Променливо облачно, слаб дожд во западните и северните делови од земјава


Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне во западните и северните делови со слаби локални врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места со слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од […]

Астрономски календар


Денеска е вторник, 16 јануари 2024 година, 16-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 350 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 59 минути, а ќе зајде во 16 часот и 28 минути. Денов трае 9 часа и 28 минути.  Месечината, која е во фаза на млада Месечина ќе изгрее во […]

Слаб снег на Попова Шапка и во југозападниот дел од државата


 Јавното претпријатие „Македонијапат“ вечерва информира дека сообраќајот на патиштата низ државата се одвива по наместа влажни коловози. Слаб снег којшто не се задржува на коловозот провејува на Попова Шапка, а врнежи од слаб снег има и во југозападниот дел од државата.   Од ЈП „Македонијапат“ апелираат на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација […]

Порталите рекордери по бројот на поплаки до Советот за етика во медиумите


Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) денеска ги презентираше годишниот извештај за 2023, во однос на бројот на жалби за неетичко известување во медиумите. Податоците што ги презентираше претседателот на Комисијата за жалби при СЕММ, Мирче Адамчевски, покажуваат дека од вкупно примени 132 жалби, дури 110 се однесуваат на онлајн медиумите, за кои […]

Стојкоски на увид на изградбата на првиот Регионален центар за дечиња кои се лекувани од канцер


Градоначалникот на општина Ѓорче Петров Александар Стојкоски денеска заедно со директорот на Центарот за развој на Скопски плански регион, Јане Мицевски и членови на надзорот, денеска извршија увид во градежните работи на првиот Регионален центар за дечиња кои се лекувани од канцер, објект што се гради во село Кучково. Станува збор за центар кој е […]

Грковска разговараше со поранешниот холандски фудбалер Сидорф за важноста на спортот


  Вицепремиерката за добро владеење, Славица Грковска, денеска одржа онлајн средба со Кларенс Сидорф, глобален амбасадор на УЕФА за диверзитет. Сидорф е меѓу најуспешните фудбалери во холандската историја и еден од шесте луѓе во светот, кои Нелсон Мандела ги избра како „шампиони на наследството“. Двајцата соговорници се согласија дека споделуваат заедничка визија и заложби насочени […]

Битолските печалбари со бугарски пасоши се вратија во Европа без да извадат нов со „Северна“


  БИТОЛА – На студот надвор и во долги редици битолчани чекаат да извадат пасош со новото име на државата. Сликата од пред Нова година се прелева и во новата година, па бидејќи во еден ред се чека и за аплицирање на пасоши и други лични документи, како и за подигање на патните исправи гужвата […]

Екологисти од Македонија и од Албанија против најавената трка со моторни чамци на Охридското Езеро


Повеќе од 50 здруженија на граѓани, еколошки асоцијации и институции од земјава и од соседна Албанија покренуваат иницијатива за да се спречи одржувањето на настанот „F1H2O“, закажан за одржување во јуни годинава во делот на Охридското Езеро кај Поградец, во соседна Албанија. Настанот „F1H2O“ е дел од светското првенство во трка со високо-туражни моторни чамци, […]

Националната комисија за УНЕСКО и НП „Галичица“ со посебен софтвер ќе ги утврдуваат дивоградбите на охридското крајбрежје


Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија и Националниот парк „Галичица“ преку посебен софтвер направиле скенирање на охридското крајбрежје по што ќе се утврдуваат дивоградбите, информира министерката за култура и претседател на Националната комисија Бисера Костадиновска – Стојчевска. Според неа, состојбата на терен ќе каже, а потоа ќе постапуваат. – Направено е скенирање на […]

Тренчевска: Од јануари до септември лани пријавени 1.166 случаи на семејно насилство, најчесто психолошко


 Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска информираше дека во делот на семејното насилство, минатата година најмногу било застапено психолошкото насилство. Како што рече, од јануари до септември лани пријавени се 1.166 случаи на семејно насилство, а од нив, 708 се поврзани со психолошкото насилство. -Од јануари до септември 2023 година имавме вкупно 1.166 […]

Томовска: ДИТ и Финансиската полиција ќе одлучат дали инспекцискиот надзор во М-НАВ ќе се прошири


