Пендаровски: Жената, нејзиниот глас и нејзините права мора да се почитуваат


Статусот, положбата и улогата на жените е јасен показател за степенот на демократијата во едно општество. Доколку сакаме да живееме во вистински демократско општество мора да ги земеме предвид потребите на сите граѓани во креирањето, носењето и спроведувањето на политиките. Тоа подразбира здрав амбиент во кој жените ќе бидат вклучени, а не исклучени од политичките […]

Дел од населбата Водно без вода


 Без вода денеска од .:10 часот се дел од корисниците лоцирани на дел од улицата  „Периша Савелиќ“. Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на приклучна цевка на улица „Тодор Александров“ 32 во населба Водно.  Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот. 

ЈСП: Зголемен број автобуси од и кон гробишта Бутел за „Задушница“


Поради верскиот празник „Задушница“, денеска и утре на редовните линии 59 – Карпош 3 – Кучевишка бара – гробишта Бутел, 59А – Ново Лисиче – гробишта Бутел и 59Б – Кисела Вода – гробишта Бутел, ќе сообраќаат дополнителен број автобуси, информираат од Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“. 

Променливо облачно со сончеви периоди и слаб локален дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени. Во Скопје променливо облачно со сончеви […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 8 март 2024 година, 68-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 298 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 57 минути, а ќе зајде во 17 часот и 33 минути. Денов трае 11 часа и 35 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во […]

Меѓународен ден на жената – помалку жени на раководни функции од мажи, различно вреднување на трудот


Со низа настани посветени на економската, политичката и општествената борба за рамноправност на жените, денеска се одбележува Меѓународниот ден на жената – 8 Март. Иако има напредок, сепак жените се уште не се рамноправни со мажите за што говорат податоците дека е помал процентот на жени на раководни функции, а различно се вреднува и трудот […]

Намалување на бројот на заболени од грип


Од 26 февруари до 3 март во државата се пријавени 641 случај на грип што претставува 21,8 отсто помалку во споредба со претходната недела. Бројот на пријавени лица оваа недела, во споредба со истиот период минатата година е намален за 3,9 проценти, покажуваат податоците од најновиот седмичен извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Во […]

Младите лекари бараат да им се плати праксата, МЗ чека на ДКСК


Министерството за здравство веднаш има постапено во однос на законските обврски што ги има во делот за шестмесечна платена пракса на младите лекари, кои ќе бидат ангажирани во вакциналните пунктови и во Итната медицинска помош при здравствените домови на територија на целата држава, соопштуваат попладнево од Министерството. – Националната комисија за имунизација во својот заклучок […]

Донесен Законот за високо образование – се усогласуваат платите на професорите во сите Универзитети


Собранието попладнево по скратена постапка го донесе Законот за дополнување и измени на Законот за високото образование. При утврдувањето на дневниот ред на оваа седница, пратеникот Арбер Адеми соопшти дека со дополнувањата на Законот за високото образование ќе се унифицираат платите на сите државни универзитети, со што, рече, ќе се постигне усогласување на коефициентите и […]

Анима Мунди: АХВ да ја исфрли одлуката за убивање на кучиња со лишманија


Анима Мунди бара од Агенцијата за храна и ветеринарство да ја укине одлуката со која се дозволува убивање на бездомни кучиња кај кои ќе се утврди лишманија. -Нема да дозволиме АХВ да убива кучиња! Бараме АХВ итно да ја измени Годишната наредба за здравствена заштита на животните за 2024 година и исфрли одлуката за убивање […]

Тимот на Европа и ОН утре ќе ја доделат наградата „Европска жена на годината“


Тим Европа и ОН во Северна Македонија ќе ја доделат наградата „Европска жена на годината“ за 2024 година на Меѓународниот ден на жената. „Европска жена на годината“ е награда востановена во 2022 година од Делегацијата на Европската Унија како начин да се признаат и промовираат еднаквоста и еднаквите можности како темелни вредности на ЕУ. Второто […]

