Разгледајте го Скопје со туристички водич – бесплатна тура за сите


Фото: Б. Грданоски

По повод Светскиот ден на туристички водичи, Македонската Асоцијација на туристички водичи и придружници в сабота (24 февруари, сабота) организира бесплатен разглед на градот Скопје.

Разгледот ќе се одржи во два термини: со почеток во 12 и во 13 часот со почетна точка пред спомен куќата на мајка Тереза.

– Сите кои се заинтересирани и сакаат да дознаат за културно историските знаменитости на градот Скопје може да присуствуваат. Во сабота Ве покануваме на една убава дружба со што ќе го одбележиме денот на туристички водичи – велат од асоцијацијата.

Истовремено Асоцијацијата на туристички водичи ќе организира бесплатен разглед и на Охрид и Битола.