Не се исклучува можноста да примиме на лекување војници од Украина


 Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска од Охрид посочи дека МО не ја исклучува можноста, согласно направените проценки и во соработка со Министерството за здравство, да ги стави расположивите капацитети за лекување на војници од Украина. – Во рамки на МО постојат капацитети што би можеле да бидат ставени на располагање. Во оваа иницијатива ќе […]

Четири бебиња и едно дете хоспитализирани поради голема кашлица


Изминатата недела, односно од 1. до 7. март пријавени се 50 нови случаи на голема кашлица. Најголем дел од случаите се пријавени во Скопје, а пријавени се случаи во Тетово, Кочани, Кавадарци, Куманово и Битола, информираат од Институтот за јавно здравје.  Најголем број на случаи се од возрасните групи деца од 10-14 години. Од новите 50 случаи, […]

Петровска: Продолжува санацијата на сидриштето пред Центарот за обука на вода во Охрид


Санирањето на сидриштето за пловила пред Центарот за обука на вода на АРМ во Охрид ќе продолжи, откако за тоа се добиени сите позитивни мислења од надлежните институции дека зафатот нема негативно влијание врз животната средина, изјави министерката за одбрана, Славјанка Петровска. Петровска која денеска беше во Охрид, пред медиумите појасни дека сидриштето што се […]

ЕУ одвои над 18 милиони евра за дијагностицирање, третман и грижа за пациентите со ретки болести


Европската комисија иницираше нова акција насловена за подобрување на дијагностицирањето, третманот и грижата за пациентите со ретки болести во ЕУ, за чија реализација се одвоени 18,75 милиони евра за периодот 2024-2027 година.  Преку оваа акција во националните здравствени системи ќе бидат интегрирани Европските референтни мрежи за сложени или ретки болести и состојби кои бараат високо […]

Делови од општините Центар и Ѓорче Петров без вода


 Без вода денеска од 11:40 часот се дел од корисниците лоцирани на улиците „Цицо Поповиќ“, „Страшо Пинџур“ и „Никола Караев“.  Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на водоводна цевка предизвикана од градежна фирма на улица „Страшо Пинџур“ број 11.  Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.  Без […]

Со зголемување на енергетска ефикасност Струмица го намалува аерозагадувањето


Се подобрува енергетската ефикасност во Основното училишта „Сандо Масев“ во Струмица и подрачните училишта во Раборци и Костурино, во кои се заменуваат старите прозорци и врати со нови. Замената се врши со грант во износ од 950 илјади денари добиен по јавен повик од Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2020 година, енергетска ефикасност, аплициран […]

Од понеделник во Скопје издавање лични карти во надлежни полициски станици, според место на живеење


 Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека почнува со нов начин на издавање лични карти за жителите на Скопје. – Анализата на успешноста на доставата на лични карти на домашна адреса на граѓаните на територија на Град Скопје доведе до заклучок дека е нецелосна, несеопфатна и недоволно ефикасна, а истовремено го нема посакуваниот ефект и […]

Облачно со слаб локален дожд


Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно со слаб локален дожд, а од пладневните часови на повисоките планини во западните делови со слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени Целзиусови. Во […]

Марш за женски права: Нула починати родилки! Нула силувани жени! Не отстапуваме!


На Меѓународниот ден на жената 8 Март, жените од Македонија порачаа дека не отстапуваат од борбата за своите права. Не сакаат со правата на жените да се калкулира во политички предизборни цели. Исто така, сметаат дека животот на жената треба да се цени, па затоа целта им е да има нула силувани жени и нула […]

(Фото вест) ВМРО-ДПМНЕ прави хаос за да собира поени за пасошите


ВМРО-ДПМНЕ, место да го решава проблемот со пасошите, го користи во контионуитет за да собере гласови од граѓаните. Иако кампањата за изборите не е почната, веројатно од страв дека темата ќе изгуби на значење, објавија рекламно пано на оваа тема низ Скопје. 

