Во Берово и Крива Паланка минусни утрински температури


 Утрово е најстудено во Берово, -4 степени, а максимални седум степени се измерени во Гевгелија. Како што инфомира УХМР, до 8:30 часот се измерени и -1 степен во Крива Паланка, 0 во Струмица и Крушево, 1 во Штип, Охрид, Маврови Анови, Тетово, Претор и Демир Капија, 2 во Битола, Прилеп и Виница, 4 во Кавадарци […]

Без вода корисниците на „Миладин Поповиќ“ и делови од околните улици


Поради замена на затворач со профил Ф-100 на улицата „Миладин Поповиќ“ бр. 15 денеска без водоснабдување ќе останат корисниците од улицата „Миладин Поповиќ“ и делови од улиците „Орце Николов“, „Никола Тесла“, „Мирка Гинова“ и булеварот „Илинден“. Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека прекинот во водоснабдувањето ќе започне во 9 часот и ќе трае до […]

Сончево време со умерена локална облачност


Времето денеска ќе биде сончево со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. […]

Песни, пораки и градина на Детската улица во чест на Тоше


На дел од паркот, веднаш до училиштето „Лазо Ангеловски“ никна градина посветена на Тоше Проески, од чија прерана смрт денеска се навршуваат 19 години. Околу градината во која со разнобојни цвеќиња е испишано името на Тоше, има клупи,и неколку дрвца. По Детската улица која го носи името на прерано загинатиот македонски поп пејач, каде има […]

Со спортски и европски дух во недела во Градски парк во Скопје – ЕРАЗМУС КРОС


В недела, 18 октомври, со почеток во 10 часот, во Градскиот парк во Скопје (Тартан патека) ќе се одржи спортско-забавен настан Еразмус крос, во организација на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност.     Со овој масовен спортски настан официјално се означува финишот на одбележувањето на европската иницијатива Еразмус денови кои се одбележаа […]

„6 години Лајка – Не славиме бројка, славиме промена”


ЈП „Лајка” – Скопје оваа година одбележува шест години од своето постоење, а по тој повод, во сабота, 17 октомври 2026 година, од 12:00 до 15:00 часот, во Мамбо – Авионче, организира роденденски настан под мотото: „6 години Лајка – Не славиме бројка, славиме промена.” Настанот има за цел да ги истакне резултатите од шестгодишната […]

Пурпурно небо над Скопје (фото)


 Небото над Скопје синоќа беше обоено во прекрасни виолетови нијанси, создавајќи спектакуларна глетка што го претвори зајдисонцето во природен спектакл над градот. 

Вечниот оган гори покрај „вечните“ сандали – Градот остава пример и ѓубре


Пред осум дена, градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски се пофали дека покрај реконструкцијата на паркот „Жена борец“, по долги години пауза запален е и вечниот оган.  Тоа е точно, вечниот оган гори, но никој не се сетил да ги тргне сандалите кои таму стојат веќе неколку месеци.  Според фотографиите што денеска ги направи нашиот фотограф […]

Чекор поблизу до зонско во Автокоманда


На последната седница на Советот на Општина Гази Баба е донесена Одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка со Град Скопје за поставување сообраќајна сигнализација и направи за смирување на сообраќајот во Автокоманда. – Со оваа одлука создаваме услови за реализација на следната важна фаза и се приближуваме до воведувањето зонско паркирање во населбата – соопштија од […]

Пратениците Емилија Ангелова и Кире Божиновски на средба со учесници на Младинскиот образовен форум


Пратениците во Собранието, Емилија Ангелова и Кире Божиновски, остварија средба со учесници на Младинскиот образовен форум (МОФ), во рамки на која беа презентирани истражувања посветени на повеќе актуелни прашања од значење за младите и нивната иднина. Презентираните истражувања опфатија теми поврзани со дигиталната и зелената транзиција, медиумската и информациската писменост, вработувањето на младите лица со […]

Град Скопје: Новиот луна-парк ќе биде завршен до крајот на 2027 година, старите реквизити ќе се употребат


