, започнува проектот за субвенции за велосипеди, е-велосипеди и е-тротинети


Општина Центар го објави Јавниот повик со кој го започнува проектот „Цел Центар на точак“, за субвенционирање на 30 отсто од цената за купување нов велосипед, електричен велосипед и електричен тротинет.  Секој полнолетен жител на Општина Центар што ќе купи велосипед, е-велосипед или е-тротинет ќе може да добие субвенција до 3.000 денари. За доделување на […]

Арсовска не ги решава инфраструктурните проблеми на претприемачите од индустриската зона „Визбегово“


Претседателот на Индустриската зона „Визбегово“ и потпретседател на СКСЗМ, Нухи Алиу посочи дека зоната со повеќе од 5.000 вработени генерира годишен приход од преку 800 милиони евра, има преку 40 милиони евра годишен профит и учествува со 7,5 отсто во БДП на државата, а се соочува со огромни инфраструктурни проблеми, иако профитот што го остварува […]

Кисела Вода бара членови на управен и надзорен одбор за ЈП за стопанисување со спортски објекти


Општина Кисела Вода објавува jавен повик број за пријавување на заинтересирани лица за избор на членови во управен одбор и надзорен одбор за контрола на материјално-финансиско работење на Јавното претпријатие за стопанисување со спортски сали и спортски објекти Кисела Вода КВ Скопје. Со цел транспарентно и ефикасно работење на ЈП Кисела Вода КВ Скопје, Општина […]

Изречени казни од 12.500 евра за градилиштето зад Универзалната сала


Градежен инспектор од Секторот за инспекциски работи на Општина Центар денеска изрече пет казни на инвеститорот „Бинјапи Инжинеринг“ и изведувачот „Арадико Коп ДООЕЛ увоз извоз“, во вкупен износ од 12.500 евра во денарска противвредност, за небезбедното градилиште. Ова градилиште неколку пати беше затворено од градежната инспекција, но инвеститорот на своја рака ги отстрануваше заштитните инспекциски […]