Променливо облачно со сончеви периоди


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните западни делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец кој долж Повардарието повремено ќе засилува. Од УХМР информираа дека минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 […]

Пред Судскиот совет иницијативата за утврдување одговорност на претседателката на Врховниот суд


Судскиот совет денеска на седница треба да расправа и да одлучува по извештајот од Комисијата на известители во врска со иницијативата за утврдување одговорност на претседателката на Врховниот суд Беса Адеми.  Претседателката на Судскиот совет Весна Дамева вчера во изјава за емисијата „360 степени“ кажа дека очекува на денешната седница, по однос на извештајот од […]

Се воведува стручна матура и влезен академски испит


Текстови на нов Предлог-закон за средно образование и нов Предлог закон за стручно образование и обука, на предлог на Министерството за образование и наука, утврдени се вчера на седница на Влада. Целта на новиот закон за средно образование, според предлагачот, е да се овозможи унапредување на системот на средното образование, со што директно ќе се […]

Началникот на армискиот Генералштаб Ѓурчиновски на заседание на Воениот комитет на НАТО


Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски денеска и утре ќе учествува на заседанието на Воениот комитет на НАТО во седиштето на Алијансата во Брисел.  На заседанието, со кое ќе претседава претседателот на Воениот комитет, адмирал Роб Бауер, ќе присуствуваат началниците на Генералштабовите на Вооружените сили на земјите членки на НАТО, нивниот шведски колега, […]

Астрономски календар


Денеска е среда, 17 јануари 2024 година, 17-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 349 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 59 минути, а ќе зајде во 16 часот и 29 минути. Денов трае 9 часа и 30 минути.  Месечината, која е во фаза на млада Месечина ќе изгрее во […]

Личните карти чиј рок не е истечен, ќе важат и по 12 февруари 2024 година


Личните карти чиј рок не е истечен ќе продолжат да важат и по 12.02.2024 година, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи. МВР  како ресорно министерство надлежно за издавање на лични документи укажува дека Законот за личната карта не е изменет.   – За таа цел, ги информираме граѓаните на Република Северна Македонија, дека личните […]

Препорака да се носат маски во здравствените и домовите за згрижување стари лица


Комисијата за заштита од заразни болести на редовен состанок денеска утврди дека поради сезонските респираторни проблеми, сите кои се чувствуваат болни треба да носат маски, а препорака е маски да се носат во здравствените институции и во домовите за заштита на стари лица.  Претседателот на Комисијата Александар Петличковски во изјава за медиумите дадена по седницата […]

Во Шуто Оризари ќе се гради првиот Ресурсен центар за повратници


Во Општина Шуто Оризари, денеска е потпишан договор за финансирање за отворање на првиот Ресурсен центар за повратници и други маргинализирани групи. Центарот се формира со цел обезбедување услуги и сервиси на локално ниво за поефикасна реинтеграција на повратниците во матични земји фокусирајќи се на неколку клучни сегменти, социјална заштита, вработување, образование, здравствени услуги, правни […]

Кавадарци со препораки против аерозагадувањето во градот


Општина Кавадарци денеска излезе со препораки до граѓаните, против аерозагадувањето во градот. Да се користи јавниот превоз, возила да не се користат без поголема потреба, повеќе лица да се возат со едно возило во исто време, да не се користат за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, […]

СДСМ бара од Обвинителството да ги истражи „астрономските цени“ за машини во општините на ВМРО-ДПМНЕ


Надлежното Јавно обвинителство да постапи и да ги истражи сомнителните јавни набавки со астрономски цени во општините под капа на ДПМНЕ, побараа денес од СДСМ. „Новата афера на градоначалниците на ДПМНЕ кои купувале неколкупати поскапи машини од реалната цена мора да се расчисти. Според јавно достапни документи општина Битола за речиси 50.000 евра набавила машина […]

Стразбур: Спиро Ристовски и Митко Пешов неоправдано биле во притвор за „27 април“


