Контејнерите празни – околу нив депонија


 ЈП „Комунална хигиена“-Скопје веќе извесен период се соочува со појавата на масовно непрописно исфрлање отпад во непосредна близина на садовите наменети за одлагање на комуналниот отпад. Дивите депонии околу контејнерите настануваат во периодот кога садовите се сосема празни и отпадот може да се одложи во нив. Во текот на изминатиов викенд, екипите на Претпријатието отстранија […]

Без вода корисниците од неколку улици во Општина Карпош


Од ЈП Водовод и Канализација информираат дека денеска без вода во одреден период ќе останат корисниците од неколку улици во општина Карпош. Поради три улични дефекти од ф – 80 мм ул. „Девол“ – крак 2 и „Девол“ – крак 11, како и ул. „1010“ б.б, во периодот од 10.00 часот па се до отстранување […]

Утре посебен режим на сообраќај во општина Илинден, се одржува велосипедска трка


Министерството за внатрешни работи извести дека утре 16.06.2024 (недела) во периодот од 12.00 часот до 16.00 часот, поради одржување на велосипедска трка „Трофеј Илинден“ во организација на општина Илинден, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. […]

Наградени најдобрите матуранти на Град Скопје


Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, додели признанија и парични награди на матурантите кои се првенци на генерацијата од 23. скопски средни училишта на традиционалната манифестација „Средба на првиот со најдобрите“. „Градот Скопје е горд на сите наши средношколци, затоа го афирмира училишниот успех на првенците на генерација во средните училишта на Град Скопје и […]

Македонски термини наместо англицизми: Речник со поими од медиумската писменост за наставниците


Во ООУ „Мирче Ацев“ – Ѓорче Петров, Скопје беше промовиран Речникот на поими од медиумска писменост со игровни активности за усвојување, утврдување и примена на поимите од речникот. Во овој речник има соодветен превод на дел од поимите од медиумска писменост што досега се користеа како англицизми. Со преводите и толкувањето на поимите, наставниците добиваат […]

Бесплатни дерматолошки прегледи викендов во Градски парк


Бесплатни дерматолошки прегледи на бенки и промени на кожата ќе бидат овозможени денеска и утре од 17 до 21 часот во Градски парк во Скопје, во организација на „dm дрогерие маркт“, а идниот викенд вакви прегледи ќе бидат достапни и  во Охрид.  Бесплатните прегледи ДМ ги организира втора година, а првиот термин годинава се одржа […]

Волонтери ќе го разубавуваат стационарот „Лајка“


Настан „Да го разубавиме светот на кучињата, да ја обиме Лајка“  ќе се одржи денеска во стационарот за бездомни куќиња  ЈП „Лајка“ Скопје.    Над 50 волонтери во периодот од 10 до 14 часот ќе учествуваат во боење на боксовите и реквизитите на претпријатието и уредување на околината.  Активноста е во рамки на проектот „Унапредување […]

Дел од Студеничани без вода


Без вода денеска од 9:40 часот е дел од Студеничани. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ –  Скопје, прекинот е поради уличен дефект на улица „5“ во Студеничани. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности. 

Арсовска повторно ги моли советниците за нови автобуси за ЈСП


Пред советниците на ВМРО-ДПМНЕ кои се власт во Советот на Град Скопје и мнозинство, по 20 пат за гласање на следната седница е доставена предлог-одлука со која треба да се обезбедат нови еколошки автобуси за скопјани. Јавниот превоз е во незавидна состојба, откако автобусите за кои целокупната јавност гледа и реагира дека се децениски дотрајани […]

Скопјани утрово се разбудија со пороен дожд и грмежи


Во раните утрински часови територијата на Скопската котлина беше зафатена со нестабилна облачна маса проследена со пороен дожд, грмежи и можна појава на суградица. Поинтензивни врнежи имаше во подножјето на Скопска Црна Гора, информира денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од ЦУК наведуваат дека и Кумановската котлина е зафатена со нестабилна облачна маса проследена […]