Арсовска луто до Пановски: „Инфлуенсер кој чека паушал од 500 евра“. Таа на осмомартовски марш во работно време


  Град Скопје го искара советникот Никола Пановски, што повикува да се смени градоначалничката Данела Арсовска, затоа што поеќе од еден месец не ги информира советниците што е преземено, по информацијата дека од кејот крај Вардар украдени се 29 клупи за една ноќ. „Советникот од редовите на ЛДП, Никола Пановски, продолжува со срамното однесување на […]

Лога ќе го средува судството по совети на Саудиска Арабија


  По неполни шест месеци од потпишувањето на Меморандумот за соработка меѓу Македонија  и Саудиска Арабија, министерот за правда Кренар Лога  беше  поканет од страна на неговиот колега, министерот за правда Валид Мухамед Ал Самани, на работен состанок.Во рамките на посетата, министерот Лога кој беше придружуван од преставници од неколку институции од РСМ оствари посети […]

Џафери: Граѓаните треба да гласаат на изборите без оглед на рокот на документите


Техничкиот премиер Талат Џафери смета дека со измените во Изборниот законик нема целосно да се реши проблемот со валидноста на документите на граѓаните во изборниот процес и посочува дека треба да се овозможи на граѓаните да гласаат со стари документи без да има било каков рок. Не сум убеден дека ќе се реши проблемот со […]

ДСЗИ: Од понеделник забрана за невакцинирани деца во градинките


Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) денеска ја доби одлуката од министерот за здравство, врз основа на препораките од Комисијата за заразни болести, да изврши вонредни инспекциски надзори и забрани прием на деца во предучилишни установи, кои не се имунизирани, или се нецелосно имунизирани со ДТП, информираат попладнево од Инспекторатот. – Вонредните инспекциски надзори ќе […]

„Европска жена на годината“ – седум жени од земјава, препознаени како креатори на промени во нивните заедници


По повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март, Тимот Европа и Обединетите нации (ОН) во земјава денеска ја доделија наградата „Европска жена на годината“ за оваа година. Наградата ја добија седум жени од земјава, препознаени како креатори на промени во нивните заедници. Оваа награда е востановена во 2022 година од Делегацијата на Европската Унија, […]

Посебен сообраќаен режим утре во Скопје кон гробиштата во Бутел


Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека утре (сабота) поради верскиот празник Задушница од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.   Имено, со почеток од 06.00 часот сообраќајот кон градските гробишта Бутел ќе […]

Во Македонија уште се склучуваат детски бракови, УНИЦЕФ бара да сопрат


По повод 8 Март, меѓународниот ден на жената Претставничката на УНИЦЕФ, Патриција ДиЏовани повикува на поголема акција за да се стави крај на детските бракови. “ Иако оваа штетна пракса значително се намали во последната деценија, детските бракови и понатаму претставуваат проблем за девојчињата во Северна Македонија. Осум отсто од сите жени на возраст од […]

Се повлекува „милка орео“ од 37 грама поради пластика


Од продавниците се повлекува чоколаден бар „милка орео“ од 37 грама поради присуство на делови од пластика, информира Агенцијата за храна и ветеринарство. Чоколадниот бар е произведен во Mondelez Polska Production SP Zoo, а увозник е операторот со храна ТД „Нелт“. Серискиот број на повлечените производи е OSK0934652 и има рок на употреба до 18.08.2024 […]

Жените работна сила, мажите на одлучувачки позиции – најчеста слика во медиумите


Иако новинарството сѐ повеќе се перцепира како „женска“ професија, сепак, кога се работи за рамноправност во овој сектор, има да се изоди уште многу пат за таа да стане реалност. Сите анализи, истражувања и искуства покажуваат дека на одлучувачките позиции во медиумите најчесто се поставени мажи, а новинарките се само работна сила, и покрај тоа […]