Се асфалтираат седум улици во Стопански двор во Ѓорче Петров


Во Општина Ѓорче Петров денеска почна асфалтирање на улицата 52 во Стопански Двор која има шест краци. Улицата ќе добие нов асфалт на главната артерија, а следно и на краците во должина од приближно 1.200 метри или над 3.000 м2 површина.

Од Општина Ѓорче Петров соопштија дека досега самостојно реконструирале над 60-тина улици, со што значително е подобрена инфраструктурата.

 

-Пружената рака со граѓаните е наша заложба дека ќе го решиме нивниот проблем. Никогаш не ветувам ако не можам да остварам, и никогаш не отстапувам ако ветам. Денеска на мое задоволство остваривме уште едно ветување за кое долги години се бараше решение, проблем кој се провлекуваше со години и никој сериозно не се заложи да им го реши на граѓаните на улицата 52 во Стопански Двор, рече градоначалникот Александар Стојкоски.

Тој истовремено најави и нова градежна офанзива во сите делови на Ѓорче Петров.

-Ве уверувам дека лошата патна инфраструктура во нашата општина ќе биде минато, подвлече Стојкоски.