Генерално чистење на кејот на реката Вардар


Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ започнаа акција за генерално чистење на кејот на реката Вардар. -За време на изминатиов викенд, активностите се одвиваа на потегот од Камениот мост на плоштадот Македонија до пешачкиот мост во непосредна близина на Владата, каде што беше извршено подигнување на ситните отпадоци, отстранување на непотребното зеленило со помош на тример …

Генерално чистење на кејот на реката Вардар Read More »

Герасимовски: Тој што критикува имал 3,5 години да го смени ДУП-от за „Треска“


„Зошто некој донел мораториум и не го подобрил ДУП за „Треска“ и потрошил 3,5 години без да најде подобро урбанистичко решение“, праша градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски во утринска на Телма. Герасимовски ги искритикува дел од Советниците во општинскиот совет кои обвинуваат за бетонизација на просторот на поранешната фабрика Треска.  „Во тие 3 години …

Герасимовски: Тој што критикува имал 3,5 години да го смени ДУП-от за „Треска“ Read More »

Без вода селата Глумово, Шишево и Матка


ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од селата Глумово, Шишево и Матка поради дефект на водоводна цевка Ф200 милиметри на улица 1 во Глумово кај гробиштата. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:15 часот до завршување на дефектот. 

Ѓубре имаме и за извоз: Екоактивисти го чистеа скопското Кале


Активисти од еколошкото движење „За почиста Македнија“ и волонтери од странство организираа акција за чистење на скопското Кале. Волонтерката од Финска, Катарина Вејо не го криеше разочарувањето за состојбата во која се наоѓа скопското Кале и вели дека загадувањето во Македонија е на многу високо ниво. Марко Гапо од движењето „За почиста Македонија“ вели дека …

Ѓубре имаме и за извоз: Екоактивисти го чистеа скопското Кале Read More »

Општина Гази Баба доделува субвенции за купување на велосипеди


Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски на својата официјална страна на Фејсбук ги информираше граѓаните дека општината доделува субвенции за купување на велосипеди. – Почитувани граѓани, објавивме јавен повик за субвенционирање на граѓаните на општина Гази Баба за купување на велосипед за 2023 година. Оваа мерка ја реализираме со цел да ги стимулираме граѓаните …

Општина Гази Баба доделува субвенции за купување на велосипеди Read More »

СДСМ бара Муцунски да го повлече спорниот ДУП за бетонизација на Лисиче


Случајот „Парцели во Лисиче“ останува во фокусот на интересот на граѓаните во Аеродром. Поминаа точно 10 дена откако заврши јавната анкета преку која граѓаните му порачаа на Тимчо Муцунски дека се против изградбата на 9 висококатници на влезот на населбата Лисиче, рече на денешната прес конференција Милутин Ристески, координатор на советничката група на СДСМ и …

СДСМ бара Муцунски да го повлече спорниот ДУП за бетонизација на Лисиче Read More »

Се мереле вредности на бучава во локали во Центар, казните до 13.000 евра


Општина Центар продолжува со контроли за мерење на бучава и гласна музика во рестораните, кафе баровите и кафеаните на територија на Општина Центар. Во координирана акција која ја придружуваше и градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, Секторот за инспекциски работи при Општина Центар преку Инспекцијата за животна средина и Комуналната инспекција вчера вечер во доцните …

Се мереле вредности на бучава во локали во Центар, казните до 13.000 евра Read More »

Сообраќаен режим во центарот на Скопје поради реконструкција на ул. „Даме Груев“


ЈП Улици и патишта-Скопје информира дека денеска и утре од 8 до 15 часот привремено ќе има режим на сообраќај во дел од центарот на Скопје поради реконструкција на коловозот на улицата „Даме Груев“ односно машинско гребење на оштетениот асфалт. Како што соопшти претпријатието, привремениот режим на сообраќај ќе биде воведен на ул. „Даме Груев“ …

Сообраќаен режим во центарот на Скопје поради реконструкција на ул. „Даме Груев“ Read More »

Бесплатен паркинг на дел од паркиралиштата во Скопје


Јавните паркиралишта Народен фронт, АМСМ, Дом на печат, ЗОИЛ, Тутунски комбинат и 8-ми Септември, денеска на празникот Рамазан Бајрам ќе бидат слободни за паркирање, односно нема да се врши наплата, информира ЈП „Градски паркинг“ – Скопје. Јавните површини наменети за паркирање (зонските паркиралишта), исто така ќе бидат слободни за паркирање – без наплата. Јавните паркиралишта, …

Бесплатен паркинг на дел од паркиралиштата во Скопје Read More »

Град Скопје треба да експроприра 285 имоти за продолжување на булеварот „АСНОМ“


Град Скопје соопшти дека нивни екипи активно работат на терен со цел расчистување на трасата од објекти кои се наоѓаат на трасата за продолжување на булеварот „АСНОМ“ низ Керамидница. Од Град Скопје посочуваат дека на трасата за новиот булевар кој е продолжение на мостот, се наоѓаат вкупно 285 имоти и објекти кои се експроприраат. -Интензивно …