Европскиот суд за човекови права во Стразбур пресудил дека на поранешниот министер за образование и за труд и социјална политика, Спиро Ристовски, неоправдано му бил продолжуван домашниот притвор за случајот „27 април“. Иста пресуда судот во Стразбур донесол и за обвинетиот Митко Пешов, објави неговата адвокатка Павлина Зефиќ. Стразбур пресудил дека државата ќе мора на […]

МЖСПП не наплатило 1,4 милиони евра за вода, констатира ДЗР


Министерството за животна средина и просторно планирање не успеало да реализира 89.573 илјади денари или 1,4 милиони евра, врз основа на надоместите за искористена вода. На тој начин е оштетена приходната страна на државната каса. Во 2020 година Министерството склучило спогодби со носителите на водни услуги за плаќање на рати на ненамирениот надомест од 112.663 […]

До петок повремен дожд и потопло, од сабота заладување и снег


Во четврток и петок ќе има повремен локален дожд и ќе дува засилен јужен ветер што ќе придонесе температурите да бидат во значителен пораст, соопшти УХМР. Промена на времето ќе има во сабота кога под влијание на влажен и студен бран ќе дува засилен северен ветер и ќе има врнежи кои на повеќето места ќе […]

Николовски: Чичко ми е вработен во М-НАВ пред да се родам, а внукот е школуван во Јапонија


  Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска уште еднаш повтори дека нема никаква врска со вработувањата на неговите чичко и внук во М-НАВ. Тој изрази жалење што медиумите, како што рече, наместо да се интересираат за темите од земјоделството кое е основа на македонската економија, се обидуваат директно да шират лаги и […]

Изјава на премиерот Ковачевски (во живо)


Изјава на премиерот Димитар Ковачевски по потпишувањето на договор меѓу УНДП и општина Шуто Оризари за изградба на Ресурсен центар за повратници и други ранливи категории на граѓани.    

ИЈЗ: Зголемен бројот на заболени од грип


Во текот на првата недела од 2024 година, од 1 до 7 јануари, во земјава се пријавени 1.025 случаи на заболени од грип или заболувања слични на грип. Тоа е 2,5 пати повеќе во споредба со претходната недела. Бројот на пријавени лица оваа недела, споредено со прва недела од минатата сезона, е зголемен за 24,8 […]

Објавен jавен оглас за прием на 300 нови професионални војници во Армијата


Министерството за одбрана денеска објави нов Јавен оглас за прием на 300 професионални војници во служба на Армијата на Република Северна Македонија. Рокот за пријавување е седум дена, вклучувајќи го и денот на објава на јавниот оглас. Младите лица кои се заинтересирани да се пријават, треба да ги исполнат следните услови: да се државјани на Република Северна […]

„Комунална хигиена“ – Скопје отстрани 10.617 кубни метри отпад од диви депонии во 2023 година


Екипите на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје, во текот на 2023 година, подигнаа и транспортираа вкупно 159.196 тони комунален отпад од скопските домаќинства во урбаниот и во руралниот дел на градот. Притоа, направени се вкупно 26.139 тури. Во текот на минатата година, претпријатието отстрани вкупно 10.617 кубни метри отпад од голем број диви депонии, […]

Дамева очекува на седницата в среда да биде донесена правилна одлука по иницијативата за разрешување на Беса Адеми


Претседателката на Судскиот совет Весна Дамева очекува на седницата в среда, на која треба да се расправа по извештајот од Комисијата на известители во врска со иницијативата за утврдување одговорност на претседателката на Врховниот суд, да биде донесена правилна одлука.  Дамева за емисијата „360 степени“ изјави дека извештајот на Комисијата на известители е готов и […]

Најладно во Петровец, најтопло во Охрид


Најстудено утринава било во Петровец, а најтопло во Охрид, покажуваат утринските мерења на Управата за хидрометеоролошки работи. Во Петровец се измерени -3 степени, во Струмица -2 степена, на Зајчев Рид -1 степен. Нула степени се измерени во Тетово и Гевгелија, еден степен во Крива Паланка, Берово, Маврови Анови, Куманово и Велес, два степена во Демир […]