Признанија за 29 матуранти првенци од училиштата на Град Скопје


Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска денеска им додели признанија и парични награди на 29 матуранти првенци на генерацијата од 23 скопски средни училишта на традиционалната манифестација „Средба на првиот со најдобрите“, што се одржа во кино „Фросина“ во Младинскиот културен центар.  Се работи за матуранти со најдобар успех од генерацијата 2020-2023, 2019-2023 и првенци на […]

Арсовска: Мостот „Беласица“ може да биде пуштен за пешаци, велосипедисти и една лента, но не сакаме да ризикуваме!


Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска истакна дека според прелиминарните резултати мостот „Беласица“ може да биде пуштен за пешаци, велосипедисти и една лента. Сепак, како што вели, не сакаат да ризикуваат. „За 20 дена се очекува да заврши експертизата и тогаш ќе се знае подетално каква интервенција треба“, порача Арсовска.

Зимата беше топла – пониски сметки за парно на порамнувањето


Грејната сезона 2022/2023 започна на 15 октомври, но поради надворешните временски услови траеше подолго од вообичаеното, односно беше продолжена до 28 април. Иако изминатата грејна сезона траеше девет дена подолго од вообичаеното, сепак просечните надворешни температури во некои месеци беа значително повисоки од прогнозираните кои се користат во пресметката на авансните фактури. Токму затоа најголем […]

Привремено преместена полициската станица во Аеродром


Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Полициската станица Аеродром е привремено преместена во скопската населба Лисиче на ул. „Димитар Туриманџовски“ бр. 1. Преместувањето е направено затоа што на местото на стариот објект ќе се изгради нов објект на полициската станица, во склоп на проектот за обезбедување подобри услови за работа на полициските службеници, […]

Гастрономски настан „Вкуси ја Франција“ во Градски парк


Гастрономски настан „Вкуси ја Франција“ ќе се одржи в сабота, 10 јуни, со почеток во 12 часот, во Градски парк – Школка. Настанот ќе го отворат Данела Арсовска, градоначалничка на Скопје и Сирил Бомгартнер, амбасадор на Франција.Овој настан е од отворен карактер и има за цел да ја доближи француската гастрономија до домашната публика преку […]

Град Скопје доделува субвенции за купен велосипед


Ве известуваме дека од денес 08.06.2023 година (четврток) на официјалната веб страна на Град Скопје објавен е јавен повик за субвенционирање на граѓаните на град Скопје за купување велосипеди за 2023 година.   Право на аплицирање имаат граѓаните на градот Скопје кои имаат купено велосипед од 01.01.2023 година и ќе поднесат барање за надоместување на […]

Поради дефект без вода дел од корисниците од булеварот „Јане Сандански“


Поради дефект на затворач од Ф-80 мм на булевар „Јане Сандански“ бр. 103 во населба Аеродром, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од број 83 до 107 на Булеварот и Градинката. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:30 часот до санирање на дефектот. 

Арсовска ќе им додели награди на матурантите – првенци на генерација


Под покровителство на градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денеска во Младинскиот културен центар – Кино „Фросина“ ќе се одржи традиционалната манифестација „Средба на првиот со најдобрите“.  Арсовска ќе им врачи специјални признанија и парични награди на 29 матуранти – првенци на генерацијата 2020-2023, 2019-2023 и првенци на генерација за особени постигнувања и резултати во […]

Без струја утре ул. „Осло“ во Карпош и села во Чучер Сандево и Бутел


Поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа утре од 9 до 13 часот без електрична енергија ќе останат дел од корисниците на Осло, од страната кон „Реплек“, во општина Карпош.  Од Регионалниот центар за управување со кризи – Град Скопје најавија дека утре од 9 до 14 часот ќе немаат струја и корисниците од селата […]

Општина Бутел, освен ранец и прибор за првачињата, ќе обезбеди и бесплатни униформи за сите ученици


За прв пат Општина Бутел ќе обезбеди униформа за секој ученик од општинските основни училишта. Средствата се обезбедени од буџетот на Општина Бутел. – Ова е уште една мерка во низата мерки кои се превземени во изминатиот период се со цел да се овозможат подобри и еднакви услови за сите. Соочувајќи се со енормните поскапувања, зголемените […]

