Несовесни граѓани, во моментот, се главните причинители за загадување на воздухот


 Во моментов нема поголеми загадувачи кои предизвикуваат загадување на амбиенталниот воздух. „Цементара“ е на 50 отсто од капацитетот, работи со една печка, не користи алтернативни горива. „Макстил“ не работи. Најголеми причинители за загадувањето во моментов се граѓаните кои горат секаков вид на отпад за загревање, а потоа и градежниот сектор, оцени денеска директорот на Државниот […]

Бесплатен паркинг во Центар во следните три дена


Сите паркинг места на Општина Центар ќе бидат бесплатни утре (сабота), задутрe (недела) и в понеделник. Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата ќе продолжи на 09.01.2024 година (вторник) со вообичаено работно време. Депото на „Пајак“ службата на ЈП ПОЦ ќе работи 24/7 за време на празниците.

Тасевски повикан во Делегацијата на ЕУ околу случувањата во М-НАВ


  Претседателот на Струковиот синдикат на контролори на летање Александар Тасевски денеска беше повикан во Делегацијата на Европската унија во Скопје по последните случувања во М-НАВ.  Тасевски во изјава за медиумите дадена по средбата рече дека Делегацијата на ЕУ и амбасадите ревносно ги следат сите случувања и дека биле запознати со целата ситуација.  „Тие беа […]

Без вода повеќе улици во Лисиче


Без вода денеска од 14:15 часот ќе бидат повеќе улици во Лисиче поради уличен дефект на улица „Јован Кукузел“, информираат од ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје. Како што информираат оттаму, прекинот на водоснабдувањето е поради уличен дефект на водоводна цевка Ф80мм на улица „Јован Кукузел“ 9А, а без вода ќе бидат корисниците од улица […]

(Во живо) Изјава на директорот на М-НАВ: Постојат 5-6 кланови, а секој има право да биде вработен овде


Претседателот на Управниот одбор и извршен директор во М-НАВ, Фахрудин Хамиди денеска во изјава за медиумите гарантираше дека безбедноста на авио-сообраќајот и навигацијата никогаш била, ниту ќе биде загрозена. Граѓаните можат да патуваат безбедно, додаде тој. -Од 3 ноември 2020 година, кога стапив на чело на компанијата, ја најдов со минус 70% сообраќај и немаше […]

Воздухот загаден, а инспектори сѐ помалку, 16 пред пензија или на боледување


Директорот на Државниот инспекторат за животна средина, Сретен Стојковски информира дека во првите неколку денови од годинава најголемите индустриски капацитети кои ги контролира Инспекторатот не работат или се со преполовен капацитет, но очигледно е дека воздухот и понатаму е многу загаден, а во Скопје и Струмица вредностите на ПМ-10 честички го надминаа и прагот на […]

Судски совет: Сите акти донесени од изборот на Сашко Георгиев до негова оставка се во правна сила


Со пресудата на Управниот суд не се доведува во прашање законитоста на одлуките донесени од Судскиот совет како колективно тело, бидејќи се поништува решението за разрешување на сегашната претседателка Дамева, информираат од Судскиот совет. – Во врска со вчерашните изјави во јавноста со кои се отвораат дилеми околу ништавноста на сите акти донесени во периодот […]

Засилени инспекции против загадувањето во Центар


Инспекциските служби на Центар спроведуваат засилени надзори и контроли на територијата на општината за справување со аерозагадувањето и оставањето градежен отпад. Контрола е извршена на повеќе активни градилишта во Буњаковец, Центар, Кале и Пролет, при што се изречени глоби на субјекти кои не ги почитувале мерките за одржување на градилиштата на начин што нема да […]

Беким Незири на распит во полициска станица


  Во врска со вчерашниот напад врз вработени во М-НАВ, во полициска станица по налог на Основното јавно обвинителство се врши службен разговор со Б.Н., информираа денеска од Министерството за внатрешни работи. Се работи за претседателот на огранокот на ДУИ за Чаир, Беким Незири, советник во Навигација, кој вчера ја предводеше осумчлената група насилници кои […]

