„Пајакот“ на ПОЦ кренал 135 непрописно паркирани возила
ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје со помош на специјалните возила „Пајак“ санкционирале 135 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
Од ПОЦ велат дека тие и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка.
Воедно апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.