Ѓорѓиевски се сретна со бордот на директори од ЕБОР: Скопје заслужува големи проекти и резултати што ќе го менуваат животот на граѓаните


Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски денеска остварил средба со делегацијата на Бордот на директори на Европската банка за обнова и развој, со цел, како што истакна тој, да се продлабочи соработката за реализација на стратешките инвестиции што му се потребни на нашиот град. -Мојата определба е цврста. Секој проект мора да решава вистински проблем, а […]

Скопје и денеска се чисти во голема акција


Покрај илјадниците волонтери, во акцијата, чиј старт е закажан за 11 часот, ќе бидат вклучени и општините, градоначалниците, учениците и граѓани. „Луѓе од различни генерации и професии, обединети околу желбата за почисто, поубаво и поздраво Скопје! Да се собереме таму каде што секојдневно живееме, се движиме и ги создаваме спомените. Да се погрижиме за местата […]

Без струја делови од Карпош и Аеродром


 Без електрична енергија денеска ќе останат дел од корисници во општините Карпош и Аеродром, соопшти утрово РЦУК – Скопје. Во периодот од 9:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат корисниците на улицата Скупи 20 во населбата Злокуќани, во општина Карпош. Во општина Аеродром, во периодот од 9:30 до 16:00 часот, прекин во снабдувањето со […]

Променливо облачно со засилен ветер кој наместа ќе надминува 60 км/h


Времето денеска ќе биде променливо облачно и постудено. Ќе дува засилен до силен ветер од северен правец, кој наместа ќе надминува брзина од 60 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и постудено. […]

Пливачката федерација бесплатно ќе ги учи учениците од Карпош да пливаат, а термините за базенот ќе ги распределува сама


Денеска, пред училишниот базен ,,Партизан”, во спортската сала ,,Наум Наумовски Борче”, Општина Карпош изврши примопредавање на училишниот базен на Националната пливачка федерација на Република Македонија. Имено, Федерацијата ќе ја преземе целосната одговорност за управување и функционирање на базенот, како и за организација на активностите што ќе се реализираат во овој спортски објект. На свечениот чин […]

Обид за нов рекорд во пештерата Врело: Спелеонуркачи ќе истражуваат длабочини над 300 метри


   Во подводната пештера Врело во кањонот Матка во тек е спелеонуркачка експедиција чија цел е да се надмине досегашниот рекорд од 287 метри и да се истражат длабочини од 300 метри или повеќе во еден од најдлабоките подводни пештерски системи во Европа и светот. Од Спелеонуркачкиот клуб „Врело“ информираат дека експедицијата се реализира од […]

Дел од булеварот „Македонско-косовска бригада“ без вода поради дефект на водоводна цевка


Корисниците на булеварот „Македонско-косовска бригада“ денеска од 9:55 часот ќе имаа прекин во водоснабдувањето. Како што соопшти ЈП Водовод и канализација прекинот е поради дефект на водоводна цевка со профил од 80 милиметри на булеварот. Прекинот ќе трае до завршување на работните активности за отстранување на дефектот.

Контејнери за кабаст отпад од денеска поставени во Железара, Керамидница и Автокоманда


Жителите на Железара, Керамидница и Автокоманда ќе имаат можност правилно да го одложат кабастиот отпад во периодот од 13 до 18 октомври, кога на овие локации во Општина Гази Баба ќе бидат поставени специјални контејнери. Акцијата ја организира ЈКП „Гази Баба 2007“, од каде апелираат до граѓаните отпадот да го одлагаат навремено и исклучиво во […]

„Пајакот“ на ПОЦ кренал 135 непрописно паркирани возила


ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје со помош на специјалните возила „Пајак“ санкционирале 135 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. Од ПОЦ велат дека тие и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка. Воедно апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги […]

Училиштниот базен „Партизан“ денеска се примопредава на Пливачката федерација


Уште во 2023 година во Општина Карпош  почна изградбата на затворен пливачки базен од втора категорија, кој од властите беше претставен како значаен капитален проект кој ќе придонесе за унапредување на спортот, образованието и здравиот развој на младите генерации. Денеска, три години подоцна најавуваат дека училишниот базен „Партизан“ од Општина Карпош официјално ќе биде примопредаден […]

Без струја делови од општините Аеродром и Чучер Сандево


Корисниците од дел од улица „Тодор Чангов“ бр. 28 и  дел од ул. „Данка Фирфова“ во населба Лисиче во општина Аеродром денеска од 9 до 14 часот ќе немаат електрична енергија, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи по известување добиено од  ЕВН Македонија АД. Без струја од 9.30 до 13 часот ќе бидат и […]

Без вода дел од населбата Крњево


 Без вода денеска од 9 часот ќе бидат корисниците од улицата „Хусеин Бајрам“ и улиците со број од 163 до 172 во населбата Крњево. Причина за прекинот е водоводен приклучок од ф150мм на ул.„ Дана Стуцки бр.18“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности. 

Претежно облачно и постудено со повремени локални врнежи од дожд


Времето денеска ќе биде претежно облачно и постудено со повремени локални врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во југоисточните делови. Поради продор на постуден воздух од север врнежите на некои од повисоките планини ќе преминат во повремен снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде […]

Во среда повторно ќе се чисти Скопје – сите да се вклучат!


Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави дека во среда, во 11:00 часот, продолжува најмасовната акција за чистење на Скопје. – Љубовта кон Скопје се гледа во делата. Во секој исчистен парк, во секое уредено маало, во секој човек што одлучил да даде свој придонес за градот во кој живее. Повторно со илјадници волонтери, во […]

Без вода корисниците на дел од Усје


Без вода денеска од 10:30 часот се корисниците на дел од Усје. Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, водоснабдувањето е прекинато поради уличен дефект на ул. „4“ / УСЈЕ бр.5. 

Најмногу дожд во Тетово, најстудено на Попова Шапка


Најмногу дожд изминатите 24 часа има наврнато во Тетово – 16 литри на метар квадратен и во Крива Паланка 13 литри на метар квадратен. Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи, во Петровец кај Скопје има наврнато 11 литри на метар квадратен, на Зајчев Рид и Попова Шапка 9, во Прилеп, Крушево, Кавадарци, Демир Капија […]

Облачно со повремен локален дожд


Променливо облачно време со повремен локален дожд претпладне се најавува за денеска. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен, повремено силен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степена. Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува […]

Какво време нè очекува наредната недела?


Македонија е зафатена од изразена циклонска активност која донесе целосен пресврт на временските прилики, означувајќи го крајот на стабилниот период. Според официјалните податоци од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), времето во наредните денови ќе биде променливо облачно и нестабилно, со повремени локални врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни и проследени со ретки грмежи […]

Без вода дел од корисниците на бул. АСНОМ во Аеродром


 Поради уличен дефект на бул. АСНОМ бр.140 во населба Аеродром, прекинато водоснабдување од 13.30 часот денеска имаат  корисниците во зградите  од бр.124 до бр.136. ЈП „Водовод и канализација“-Скопје соопшти дека водоснабдувањето ќе биде прекнато до завршување со активностите за санирање на дефектот.

Куманово привремено ќе го депонира сметот во Дрисла


Сметот од Куманово од вечерва привремено ќе се транспортира и депонира на депонијата Дрисла во Скопје, информираа од ЈП „Чистота и зеленило“, и градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски. Димитриевски се заблагодари на премиерот Христијан Мицкоски како и на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и менаџерскиот тим на Дрисла за поддршката во надминувањето на проблемот со транспортот и […]