Доколку викендов одите во Зоолошка, донирајте за Лео!


Доколку претстојниот викенд ја посетувате скопската Зоолошка градина, донирајте за лекувањето на младиот скопјанец Лео!

– ЗОО Скопје се приклучува на акцијата на Град Скопје, а на влезот поставени се две кутии каде што сите хумани граѓани може да донираат и да ја покажат својата хуманост, велат од ЗОО-Скопје. 

Сите 50 градски јавни претпријатија, градски јавни установи и средни училишта под капата на Град Скопје од денес започнаа хуманитарна акција со коа ќе можат да придонесат за лекување на Леонид Индов, кој во моментов се наоѓа на лекување во Австрија, најавија од Град Скопје.

Градот Скопје е град на солидарноста, хуманоста и грижата, за доброто на нашите деца и за најранливите категории граѓани на кои сме им најпотребни, се додава во соопштението од Град Скопје.