Скопје ќе добие современ луна-парк, кој ќе ја врати детската смеа и ќе создаде ново место за забава и заеднички семејни моменти. По една деценија без еден од омилените простори на најмладите, Град Скопје останува посветен на реализацијата на проектот во рокот предвиден во програмата на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски – до крајот на 2027 година. […]

Ѓорѓиевски: Скопје 2028 – со силни партнерства го отвораме патот кон европската културна сцена


Фондацијата „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“ и Францускиот институт во Скопје потпишаа Меморандум за соработка под покровителство на Град Скопје, со цел развој на заеднички културни проекти, размена на уметници и експерти и унапредување на културните и креативните индустрии. Меморандумот го потпишаа денеска градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, амбасадорот на Франција во […]

Дожд се очекува утре, потоа следуваат сончеви денови


Повремени локални врнежи од дожд ќе има во текот на утрешниот ден. На некои од повисоките планини, врнежите ќе преминат во слаб снег. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен, ветер од северен правец, информираа денеска од Управата за хидрометеоролошки работи. Се очекува температурата да се движи од 0 до 19 Целзиусови степени. Според синоптичарите, во […]

Утре почнува есенскиот базар „Обоена есен, рачно создадена“ со 26 современи ракотворци


Утре, 16 октомври, на приземјето во Скопје Сити Мол започнува тридневен Есенски базар –  „Обоена есен, рачно создадена“, посветен на новата генерација домашни ракотворци кои преку својата креативност, препознатлив стил и оригинален пристап ја претвораат рачната изработка во современ израз на уметноста и личниот идентитет. Базарот ќе трае до 18 октомври. Во текот на трите […]

Без струја дел од Ѓорче Петров и Кисела Вода


 Без струја во текот на денов ќе останат дел од скопските општини Ѓорче Петров и Кисела Вода. – Од ЕВН „Македонија“ АД добивме известување дека денеска поради активности во електродистрибутивната мрежа, без напојување ќе биде улицата „Партизански пат 2“ од девет до 13 часот во општина Кисела Вода. Поради активности во електродистрибутивната мрежа, без напојување […]

Дел од општина Центар без вода


 Дел од општина Центар во текот на денов ќе биде без вода за пиење. Од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје соопштија дека од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ биле информирани дека поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа, прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците од „Мирослав Крлежа“ – потег од […]

Сончево со мала до умерена облачност


 Според Управата за хидрометеоролошки работи, времето во текот на денов ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, кој долж Повардарието ќе надминува брзина од 60 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 9, а максималната ќе достигне од 12 до […]

Раскинат е договорот за луна-паркот – урнатите дискотеки го нагрдуваат просторот


  Град Скопје неодамна влезе во процес на изградба на нов луна-парк, кој, според најавите на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, треба да биде поврзан со Зоолошката градина и да биде готов до крајот на 2027 година. За таа цел, локалната самоуправа во мај годинава склучи договор со „Мастеф“ вреден 10 милиони евра, кој, меѓу другото, предвидуваше […]

Некој денес одвои од своето време, се наведна и го собра она што друг го фрлил


Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска заедно со колегите градоначалници, младите и волонтерите, ја продолжија големата акција за расчистување на Скопје. – Илјадници луѓе повторно ја претворија љубовта кон Скопје во дело. Со засукани ракави и со искрена желба да придонесат, покажаа дека чист и уреден град се создава со труд, со одговорност и […]

Герасимовски: Додека не најдеме законско, прифатливо решение, нацрт-ДУП-от „Барутана“ нема да го ставам на дневен ред на Советот


Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на денешниот брифинг со новинарите истакна дека нацрт-ДУП-от „Барутана“ нема да биде ставен на дневен ред на Советот сè додека не се најде законски издржано и прифатливо решение за сите отворени прашања, особено за стабилноста на теренот и пристапната сообраќајница. „Мојот став е јасен. Сè додека не најдеме законско […]