Се модернизира улицата „Модест Мусоргски“ во Гази Баба


Улицата „Модест Мусоргски“ во Триангла добива нов урбан и модерен лик.

– За кратко од денес започнува целосна реконструкција и ревитализација на улицата Модест Мусоргски во Триангла. Оваа улица е изградена по земјотресот во 1963 година и по 60 години истата ќе добие нов модерен и урбан лик – напиша градоначалникот Бобан Стефковски на Фејсбук.

Со реализација на овој проект се предвидува асфалтирање на коловозот и изградба на пешачки патеки со павер елементи од двете страни на улицата.

Вредноста на договорот е 4.000.000 денари, средства определени од буџетот на општина Гази Баба.

Постапката за избор на економски оператор е завршена и за многу скоро од денес ќе започнат градежните активности на терен.

Патната инфраструктура е важен елемент кој влијае врз безбедноста на патниот сообраќај и поради тоа како локална самоуправа реализираме голем број на проекти во функција на подобрување на патната инфраструктура во сите населени места низ општина Гази Баба.