Астрономски календар


Денеска е четврток, 25 април 2024 година, 116-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 250 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 38 минута, а ќе зајде во 19 часот и 26 минути. Денов трае 13 часа и 48 минути. Месечината, која е во фаза на полна месечина нема да изгрее, […]

Тошковски потврди: Ова беа демократски избори, ќе има само две кривични пријави


Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, денот на кој се гласаше за прв круг претседателски избори го прогласи за мирен и со незначителни нерегуларности. „Со задоволство сакам да истакнам дека денешниот изборен ден помина во демократска атмосфера како резултат на добрата соработка на полицијата, Државната изборна комисија и другите чинители, поради што денот помина […]

Јавното обвинителство не добило кривична пријава за нарушување на изборниот процес


Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија не пристигнала ниту една пријава за кривично дело поврзано со изборите, информираат од оваа институција. „Согласно информациите добиени од јавните обвинителства низ целата држава, изборниот ден во првиот круг од изборите за Претседател на Република […]

Затворени гласачките места


Во 19 часот затворени се избирачките места на кои граѓаните на Република Северна Македонија денеска можеа да гласаат на седмите претседателски избори. По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа. Гласачките места беа отворени во 7:00 часот. Право на глас […]

МВР регистрира уште пет случаи на фотографирање на гласачкото ливче


Министерството за внатрешни работи попладнево соопшти дека во текот на денешниот изборен ден регистрирало пет случаи во кои гласачи го фотографирале гласчкото ливче во Радовиш, Скопје, Охрид и Берово. Претходно МВР информираше за уште два вакви случаи, за изборен материјал оставен на автомобили, за исцртани графити на две локации и за пронајдена испукана димна бомба […]

Излезноста до 15 часот е 35,89 отсто, до ДИК 233 приговори за заштита на избирачкото право


 До 15 часот излезеноста на првиот круг од претседателски избори е 35,89 проценти, според податоците на Државната изборна комисија (ДИК) од 2.110 избирачки места.  -Гласањето досега се одвива мирно на сите избирачки места, информираат од ДИК.  Гласале 614 илјади граѓани. Според податоците што се пристигнати досега, најголема излезеност е забележана во Новаци со 57,69 проценти […]

Излезноста до 13 часот е над 26 отсто, во Скопје околу 32 отсто


  Излезноста до 13 часот во првиот круг од претседателските избори е 26, 35 отсто или гласале 430.364 граѓани од избирачките места од кои стигнале податоци. Тоа е 6 отсто повеќе од изборите во 2019,  рече на прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. Во скопските општини излезноста е околу 32 отсто. Слична […]

Во Скопје најголема излезност во Карпош, Чаирчани се „разбудија“ и пак се на дното


Најголема излезност до 13 часот во Скопје има во општина Карпош каде правото на глас го искористиле 34,63% од гласачите. Споредбата на излезноста со минатите претседателски избори во 2019 година покажува дека пораст на излезноста има во сите скопски општини. Најголем раст има во Чаир каде што таму во 2019 година на гласање до 13 […]

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче


Полицијата во Охрид го приведе А. И. (48) затоа што го фотографирал гласачкото ливче на избирачкото место 1271 во Охрид. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР Охрид.

Бајрами: Изборите без поголеми нерегуларности, се проверува поткуп со бесплатно инсталирање водомери


Денешниот изборен ден се одвива без поголеми нарушувања и нерегуларности, изјави јавниот обвинител Џељаљ Бајрами, претседател на Привремената комисија на Јавното обвинителство за следење евентуални кривични дела против изборите и гласањето. Како што информира Бајрами, денеска во ОЈО Радовиш е пријавено дека во село Бучим еден од гласачите наводно го покажал гласачкото ливче кон еден […]

МВР: Гласањето генерално се одвива мирно, без проблеми


Министерството за внатрешни работи досега нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, кое, генерално, се одвива мирно, без проблеми, изјави портпаролот на МВР Тони Ангеловски. Според него, од отворањето на гласачките места досега се регистрирани две фотографирања на гласачко ливче, едно во Штип и едно во Скопје. Исто така, […]

Одбележана годишнината од погибијата на охридскиот војвода Христо Узунов


Градот Охрид и оваа година традиционално ја одбележа годишнината од херојската смрт на Христо Узунов, македонскиот револуционер и војвода на охридските револуционерни чети. Во рамки на чествувањата, делегација на Општина Охрид денеска положи цвеќе пред неговата спомен-биста во Градскиот парк, а општинска делегација присуствуваше на панихидата и се поклони на гробот на Узунов во кичевското […]

Повеќе скопски села и населби утре без струја


Без струја утре од 8:30 до 14:00 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Максим Горки“ и реонот Дом на градежници во општина Центар. Во периодот од 9:00 до 14:00 часот утре без струја ќе останат поголемиот дел од потрошувачите на улица „Ринхини“ во општина Ѓорче Петров, а од 9:00 до 10:30 часот дел од корисниците […]

Мисијата на ОДИХР има повеќе од 200 набљудувачи на изборите, првичните резултати ќе ги презентира утре


 По посета на две избирачки места претпладнево,  претставничката на меѓународната мисијата за набљудување на изборите ОДИХР, оцени дека почетокот е добар, но целосна проценка за тоа како се одвива изборниот процес ќе имаат откако на крајот на денот ќе ги соберат податоците од гласачки места низ целата држава.  – Досега посетив само две избирачки места […]

На Попова Шапка утрово најстудено и најголемо количество врнежи


Најниска температура, 0 степени, утрово е измерена на Попова Шапка, каде што има и најголемо количество врнежи во изминатите 24 часа – 29 литри на квадратен метар. Како што соопшти УХМР, во 8.30 часот се измерени 3 степени во Маврови Анови и Лазарополе, 4 во  Крушево, 5 степени во Битола и Претор, 6 во Тетово […]

ДИК: До 9 часот излезноста 3,85 отсто, гласањето мирно, без неправилности


  До 9 часот излезноста на првиот круг претседателски избори е  3,85 отсто. Гласањето се одвива мирно, без неправилности, соопшти утрово претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски. Како што рече Даштевски на првата прес-конференција, излезноста е пресметана од податоците пристигнати од 832 избирачки места, каде до 9 часот гласале 15.487 гласачи. Според него, […]

Тошковски: Безбедносната состојба стабилна, нема никакви нарушувања во изборниот процес


Безбедносната состојба е стабилна. Нема никакви нарушувања во изборниот процес. Немаме забележано никакви посериозни нарушувања во изборниот процес, изјави денеска техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски.  Тој по гласањето во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ во општина Центар одговарајќи на новинарско прашање за екипираност на МВР, нагласи дека квалитативно и квантитативно бројките се како што […]

Почнуваат активностите за вежбата „Swift Response 24“


Од денеска почнуваат подготвителните активности за изведување на вежбата „Swift Response 24”, што е во рамки на кампањата на вежби „DEFENDER 24“ кои се во организација на командата на вооружените сили на САД за Европа и Африка „USAREUR-AF”, а се изведуваат секоја година на тлото на Европа, соопштија од Армијата на Република Северна Македонија. Делот […]