Прекинато водоснабдување за корисниците од неколку улици во Кисела Вода


Прекинато водоснабдување  денеска од 8.30 часот ќе имаат корисниците од  улиците „Иван Козаров“, „Киро Крстевски“, „Боте Боцевски“, „Марко Цепенков“, „Вера Јоциќ“ и „Божидар Аџија“ во Кисела Вода  поради изведување водоводен приклучок ф-200мм на ул. „Иван Козаров“ 6, соопшти ЈП Водовод и канализација. Во останатиот дел од населбата, односно во објектите во близина на наведените улици, […]

Без струја корисниците од ул. „Македонија“ во Центар и делови од Карпош, Ѓорче Петров и Студеничани


Од 8 до 15 часот денеска без електрична енергија ќе бидат корисниците од ул. „Македонија“ – зградата на „Вардар технометал“, хотелот „Турист“, ЈП за државни патишта, зградата ВМРО и околината во општина Центар, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи по известување добиено од ЕВН Македонија а.д. Од 9 до 15 часот електрична енергија ќе […]

Во Скопје измерени 36 степени Целзиусови – ноќеска и утре наутро дожд и невреме


Највисока температура денеска е измерена во Скопје – 36 степени. Од УХМР информираат дека во во текот на ноќта на повеќе места во земјата ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во делови од Скопската котлината и со услови за краткотрајно невреме. Во Гевгелија, Кавадарци и Велес се измерени 35, во Демир Капија […]

Се асфалтираат седум улици во Стопански двор во Ѓорче Петров


Во Општина Ѓорче Петров денеска почна асфалтирање на улицата 52 во Стопански Двор која има шест краци. Улицата ќе добие нов асфалт на главната артерија, а следно и на краците во должина од приближно 1.200 метри или над 3.000 м2 површина. Од Општина Ѓорче Петров соопштија дека досега самостојно реконструирале над 60-тина улици, со што […]

Реконструкција на улицата „Илија Димовски – Гоче“ во населбата Лисиче


Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски и претседателот на советот на општината, Дејан Митески денеска направија обиколка на улицата „Илија Димовски – Гоче“, каде деновиве градежната механизација активно работи на целосна реконструкција на сообраќајница која се протега на двете страни од булеварот. Проектот на обнова на улицата вклучува целосна замена на тампонтскиот и асфалтен слој, […]

Детските реквизити што беа искршени од вандали се реконструирани или заменети со нови


Детските реквизити на игралиштето близу т.ц Зебра, кои деновиве беа искршени од поединци или група вандали се реконструирани. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски информира дека ваквите вандалски однесувања се чести во општината и поради нив трпат и децата и општинската каса. „Службите на Општина Центар повторно ги заменија или реконструираа искршените реквизити на детските […]

Посебен режим на сообраќај денеска и утре во Скопје


Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради одржување министерски состанок во рамките на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) и Самит на шефови на држави и влади во рамките на Процесот за соработка на Југоисточна Европа, денеска и утре СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за […]

Без струја денеска делови од повеќе скопски општини


Без електрична енергија денеска ќе бидат корисници од општините Кисела Вода, Центар, Чаир, Карпош, Аеродром и Чучер Сандево. Во периодот од 08.00 до 14.00 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците од улиците „Мишевска“ и „Бранко Заревски“, како и дел од корисниците од улицата „Китка“ лоцирани до раскрсницата со улицата „Ратко Митровиќ“ во општина […]

ЈСП со важно соопштение за средношколците


Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ ги информира средношколците дека и оваа година за време на летниот распуст имаат право бесплатно да се возат во нивните автобуси доколку ги исполнуваат условите за користење бесплатен јавен превоз. – Правото на бесплатен превоз за време на летниот распуст е согласно со Програмата за активностите на Град Скопје од областа […]

Уништена урбана опрема и реквизити на детско игралиште во Центар


Во текот на изминатите денови непознати сторители уништиле дел од урбаната опрема во Капиштец , Водно и Дебар Маало. Станува збор за клупа и дел од реквизити од детските игралишта „Партение Зоографски“, Славка Недиќ и новото игралиште близу т.ц Зебра. Искинати се кабли и уништени се лулашки и огради, а со тоа и оневозможена е […]