Посебен режим на сообраќај денеска и утре во Скопје


Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради одржување министерски состанок во рамките на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) и Самит на шефови на држави и влади во рамките на Процесот за соработка на Југоисточна Европа, денеска и утре СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на поширокото централно подрачје на Градот Скопје.

Од Секторот за ватрешни работи – Скопје апелираат сите граѓани, учесници во сообраќајот, да ги почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициските службеници.