Во Чаир промовиран паркот „Украина“


Во близина на општинската зграда во Чаир денеска беше промовиран паркот „Украина“. Како што информираат од општината, со промоцијата на паркот ја изразуваат својата поддршка за Украина. – Со промоцијата на паркот „Украина“ ја пренесовме пораката дека секогаш ќе бидеме со Украина и со украинскиот народ, исто како и нашите пријатели – Европската Унија и […]

Еко автобуска постојка од која што се земаат пакетчиња со семиња во Општина Карпош


Нова еко автобуска постојка со зелен и воедно одржлив покрив доби градот Скопје од страна на Халкбанк АД Скопје во рамките на заложбите и активностите на банката за заштита и зачувување на животната средина, а кои што се реализираат преку платформата ХалкЕко. Новата зелeна постојка е лоцирана во Општина Карпош, спроти поранешната фабрика Алумина и […]

Скопје уникатен пример за создавање на нови градови преку промоција на светската солидарност


Скопје стана уникатен пример каде што Обединетите Нации го препознаа тој момент по разурнувањата од земјотресот и ги поканија светските архитекти и урбанисти во тоа време да се приклучат и да овозможат градот да биде прво современ и модерен, меѓутоа исто така да стане и пример како може преку промоција на концептите на светска солидарност […]

„Остави го телефонот и ајде на маалски игри без граници“, во петок, во пакот „Авионче“


Со цел популаризација на маалските игри, поголема социјализација на децата и едукација за важноста од физичката активност викендов го организираме настанот „Маалски игри без граници“. Овој петок (9 јуни) во периодот од 17:00 до 20:00 часот паркот „Авионче“ во Општина Аеродром ќе биде претворен во големо игралиште каде децата и младите ќе можат да се […]

„Рециклирана топка“ – партиципативен уметнички проект на Сесилија (Ци) Мартенс и Холгер Маик Мертин


Акција за тркалање на „Рециклирана топка“ кој е партиципативен уметнички проект инициран од авторите Сесилија (Ци) Мартенс и Холгер Маик Мертин ќе се одржи денеска во Скопје.  Тие изминативе години заедно работат под слоганот Two artists one planet и се на постојано патување од Јужна Африка преку Европа до Индија, а во моментов се на […]

Поранешната „Славија“ во Пржино ќе прерасне во современ спортски комплекс


Жителите на населбата Пржино ќе добијат модерен спортски центар на местото од поранешното спортско игралиште „Славија“, соопшти денеска градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски. Како што информира Општина Кисела Вода, Ѓорѓиевски присуствуваше на почетните градежни зафати на оваа локација со површина од 1350 квадратни метри, каде ќе се изведуваат тениско, фудбалско и кошаркарско игралиште, […]

Управен суд пресуди – Арсовска незаконски го назначила Алексов за директор на МКЦ


Незаконско е решението за назначување на дипломираниот детектив Никола Алексов за в.д. директор на МКЦ, утврди Управниот суд. Од Градот Скопје побара да го поништи решението. Но, Алексов и натаму си доаѓа на работа велат вработените. Од Градот нема одговор дали ќе ја спроведат судската одлука. Управниот суд донесе пресуда со која го поништува решението […]

Авионско прскање против возрасни форми на комарци во Скопје утре и задутре


Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 7 и на 8 јуни 2023 година (среда и четврток), во раните утрински часови ќе се реализира втората фаза од авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против возрасни форми на комарци. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога […]

Преку Уставен суд Сојузот бара сите средношколци да имаат бесплатен јавен превоз


Сојузот на средношколци денеска поднесе иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста и законитоста на членот 41 а од Законот за средното образование. Претседателот на Сојузот на средношколци Лука Павиќевиќ на денешната прес-конференција посочи дека тие предлагаат законски измени кои се однесуваат на правото на бесплатен и праведен јавен превоз за сите средношколци. -Јавноста […]

Без вода дел од корисниците на булевар „АСНОМ“


– Поради дефект на затварач на приклучна цевка, без вода од 10 часот се корисниците од бр 84 до бр 118 на булевар „АСНОМ“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на интервенцијата, информира ЈП Водовод и канализација – Скопје.