КСС бара повлекување на Законот за административни службеници, по скратена постапка од собраниска седница


Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) денес се обрати до Претседателот на Собранието, Јован Митрески, со барање за повлекување на точката за Законот за административни службеници, по скратена постапка од дневниот ред на 138-та седница закажана за денес и повика на разумност и соработка, соопштија од КСС. Од КСС посочуваат дека во изминатиот период […]

„Пасошот ви е готов. Не знаеме кога ќе биде донесен“: МВР лута во сопствениот лавиринт


  „Да, пасошот ви е изработен на 5 февруари, но уште не е донесен. Кога ќе се случи тоа не можеме да знаеме“. Ваков одговор добива неколку пати една граѓанка на Скопје која упорно оди во пунктот за пасоши „Беко“ за да ја подигне патната исправа за која се сликаше на 11 јануари. Друга жителка […]

Дали Апелација ќе го укине притворот за таткото на Вања Ѓорческа?


Во Апелациониот суд во Скопје денеска се одржа јавна седница по барањето на одбраната на Александар Ѓорчевски, таткото на убиената 14-годишна Вања, да му се укине мерката притвор. Како што информираат за МИА од Апелација, Кривичниот совет сѐ уште нема донесено одлука, а кога ќе има, судот ќе соопшти преку својата веб-страницата. Одбраната на Ѓорчевски, […]

Исплатени стипендиите за учениците и студентите


Министерството за образование и наука информира дека исплатени се ученичките и студентските стипендии на сите нови корисници, кои доставиле договор за стипендија во предвидениот рок. Станува збор за 3.300 ученици и 3.000 студенти, нови корисници на кои исплатени им се средства заклучно со месец февруари 2024 година. Одбиените кандидати за стипендија ќе имаат можност за […]

Манолева: Родителите на Леонид не побараа мислење дали рехабилитацијата може да се изврши во нашите установи


Родителите воопшто немаат побарано никакво мислење од соодветна институција за можноста или неможноста за завршување на лекувањето, односно за рехабилитација на тоа дете во нашите установи. Прво да се изоди тој пат и дури потоа да кажеме, да ја прегледаме целата медицинска документација, да го видиме клинички пациентот и дури потоа стручниот колегиум на соодветните […]

Зголемен интересот за вакцини против голема кашлица


Зголемен е интересот за вакцинација против пертусис, народски кажано голема или магарешка кашлица, изјави денеска заменик министерката за здравство во техничката Влада, Маја Манолева, по посетата на поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје. – Добрата вест е дека е зголемен интересот за вакцинација, а тоа го покажуваат и бројките. За период од 01.01-08.02.2024 година имало 669 […]

Натпросечните температури ги „разбудија“ овошките


Стабилното, суво и релативно топло време, како и дневните температури кои достигнаа натпросечни вредности за овој период од годината, на некои места и до 17 степени, го поттикнаа пролетното будење на овошките, особено на коскестите видови кои и вообичаено се првите што почнуваат со вегетација. Ова, според агрометеоролозите, особено се однесува на растенијата во јужните […]

Почна традиционалниот планинарски марш во чест на Борис Трајковски


Дваесетина планинари од Струмица, Штип, Валандово, Радовиш и Гевгелија деветнаесетти пат маршираат во чест на трагично загинатиот македонски претседател Борис Трајковски. Маршрутата и годинава ја почнаа пред споменикот „Македонија“ во Струмица, подигнат во чест на Трајковски, каде положија цвеќе и со едноминутно молчење му оддадоа почит. -Патот е долг околу 200 километри кој ќе го […]

Бојмацалиев: Пристигнува пратката од 140.000 обрасци за патни исправи


Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев најавува дека нови 140 илјади обрасци за патни исправи пристигнуваат во земјава, а за многу скоро време ќе пристигне уште една пратка од 85 илјади обрасци.  – Би сакал да ве информирам дека пратката од 140.000 обрасци за патни исправи, како што најавив, е подготвена и е на […]

