Пукнатини на стаклата на мостот „Око“, Ангелов предупреди, Град Скопје вели безбедно е!


Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов денеска информираше дека се појавиле пукнатити на стаклото по кое се поминува на мостот „Око“ во центарот на Скопје. Како што рече Ангелов, мостот е стабилен и во одлична состојба, но стаклата се напукнати. Ние го известивме Градот Скопје дека добивме пријава. Преставници на Градот …

Пукнатини на стаклата на мостот „Око“, Ангелов предупреди, Град Скопје вели безбедно е! Read More »

Започна отстранувањето на опожарениот топловод на мостот „Беласица”


Започнаа теренските активностите за отстранување на опожарениот топловод на мостот „Беласица”, информираа од АД ЕСМ. Оттаму соопштуваат дека ќе се вложат максимални напори демонтажата да се заврши во најкраток можен рок. – Почетокот на активностите за санација на опожарениот топловод е поврзан со завршување на сите дејствија на мостот од страна на вклучените релевантни институции …

Започна отстранувањето на опожарениот топловод на мостот „Беласица” Read More »

Се „крчка“ нов, трет план за ДУП за Лисиче


Околу 230 анкетни листови доставија жителите на Лисиче до Општина Аеродром на вториот повик, по жестокиот отпор од тамошното население и протестите поради првичниот план за изградба на 11 висококатници по должина на булеварот „Србија“ и улицата „12. Македонска бригада“.  Сега, како некое компромисно решение, се готви нов, трет план за новиот ДУП за Лисиче, …

Се „крчка“ нов, трет план за ДУП за Лисиче Read More »

Пензионерите од Центар, со примања до 35.000 ден или без приход, можат да користат домашна нега


Општина Центар го измени Правилникот за начинот, условите и критериумите за остварување право на бесплатни пакети за нега на возрасни лица во Општина Центар-Скопје односно за право на користење на проектот „Нега за стари лица во домашни услови“. Преку овој проект Општина Центар обезбедува вежби и совети од лиценцирани физиотерапевти, негуватели и социјални работници во …

Пензионерите од Центар, со примања до 35.000 ден или без приход, можат да користат домашна нега Read More »

Аеродром бара враќање на старите имиња на улиците


Советот на Општина Аеродром, на последната одржана седница, усвои иницијатива со која се бара од Советот на Град Скопје да донесе одлука за враќање на старите имиња на улици кои се наоѓаат на територијата на општината. – Оваа иницијатива доаѓа по директно барање на граѓаните, откако во 2021 година, над 80 улици во Лисиче беа …

Аеродром бара враќање на старите имиња на улиците Read More »

Советот на Град Скопје наложи редовно миење на улиците и дезинфекција околу контејерите


 Советниците на град Скопје на седмата вонредна седница ги донесоа заклучоците по единствената точка на дневен ред за актуелната состојба со комунална хигиена, со цел спречување на еколошка катастрофа и појава на заразни болести. Претседателот на Советот на град Скопје, Трајко Славевски по координацијата на советничките групи го прочита заклучокот, во кои се предвидени и …

Советот на Град Скопје наложи редовно миење на улиците и дезинфекција околу контејерите Read More »

Ќе се реконструираат тоалетите во ООУ „Димитар Миладинов“


Општина Центар набрзо ќе започне со реконструкција на тоалетите во ООУ „Димитар Миладинов“, станува збор комплетна санација и обнова на санитарните јазли која е донација на општествено одговорна компанија. Поради итноста градежните зафати да започнат за време на летниот распуст денеска Советот на Општина Центар одржа и вонредна седница за прифаќање на донацијата. „Ме радува …

Ќе се реконструираат тоалетите во ООУ „Димитар Миладинов“ Read More »

​Реконструкција на улиците во Аеродром – се работи на улицата „Лисец“


Препознавајќи ја важноста на новите инфраструктурни проекти и реконструкцијата и одржувањето на постоечките, како важен дел од унапредување на живеењето и решавањето на клучните проблеми на граѓаните, во Аеродром продолжува реализацијата на инфраструктурните инвестиции кои се финансирани со средства од буџетот на Општина Аеродром.    Деновиве градежната механизацијата работи на повеќе локации во општината, а …

​Реконструкција на улиците во Аеродром – се работи на улицата „Лисец“ Read More »

Без вода дел од општина Бутел


Прекин во водоснабдувањето денеска од 9 часот ќе имаат дел од корисниците лоцирани на улиците „Груица Војвода“ и „Црвени Брегови“. Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на приклучна цевка ф-1 на улица „Груица Војвода“ 14 во населба Бутел 2.  Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.

