Почувствуван земјотрес од 2,2 степени во Скопје


Утрово, во 9.54 часот, беше почувствуван земјотрес во Скопје, со јачина од 2,2 степени според Рихтер. 

Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар, земјотресот е почувствуван во северниот дел на Mакедонија и јужниот на Косово. 

Земјотресот бил на 4 килоемтри северно од Скопје или на 75 км од Приштина. Земјотресот е регистриран на 5 км длабочина. 

Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML2.3 е регистриран денеска во 09 часот и 54 минути во Скопското епицентрално подрачје, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението во градот Скопје и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.