Арсовска предлага итна седница на Советот на Град Скопје за помош на Леонид Индов


Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денеска до Советот на Град Скопје испрати иницијатива за итна седница со единствена точка на дневен ред – да му помогнеме на младиот Леонид Индов.  – Арсовска до советниците предложи да донесат одлука со која ќе донираат еден месечен паушал, а градоначалникот на Град Скопје една месечна плата во […]

Ковачевски и Спасовски ќе земаат апанажа од 2.500 евра – експремиерот побарал и службено возило


Поранешниот премиер Димитар Ковачевски и поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе земаат апанажа пренесува Блумберг Адриа. Пред десетина дена, во речиси празната сала „Борис Трајковски“, дел од членовите на Комисијата за прашања на изборите и именувањата ги усвоија решенијата за остварување на правото на апанажа на двајцата членови на кои им престанала функцијата. Според […]

Сашо Мијалков доби ослободителна пресуда за случајот „Трезор“ (видео)


  Сашо Мијалков, Горан Грујевски и Тони Јакимовски, обвинети во случајот „Трезор“, денеска добија ослободителна пресуда за случајот во врска со злоупотреба на средства од буџетот на државата за набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија. Поради апсолутна застареност постапката запре […]

Едношалтерски систем во Општина Илинден


Од денеска во просториите на Општина Илинден почна со работа едношалтерски систем, каде граѓаните ќе можат да поднесат документи на едно место. Според градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски, со овој нов поедноставен концепт, граѓаните на едно место ќе можат да ги добијат сите информации како наједноставно да поднесат документ во делот на урбанизам, инспекторат, […]

Бојмацалиев: „Пролет“ со „прв дојден, прв услужен“ функционираше, сега граѓаните не можат да закажат термин


Во разговор за ТВ21, дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев запрашан за гужвите кои се создаваа во целиот процес на вадење лични документи, закажување, сликање и земање, објасни дека принципот на работата на пунктот за сликање „Пролет“ со „прв дојден, прв услужен функционираше. „Знаете дека од октомври, ноември го отворивме пунктот „Пролет“ којшто […]

Градот Скопје со 50 градски институции отпочнува хуманитарна акција за Лео


Градот Скопје со 50 градски институции отпочнува хуманитарна акција за обезбедување на неопходните средства за лекувањето на Леонид Индов.  Од денеска се отпочнува со хуманитарна акција во сите 50 градски јавни претпријатија, градски јавни установи и средни училишта во кои вработените и сите граѓани што ги посетуваат овие институции ќе може да придонесат за лекување […]

Без вода поголем дел од скопската Стара чаршија


ЈП Водоводо и канализација – Скопје информира дека поради уличен дефект на ул. „Салих Асим“ бр. 43 без вода од 6:30 часот е поголем дел од Стара Чаршија. Снабдувањето со вода ќе биде прекинато до завршување на интервенцијата. Од ЈП информираат исто така е одложено работењето на дефектот на затворач ф-80 мм на ул. Самоилова […]

Јапонски грантови за пет проекти, вредни 300 илјади евра


Амбасадорот на Јапонија, Оцука Казуја денеска ќе потпише договори за грантови за пет проекти во рамки на GGP Програмата за мали грантови за основни човекови потреби и човекова безбедност, во вкупна вредност од над 300.000 евра. На церемонијата што ќе се одржи во хотел Мериот во Скопје, како што најавуваат од Јапонската амбасада, ќе се […]

Сончево со слаб до умерен ветер од јужен правец


Времето ќе биде сончево со мала локална облачност која кон крајот на денот ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени. Во Скопје претежно сончево со слаб до умерен ветер од јужен […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 22 февруари 2024 година, 53-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 313 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 21 минути, а ќе зајде во 17 часот и 15 минути. Денов трае 10 часа и 53 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина нема да изгрее […]