Во Скопје концерти во рамки на 3. Скопски градски фестивал, домашни ѕвезди на Виноскоп и фолклорен фестивал


Во рамки на третото издание на Скопскиот градски фестивал, вечер во големата сала на Филхармонијата во 20 часот концерти ќе одржат Матија Дедиќ – најпознатиот хрватски и еден од водечките европски пиjанисти и композитор, и Квартетот Heller / Sasse / Gjakonovski / Kostadinovic составен од некои од најдобрите европски џез музичари меѓу кои и нашиот …

Во Скопје концерти во рамки на 3. Скопски градски фестивал, домашни ѕвезди на Виноскоп и фолклорен фестивал Read More »

Богат културно-забавен викенд во Скопје


Богата културно-забавна програма викендов ќе се случува на неколку локации во Скопје и ќе понуди различни содржини за сите вкусови. Како што информираат од град Скопје, денеска и утре (6 и 7 мај) публиката ќе има можност да проследи исклучително интересни настапи на врвни домашни и странски музичари од различни музички правци и жанрови, како …

Богат културно-забавен викенд во Скопје Read More »

„Генералка викенд 2022“, Пиварци и партнерите го исчистија Водно


Вработените и членовите на менаџерскиот тим на Пивара Скопје, заедно со волонтерите од Град Скопје, Пакомак, компанијата Мен енд Маунтен и членовите на неколку дипломатски претставништва во земјата, го собираа сувиот отпад од пешачките патеки и местата за одмор и рекреација на планината Водно. Со ова и официјално започна пролетниот дел од најголемата еко-акција досега …

„Генералка викенд 2022“, Пиварци и партнерите го исчистија Водно Read More »

Почна големата акција за чистење на Водно „Генералка викенд 2022“


Денеска започна најголемата еко-акција досега „Генералка викенд 2022“, во која претстојниов викенд во 26 општини ќе се реализираат големи акции за чистење. Градот Скопје, заедно со јавните градски комунални претпријатија со поддршка на Општина Кисела Вода и Општина Гази Баба, со над 200 волонтери кои се дел од акцијата за чистење на планината Водно, во …

Почна големата акција за чистење на Водно „Генералка викенд 2022“ Read More »

Нов урбан парк и најсовремено игралиште подарок од Скопје Сити Мол за жителите на Карпош и Скопје


На 5 мај во присуство на градоначалникот на општина Карпош, посетители и гости, е пуштен во употреба новиот парк во пред Скопје Сити Мол, подарок од трговскиот центар за општина Карпош. Паркот се протега на повеќе од 850 метри квадрати и е хортикултурно уреден со висококвалитетни садници, цвеќиња, зеленило, како и урбана опрема. Во рамки …

Нов урбан парк и најсовремено игралиште подарок од Скопје Сити Мол за жителите на Карпош и Скопје Read More »

Поради трката „Скопје трча 10 км“ изменет режим на градските автобуси


Во недела (8.05.2022 год), поради одржување на уличната трка Халк Еко „Скопје трча 10 км“, во период од 8 до 11.30 часот, линиите 2, 4, 7, 8, 11, 11а, 12, 15, 15А, 19, 21, 22, 22А, 32, 56, 56а, 59 и 60 ќе возат по изменет режим од вообичаениот. ТРАСИ НА ДВИЖЕЊЕ Линиите 2, 4, …

Поради трката „Скопје трча 10 км“ изменет режим на градските автобуси Read More »

Од Водно стартува еко-акцијата „Генералка викенд 2022“


Од планината Водно денеска ќе биде означен официјалниот почеток на пролетниот дел од досега најголемата акција за чистење и пошумување во земјата „Генералка викенд 2022“, што до 8-ми мај ќе се спроведува во 26 општини ширум земјата. Како што информираат организаторите на еко-акцијата, во рамки на настанот ќе биде спроведена акција за собирање на отпадот …

Од Водно стартува еко-акцијата „Генералка викенд 2022“ Read More »

Директорот на ЈСП – Скопје поднел оставка, Град Скопје тврди дека му завршил мандатот


Директорот на ЈСП „Скопје“ Иван Илиевски си поднел оставка само пет месеци откако беше назначен од скопската градоначалничка Данела Арсовска, дознава СДК. Јавното претпријатие е во лоша финансиска состојба со години и се одржува од субвенции кои месечно надминуваат милион евра.   Илиевски е втор директор од тимот на градоначалничката Арсовска кој си заминува од функцијата. …

Директорот на ЈСП – Скопје поднел оставка, Град Скопје тврди дека му завршил мандатот Read More »

Скопје дел од „Стартувај го филмот“ за зелена Европа


Новиот EU Youth Cinema: Green Deal претставува европски филмови на теми како што се одржливост, заштита на климата и општествена одговорност, а првите ќе бидат прикажани на Деновите на Европа од денеска до 9-ти мај 2022 година. Климатските промени и деградацијата на животната средина се егзистенцијални закани за Европската унија и светот. Со извонредни филмови, …

Скопје дел од „Стартувај го филмот“ за зелена Европа Read More »

ЈСП Скопје ги потрошиле сите билети за една употреба, кога ќе набават нови – не се знае