Стартапите лани привлекоа 319,6 милијарди долари 


Стартапите собрале 319,6 милијарди долари во текот на 2023 година, што значи дека овој вид инвестиции се вратиле на нивото пред избувнувањето на пандемијата, но не и дека продолжила „манијата“ на инвестиции од 2021 и 2022 година, истакна платформата Дилрум (Dealroom) во нејзината годишна анализа. Всушност, во 2023 година беше забележан најмалку собран ризичен капитал […]

ЈО: Се преземаат мерки за расчистување на настанот во Контрола на летање, се очекува пријава од МВР


Од Јавното обвинтелство информираат дека се преземаат дејствија за расчистување на настанот во кој вчера беа нападнати вработени во Контролата на летање.  -Основното јавно обвинителство Скопје во текот на денот очекува кривична пријава од Министерството за внатрешни работи, а за натамошната постапка соодветно ќе ја информира јавноста, велат од прес-службата на ЈО.  Од Министерството за […]

Воздушниот простор ќе биде затворен ако не бидат разрешени директорите во М-НАВ, реагира синдикатот


  Струковиот синдикат на контролори на летање  (ССКЛ) најави штрајк со затворање на воздушниот простор од 10 јануари доколку во меѓувреме тројцата извршни директори на М-НАВ не си поднесат оставки или Владата не ги разреши како што беше најавено синоќа по нападот на контролори на летање во зградата на оваа институција по што таму е […]

Ученици и наставници во Шуто Оризари учеа за климатските промени и заштита на животната средина


Најмалку 150 ученици Роми од основните и средното училиште во Шуто Оризари учествуваа во работилници за подобрување на нивното здравје, за климатските промени и за заштита на животната средина. Во средното училиште „Шаип Јусуф“ и во основните училишта „Браќа Рамиз и Хамид“ и „26-ти Јули“ се реализираа работилници за подигнување на јавната свест и за […]

Здружение на лица со спинална мускулна атрофија бара нивно вклучување во Програмата за лекување на ретки болести


 Здружението на лица со спинална мускулна атрофија „СТОП СМА“ бара нивно вклучување во Програмата за лекување на ретки болести за 2024 година. Во писмо испратено до министерот за здравство Фатмир Меџити и до националната Комисија за ретки болести при Министерството за здравство, здружението ја поздравува одлуката за зголемување на буџетот за лекување на ретки болести, […]

Прекинат прагот на алармирање во Скопје и Струмица


Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека согласно податоците од Државниот автоматски мониторинг систем на ден 04.01.2024, среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 150 mg/m3 и епизодата со надминување на прагот на алармирање за РМ10 честички е прекината во Скопје и Струмица. Со тоа мерките и препораките за надминат праг […]

Демолирано детско игралиште во Тетово, општината бара полицијата да ги најде сторителите


Делови од детско игралиште во Тетово се најдоа во реката Пена, откако несовесни поединци претходно ја оштетиле и искршиле урбаната опрема. Овој случај е евидентиран од општинските служби на детското игралиште изградено на кејот на реката Пена помеѓу улицата „Благоја Тоска“ и „Видео Смилевски-Бато“. – Ваквите грди постапки никому не му користат, напротив претставуваат грда […]

Најстудено во Берово, најмногу дожд на Попова Шапка


Утрово најниска темепратура од -5 степени е измерена во Берово, потоа -3 во Струмица, -2 во Скопје-Петровец, Демир Капија, Велес и Куманово и -1 во Битола, Кавадарци, Лазарополе и Гевгелија. Во Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Штип и Тетово измерени се 0 степени, 1 во Попова Шапка, Маврови Анови, 2 Охрид, 3 Крушево, Виница, Претор, Прилеп, […]

Намалена видливост поради магла на неколку патни правци


Појава на магла со видливост од 50 м. до 100 м. утрово има на патниот правец Скопје – Петровец и по Повардарието, додека видливост до 50 м. има од Струмица кон г.п. Ново Село. Како што соопшти АМСМ, сообраќајот на останатите државни патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај […]

Скандалот „Онкологија“ го рашири вирусот на недоверба во здравството


Кога е здравството во прашање, се чини дека годинава што измина, меѓу другото, ќе ја паметиме по случајот „Онкологија“, кој го рашири вирусот на недоверба во здравството. Наводите за злоупотреба на лекови на Клиниката, предизвикаа реакции во јавноста и низа протести. На почетокот од септември, со судска наредба, а врз основа на наводите изнесени во […]