Без струја дел од Чучер Сандево и Сарај, а без вода дел од Карпош и Гази Баба


Поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во општините Чучер Сандево и Сарај. – Во период од 9:00 до 15:00 чаот без струја ќе бидат дел од корисниците од Чучер Сандево, а од 11:00 до 14:00 часот корисниците од ул.„1721“ од Сарај кон Глумово, информираат од …

Без струја дел од Чучер Сандево и Сарај, а без вода дел од Карпош и Гази Баба Read More »

Безбедното домување во Скопје „во битка“ за пристапен простор и примена на прописите


Тесни лифтови што не собираат носилки за брза помош, заглавени екипи во тесни улички, блокирани пристапи до влезовите на згради од непрописно паркирани возила, се само дел од искуствата на тие што треба да бидат први во реакцијата за помош, а се попречени и најдиректно ги чувствуваат последиците од неказнивото и штетно урбанистичко планирање. Непристапноста …

Безбедното домување во Скопје „во битка“ за пристапен простор и примена на прописите Read More »

Орешани без струја, а дел од Аеродром и Центар без вода


Поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, без струја денеска од 08:45 до 11:00 часот, ќе бидат корисниците од населба Орешани во Општина Зелениково, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје. Без вода, пак, поради замена на затворачи на водоводна мрежа ќе останат корисниците од бул. АСНОМ од зграда бр. 110 до …

Орешани без струја, а дел од Аеродром и Центар без вода Read More »

Градоначалникот Герасимовски парично ги награди хигиеничарите од ПОЦ


 Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски им додели награден бонус на хигиеничарите од комуналната служба на ЈП „ПОЦ“. Како што информираат до општината вчера од раните утрински часови над 50 вработени биле ангажирани да ги чистат купиштата ѓубре во сите општини во Центар. -Чест и задоволство за секој градоначалник е вработените во општинските претпријатија да …

Градоначалникот Герасимовски парично ги награди хигиеничарите од ПОЦ Read More »

„Комунална хигиена“ тврди: Работиме засилено


Наспроти впечатокот на граѓаните дека контејнерите низ градот и натаму се полни и дека бавно оди отстранувањето на ѓубрето, од „Комунална хигиена“ пратија фотографии од нивната акција со порака дека засилено работат на проблемот. -Во текот на вчерашниот ден, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје, во втората и во третата смена, реализираа засилени активности за собирање …

„Комунална хигиена“ тврди: Работиме засилено Read More »

Без вода утре дел од корисниците на бул. „АСНОМ“ во Ново Лисиче


Корисниците од бул. „АСНОМ“, од зграда бр.110 до зграда бр.180, утре од  9 часот ќе немаат вода, соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Прекинот во водоснабдувањето е поради промена на затварачи ф 80 мм на бул. „АСНОМ“ 128 во населба Ново Лисиче и ќе трае до завршување на интервенцијата.

Тим на ЈП „Лајка“ ќе заловува бездомни кучиња во Чаир


Заловувачкиот тим на ЈП Лајка, од вчера до 14 јули започна со стратешко заловување на кучиња во општина Чаир, односно во реоните на бул. „Цветан Димов“, ул. „Џон Кенеди“, ул. „Ферид Бајрам“, ул. „Дижонска“, ул. „Втора Македонска Бригада“… Од ЈП Лајка информираат дека заловувачкиот тим ќе го залови секое бездомно куче коешто ќе го сретне …

Тим на ЈП „Лајка“ ќе заловува бездомни кучиња во Чаир Read More »

Посебен режим на сообраќај во Скопје


Министерството за внатрешни работи информира дека денеска поради одржување марш на мирот во организација на Бошњачкиот национален совет на Република Северна Македонија, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот. Од МВР соопштуваат дека со почеток од 18:30 часот па сѐ до завршување на маршот сообраќајот …

Посебен режим на сообраќај во Скопје Read More »

Утре ќе нема вода кај Зелен пазар


Утре поради уличен дефект од Ф-80 мм на булевар „Кочо Рацин“ бб (пред влез на зелен пазар) во населба Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Булевар Кочо Рацин. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.

„Комунална хигиена“ мора да го собира ѓубрето или се соочува со казна до 98.000 евра


„Комунална хигиена“ мора да го собира ѓубрето или ќе се соочи со санкција до 98.000 евра. Државниот инспекторат за животна средина вчера и денеска правеше вонредна контрола во скопското јавно комунално претпријатие по случувањата со протестот на вработените што резултураше со преполнување на контејнертите и затрупување на градот со отпад. Директорот на ДИЖС, Сретен Стојковски …

„Комунална хигиена“ мора да го собира ѓубрето или се соочува со казна до 98.000 евра Read More »

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје


Министерството за внатрешни работи соопшти дека утре, поради одржување марш на мирот во организација на Бошњачкиот национален совет на Република Северна Македонија, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот. Од 18.30 часот до завршување на маршот сообраќајот ќе се пренасочува на дел од ул. „Христијан …

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје Read More »