В недела во Скопје посебен сообраќаен режим поради ревијална трка на велосипеди и ролерки
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 28.05.2023 (недела) со почеток во 11:00 часот поради одржување на ревијална трка на велосипеди, ролерки и др. „Вози право, вози здраво“, ќе биде спроведен посебен сообраќаен режим на подрачјето на град Скопје. Трката ќе се одвива со старт од Порта Македонија, десно долж ул. „Димитрие Чупоски“, …