Откако објавивме дека билетот за една употреба во автобусите од јавниот градски превоз не може да се купи, од ЈСП реагираат дека билетот за едно возење и натаму е во продажба, тој не е укинат, ниту се размислува за таква одлука. Но, како што појаснуваат „факт е дека тој не е достапен во сите возила и …

ЈСП Скопје ги потрошиле сите билети за една употреба, кога ќе набават нови – не се знае Read More »

Гази Баба доделува субвенции за електрични тротинети


Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски, утрово на својата официјална фејсбук страна го објави јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за купување на електричен тротинет.  -Исполнето уште едно ветување! Од вчера општина Гази Баба, со цел да ги стимулира жителите од својата општина за користење на електричен тротинет, на граѓаните кои ќе купат нов …

Гази Баба доделува субвенции за електрични тротинети Read More »

Во возилата на ЈСП веќе не може да се купи билет за едно возење


Билетите за едно возење беа потреба на граѓаните кои беа воведени пред неколку години. Тие беа одлична опција за оние кои доаѓаат од други градови и имаат потреба од јавен превоз, пишува Скопје инфо. Еден хартиен билет, кој се поништуваше преку валидатор, чинеше 50 денари.  Изминативе денови се повеќе граѓани реагираат дека овој билет веќе …

Во возилата на ЈСП веќе не може да се купи билет за едно возење Read More »

Посебен режим на сообраќај на улицата „50 дивизија“


Поради снимање видео спот денеска, од 7:00 до 13:00 часот, Министерството за внатрешни работи ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на улицата „50 дивизија“ во Скопје, односно сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде …

Посебен режим на сообраќај на улицата „50 дивизија“ Read More »

Линии 100 и 200 до Саем на книга во СЦ „Борис Трајковски“


ЈСП Скопје информира дека од утре, среда (4.05.2022 год) до понеделник (9.05.2022 год), во редовниот линиски превоз ќе бидат вклучени две привремени линии кои ќе сообраќаат до СЦ „Борис Трајковски“. Станува збор за линиите 100 и 200, првата ќе сообраќа од Ново Лисиче, а втората од Дексион. -И двете линии се воведуваат за полесен пристап …

Линии 100 и 200 до Саем на книга во СЦ „Борис Трајковски“ Read More »

Поради снимање на видео спот утре посебен режим на сообраќај на ул.„50 дивизија“ во Скопје


Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 04.05.2022 година (среда), во периодот од 07.00 до 13.00 часот, поради снимање на видео спот, МВР ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на ул.„50 дивизија“ во Скопје, односно сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. За таа цел МВР апелира до граѓаните да ги …

Поради снимање на видео спот утре посебен режим на сообраќај на ул.„50 дивизија“ во Скопје Read More »

Од утре на Градскиот плоштад во Скопје ново издание на Фестивалот „Вино Скоп“


 Фестивалот „Вино Скоп“, што традиционално се одржува од 2006 година, по паузата поради ковид пандемијата, утре ќе започне одново на Градскиот плоштад во Скопје. На Фестивалот ќе учествуваат повеќе од 25 винарии од земјава, претставници од странство и бројни уметници и музички бендови, а првпат на него ќе има и Базар на ракотворби. – Од …

Од утре на Градскиот плоштад во Скопје ново издание на Фестивалот „Вино Скоп“ Read More »

„Цел Центар на точак“, субвенции за велосипеди, Е-велосипеди и Е-тротинети


Општина Центар утре го објавува Јавниот повик со кој го започнува проектот „Цел Центар на точак“, за субвенционирање на 30 отсто од цената за купување нов велосипед, електричен велосипед и електричен тротинет. Од утре, среда, 4.05.2022 година, секој полнолетен жител на Општина Центар што ќе купи велосипед, е-велосипед или е-тротинет ќе добие субвенција, но најмногу …

„Цел Центар на точак“, субвенции за велосипеди, Е-велосипеди и Е-тротинети Read More »

Почнува Саемот на книгата во арената „Борис Трајковски“


Над 60 издавачки куќи од земјава, како и од Турција, Србија, Косово и Албанија ќе се претстават на годинашното 34-то издание на Саемот на книга што се одржува во арената „Борис Трајковски“ од денеска до 9 мај. Фокусот годинава е ставен на детската литература односно на привлекување на најмладите читатели. На Саемот оваа година ќе …

Почнува Саемот на книгата во арената „Борис Трајковски“ Read More »

Денеска без струја дел од Кисела Вода


Од ЕВН Македонија АД известуваат дека на ден 03.05.2022 година (вторник) без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од ул. „Христо Татарчев“ 15, „Христо Татарчев“ 1 (објектите меѓу „Унилукс“ и „Метекс“), и „Христо Татарчев“ 13 објектите на „Енерго системи“ и “Скендеровски“ кај новиот кружен тек во …

Денеска без струја дел од Кисела Вода Read More »

Стефковски најави повисоки плати за сезонските работници


Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски денеска упати честитка по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот и најави зголемување на платите за сезонските работници во ЈКП „Гази Баба“. -Повисоки плати за сезонските работници во ЈКП Гази Баба! Денес целиот свет го одбележува 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот! На овој ден …

Стефковски најави повисоки плати за сезонските работници Read More »