ЕУ номираше седум жени од Македонија за наградата „Европска жена на годината“, еве кои се


Тим Европа и ОН во Северна Македонија ќе ја доделат наградата „Европска жена на годината“ за 2024 година на Меѓународниот ден на жената. Доделувањето на наградата на 8 март 2024 година (петок) ќе се случи во 10 часот во фоајето на Националната опера и балет. „Европска жена на годината“ е награда востановена во 2022 година […]

Битола избегна да оди на вонредни избори за Советот


  БИТОЛА – Битолските советници, и покрај тензичната атмосфера ја изгласаа завршната сметка на Општина Битола за 2023 година. „За“ гласаа и СДСМ и независната листа „Поинаку“ и ВМРО-ДПМНЕ, само двајцата советници од Левица беа против. Со тоа беше избегнато распуштањето на Советот и потоа одење на вонредни избори за него. Изгледа, сега никому не […]

Ѓоргиев: Македонско-бугарската комисија одржува редовни состаноци, засега нема напредок


Состаноците на македонско-бугарската историска комисија се одржуваат редовно и засега нема никаков напредок, изјави денеска во Штип академик Драги Ѓоргиев, кој е копретседател на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија. Тој посочи дека годинава Комисијата одржала состанок во февруари, а следниот е во април. На прашањето кога […]

Подгответе се! Доаѓаат голем број неработни денови и споени викенди во 2024-та


Оваа година покрај стандардните неработни денови кои беа објавени кон крајот на минатата година, ќе има два дополнителни неработни дена. И двата неработни дена ќе бидат во среда, поради оддржувањето на двата изборни процеси.   Па така за оддржувањето на првиот круг Претседателски избори неработен ден ќе биде 24 април 2024 – среда. Потоа за […]

Тошковски: Несериозна е изјавата на Џафери, да се изгласаат законските измени за личните документи


На 18 март се затвора Избирачкиот список и доколку не стапат во сила законските измени со кои ќе се овозможи гласање со лични документи со старото име на државата на 100 000 граѓани ќе им биде прекршено правото на гласење, изјави денеска техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски.  Одговарајќи на новинарска прашање, Тошковски рече […]

Зголемен број автобуси за Задушница


ЈСП Скопје соопшти дека поради верскиот празник Задушница, утре и задутре ќе има дополнителен број автобуси кон Гробишта Бутел. Во петок (8.03.2024 год.) и во сабота (9.03.2024 год.), зголемен број автобуси ќе има на редовните линии 59 (Карпош 3 – Кучевишка бара – Гробишта Бутел), 59А (Ново Лисиче – Гробишта Бутел) и 59Б (Кисела Вода […]

Државата ќе им даде субвенции на весниците за печатење и дистрибуција


Владата на завчерашната седница го утврди текстот на Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за медиуми и го испрати на усвојување до Собранието. Меѓу клучните цели на измените и дополнувањата е поддршката на националните весници. Владата и досега ги поддржуваше печатените медиуми преку донесување Програма за поддршка за печатење и дистрибуција на печатените […]

Дваесет месеци затвор за сопственикот на „Беса транс“, во чиј автобус загинаа 45 лица


  Трагичниот случај од ноември 2021, кога загинаа 45 македонски туристи во Бугарија, денеска доби судски епилог. Сопственикот на компанијата „Беса транс“, Беким Хаџиу, денеска беше осуден на 20 месеци затвор и парична казна од 800.000 денари, како и четиригодишна забрана за вршење на меѓународен превоз на правното лице. Хаџиу е осуден за продолженото кривично […]

ЦУК: Седум пожари на отворено и поплавени објекти во Прилепско и Битолско


Седум пожари на отворено се регистрирани во земјава во последното деноноќие, а пожарникарите паралелно гаснеле и пожари и во населени места, соопшти ЦУК. По еден пожар имало во Скопје и Велес, два во Куманово и три во Штип. Во Прилепско и Битолско имало проблеми од големите завчерашни врнежи дожд, бидејќи за 24 часа наврнале 35 […]