Град Скопје треба да експроприра 285 имоти за продолжување на булеварот „АСНОМ“ Read More »

Договорот за надзор и градба на пречистителна станица во Скопје се конечно потпишани


Договорите за надзор и за градба на пречистителна станица во Скопје се конечно потпишани, што значи дека со воведување на работа на изведувачот и надзорот ќе можат да започнат работите на нејзината изградба, информира денеска министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова. Таа на денешниот настан одржан по повод Денот на планетата Земја, …

Договорот за надзор и градба на пречистителна станица во Скопје се конечно потпишани Read More »

Се санира плочникот на плоштад и на улица „Македонија“


Екипи на јавното претпријатие „Улици и патишта“ по налог на Град Скопје интензивно работат на санација на плочникот на улица „Македонија“ на потегот од крстосницата со улица „Димитрија Чуповски“ до крстосницата со улица „Даме Груев“ во центарот на градот. Од претпријатието соопштија дека во тек е санацијата на плочникот од книжарата „Култура“ до улица „11 …

Се санира плочникот на плоштад и на улица „Македонија“ Read More »

УНДП оцени дека Центар е пример за финансиско управување


Општина Центар е позитивен пример за финансиско управување според доброто финансиско управување насочено кон граѓаните, покажува извештајот на УНДП за 2022 година кој беше доставен до Општина Центар.  Општина Центар во извештајот на тема „Финансиско управување на локално ниво насочено кон граѓаните: пристап заснован врз податоци за позитивни отстапувања“ се издвојува по добро финансирање, редовно …

УНДП оцени дека Центар е пример за финансиско управување Read More »

За Рамазан Бајрам, ЈСП вози по неделен возен ред – жичницата нормално


Утре, петок (21.04.2023 год), поради верскиот празник Рамазан Бајрам, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, а билетарниците и центрите за персонализација нема да работат. Жичницата ќе функционира вообичаено, од 10 до 18 часот, при што од 17 до 17.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 17.45 часот е последно …

За Рамазан Бајрам, ЈСП вози по неделен возен ред – жичницата нормално Read More »

Сопиште утре без вода


Поради технички зафат во резервоарот во Сопиште, утре прекин на водоснабдувањето ќе имаат корисниците од населено место Сопиште. -Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот до 18 часот. Во наведениот временски интервал можни се прекини на водоснабдувањето во населените места Ракотинци и Добри дол, информираат од Од ЈП Водовод и канализација – Скопје.

„Шанса за Центар“ да престанат со манипулациите околу „Треска“, велат од Општина Центар


На денешната прес-конференција, советниците на „Шанса за Центар“ и Јана Белчева изнесоа низа на лаги и манипулации за просторот кај поранешна „Треска“, кои најостро ги отфрламе, велат од Општина Центар. Според нив, „Шанса за Центар“ манипулира постојано со површината на државното земјиште. -На површина од 41.000 м2, 47% е државно земјиште, од кое само околу …

„Шанса за Центар“ да престанат со манипулациите околу „Треска“, велат од Општина Центар Read More »

Шанса за Центар: „Треска“ ќе се бетонизира, зошто Герасимовски си го погазува зборот? 


  Деновиве се објави дека се издадени првите одобренија за продажба на државно земјиште во комплексот Треска. Со тоа се дооформуваат парцели што е чекор пред издавање на градежни дозволи. Потсетуваме дека 47 отсто д целокупното земјиште на таа локација е државно. Тоа значи дека ќе се гради според незаконскиот план скандалозно донесен во 2012 …

Шанса за Центар: „Треска“ ќе се бетонизира, зошто Герасимовски си го погазува зборот?  Read More »

Општина Кисела Вода и „Меѓаши” со проект за унапредување на детските права


Преку 30-месечен проект, финансиран од Делегацијата на ЕУ, ќе се унапредува заштитата на правата на децата преку изготвување локален акциски план во општините низ Македонија. Проектот опфаќа пет општини, а Кисела Вода е единствената скопска општина каде веќе се спроведуваат активности во насока на зајакнување на капацитетите за унапредување на локалното стратешко планирање и воведување …

Општина Кисела Вода и „Меѓаши” со проект за унапредување на детските права Read More »

Без вода утре корисници од ул. „Козле“


Прекин во водоснабдувањето утре ќе имаат корисниците од ул. „Козле“, од бр. 1 до бр. 55, поради водоводен приклучок ф80мм на таа улица. Како што соопшти ЈП Водовод и канализација-Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10 часот до завршување на зафатот.

Град Скопје со мост ќе ги поврзе Маџари и Лисиче?


Освен пешачки мост, според Генералниот урбанистички план бил зацртан и сообраќаен мост кај улицата „Индустриска 1“, кој треба да ги поврзе Лисиче и Маџари, објави „Вечер“. Град Скопје деновиве подготвува основен проект со урбанистички проект со сите фази за сообраќајниците „Февруарски поход“, „Маџари“, со мост на реката Вардар, раскрсницата со улицата „Индустриска 1“ како и …

Град Скопје со мост ќе ги поврзе Маџари и Лисиче? Read More »