Директорката на Државен инспекторат за труд, Весна Томовска информираше дека е извршен надзорот во М-НАВ согласно владината одлука, а со оглед на тоа што станува збор за пообемен надзор, најмал временски период во којшто може да се изготви записникот е една недела. Таа испрати апел да се остават инспекторите професионално да ја завршат работата, да […]

Две основни училишта во скопски Карпош ќе користат струја од фотоволтаици


Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски и директорот на Центарот за развој на Скопски плански регион Јане Мицевски, денеска на работна средба потпишале договорот за заедничка реализација на проектот „Инвестиција во фотоволтаици, енергетска ефикасност, заштита на човековата околина“. Како што соопштија од Општина Карпош, станува збор за изработка на проект и инсталација на фотонапонски систем […]

Од 132 жалби за непрофесионално известување до СЕММ, дури 110 се за онлајн медиумите


Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) на денешната презентација на годишниот преглед на примени жалби за непрофесионално известување на медиумите за 2023 година соопшти дека од вкупно примените 132 жалби, дури 110 се однесуваат на онлајн медиумите, за кои беше посочено дека се најбројни во земјава, но и најчести прекршители на правилата за […]

Затворен за сообраќај патот Велес – Градско од 10:00 до 16:00 часот поради поставување заштитна мрежа


Поради поставување на заштитна мрежа на Регионален пат Р1102, делницата Велес – Градско, денеска ќе биде затворена за сообраќај во периодот од 10:00 до 16:00 часот, информираа од АМСМ. Од утре до 18.01.2024 година затворено за сообраќај ќе биде во периодот од 08:00 до 16:00 часот. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, […]

Костадиновска-Стојчевска апелира сите пратеници да гласаат за Законот за употребата на македонски јазик


Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во денешното гостување во утринската програма на Македонската радиотелевизија, „Македонија наутро“, уште еднаш апелираше Предлог-законот за употребата на македонскиот јазик што поскоро да се најде на дневен ред на Собранието и истиот да биде изгласан од пратениците од сите пратенички групи. Одговарајќи на новинарско прашање таа ја појасни важноста од […]

В четврток и петок дожд и пораст на температурите, во сабота снег и северен ветер


УХМР најавува врнежи и пораст на температурите во четврток и петок. Како што информира, врнежите ќе бидат од дожд и повремени, а ќе дува и засилен јужен ветер. Под влијание на студен и влажен бран во петок кон крајот на денот и во сабота, врнежите ќе преминуваат во снег и ќе дува засилен северен ветер. […]

Во Југоисточниот регион ќе се постават 20 брзи полначи за електрични возила


Во тек е јавна набавка за изработка на техничка документација за поставување на 20 брзи полначи за електрични возила, информираше директорот на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Ѓоко Камчев. Според него, ќе се постават по два полнача на 10 локации за да може истовремено да се полнат по две електрични возила. -Се надевам […]

Нова медицинска опрема во Институтот за радиологија


Институтот за радиологија доби нов дигитален рентген РТГ апарат за динамички флуороскопски и радиографски снимања на деца.  – Инсталирана и завршена е техничката обука за користење на апаратот. Набавен е од Министерство за здравство во вкупна вредност од 23 милиони денари. РТГ апаратот е неопходен за најмладите пациенти и посебно важен за дијагностиката, нагласи министерот, […]

АСО: Бројот на осигурани возила достигна 700.000, секое трето возило има зелена карта


Сопствениците на возила во 2023 година вложиле 87 милиони евра во oсигурување од автомобилска одговорност. Во вкупните вложувања зелената карта учествува со 21 милион евра. Сите цени за задолжителното автомобилско осигурување и за зелена карта ги регулира државата, се наведува во соопштението од Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО). Оттаму посочуват дека АСО, Министерството за […]

Најстудено во Берово и Скопје-Петровец


Во Берово во 7 часот изутринава се измерени  -9 степени,  во Скопје-Петровец – 7,  во  Штип, Струмица, Демир Капија, Велес и Куманово – 6,  а – 5 во Крива Паланка, Кавадарци, Скопје-Зајчев Рид и Гевгелија. Четири степени под нулата се регистрирани во Битола и Тетово, -3 Прилеп, -2 Виница и Дебар,  -1 Дојран, Крушево,  Маврови […]