Славески до Арсовска: Советот може да одлучи да донира за Лео од Буџет, но не и од вашата плата


Фото: Б. Грданоски

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денеска до Советот на Град Скопје испрати иницијатива за итна седница со единствена точка на дневен ред – да му помогнеме на младиот Леонид Индов. 

Арсовска до советниците предложи да донесат одлука со која ќе донираат еден месечен паушал, а градоначалникот на Град Скопје една месечна плата во акцијата организирана од Град Скопје за што побргу да се соберат потребните средства за Леонид, стои во соопштението од Град Скопје.

 

Вечерва стига одговор од претседателот на Советот, Трајко Славески, кој ја поздрави иницијативата, но и ја поуши градоначалничката „дека Совет на град Скопје не може да донесе одлука со која би ве задолжил Вас како градоначалник или советниците за донирање средства за споменатата намена“.

„Совет на град Скопје може единствено да расправа и да донесе одлука за донирање средства од Буџет на град Скопје, утврдени за соодветната намена.  Доколку биде доставена таква предлог-Одлука со која од Буџет на град Скопје би се донирале средства за помош при рехабилитацијата на Леонид Индов, како Претседател на Совет на град Скопје ќе закажам вонредна седница во рокот утврден со Закон и Статут“, потенцира Славески.

Тој се надева дека и другите градончалници и членови на совети општините ќе го следат нејзиниот пример.