Миле Јанакиески ќе излезе од затвор шест месеци порано, во јуни годинава


  На поранешниот министер за транспорт му остануваат уште три месеци затвор пред да биде пуштен на условен отпуст на 17 јуни 2024. Таква одлука донел Апелацискиот суд. Првичната одлука беше со датум од 16 јануари 2025. „Согласно донесеното решение на Апелацискиот суд – Скопје, одлуката за условен отпуст е преиначена и условниот отпуст за […]

Голем интерес за вакцинација со ДиТеПер во Здравствен дом Куманово


Над 60 деца денеска се вакцинирани со ДиТеПер вакцина во вакциналниот пункт на здравствен дом Куманово, соопштија лекарите. Поголем дел од нив се деца на предучилишна возраст кои примаат ревакцина. Моментално имаме многу метеж за вакцинација за пертусис кај нас во Куманово. Се зголеми бројот, ги повикуваме, но и родителите сами доаѓаат бидејќи во градинка […]

Во Врховен утре јавна седница по жалбата за продолжениот притвор на таткото на убиената Вања


Во Врховниот суд на Република Северна Македонија утре со почеток од 12 часот ќе се одржи јавна седница по жалбата против мерката притвор на Александар Ѓорчевски, осомничен во предметот за убиството на неговата ќерка, Вања Ѓорчевска. Како што информираат од Врховен, во кривичниот предмет познат во јавноста како „Убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска“, пред Врховниот […]

Јакимовски: Мојот син и снаата побараа венчаница, а добија умреница


Градоначалникот на општина Карпош и претседателски кандидат Стевчо Јакимовски се пожали дека неговиот син и снаата наместо извод од матичната книга на венчани лица, добиле извод од книга на умрените и денот на нивната венчавка е впишан како денот на нивната смрт. „Скандал. Од црн по црн хумор. Замислете мојата снајка и мојот син побараа […]

Град со големина на орев го погоди Гевгелиско


Невреме со град со големина на орев го погоди регионот на Гевгелија, а најмногу град падна во селото Негорци. Според информации од жители на Негорци, градот на два пати го погодил регионот. – Град со големина на орев паѓаше нешто по 12:30 часот, а по 13:00 часот повторно падна и се е побеле. Според информациите […]

Општините Илинден, Гази Баба, Бутел и Чучер Сандево заедно до повеќе пари за рурален развој


Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски заедно со градоначалниците на општините Гази Баба, Бобан Стефковски, на Бутел, Дарко Костовски и на Чучер Сандево, Сашко Комненовиќ, потпишаа Меморандум за соработка за основање на локална акциона група (ЛАГ). Со потпишувањето на овој Меморандум сите општини, потписници партнерски ќе учествуваат во основањето на ЛАГ- локална акциона група, како […]

Годинава спречени 1.596 обиди за влез на илегални мигранти


Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, денеска во Демир Капија ги посети полициските службеници од пунктот за борба против илегалната миграција и криумчарење мигранти, во рамки на оперативната акција „Рефлекс“, соопшти МВР. -Тука сме директно на терен да посведочиме на остварувањето на работните задачи и планови на полициските службеници, со цел поефикасна борба […]

Алармантно во Скопје: 50 отсто од децата не се вакцинирани против голема кашлица


  Ситуацијата во Скопје со вакцинирањето со дитепер е поразителна и загрижувачка – речиси 50 отсто од децата се невакцинирани или нецелосно вакцинирани. Во другите градови бројката на вакцинирани изнесува 95 проценти. Овие податоци денеска ги објави директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Рената Младеновска, откако во текот на вчерашниот ден, ДСЗИ излезе на […]

Од петок намалување на условите за дожд и повеќе сончеви периоди


Во следните денови наутро ќе биде свежо и ќе се задржи променливо облачно време со повремен дожд. Како што најавуваат од УХМР, во петок и за време на викендот условите за врнежи ќе се намалат и ќе има повеќе сончеви периоди.  Времето денеска променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа и особено во јужните […]

Со клик до извод од ДУП, регистрирајте се на ГИС порталот на Општина Центар


Услугата вадење на извод од ДУП е достапна за сите регистрирани корисници на ГИС порталот на општина Центар односно на (географскиот информациски систем). Со регистрација на  https://gis.centar.gov.mk/NexusPublicPortal/PublicPortal/Map, или преку страната  на Општина Центар https://www.centar.gov.mk активна е опцијата  за електронско поднесување барање за извод од ДУП, со што се олеснува и забрзува процедурата, без беспотребно чекање по шалтери. Регистрираниот […]

O2 Иницијатива предложи законски измени: „Јакимовски не го поништува одобрението за градба на висококатницата кај Воена болница“


Токму пред избори, ќе видиме кој кого брани и кој е на страна на правдата, а кој ги брани приватните интереси на моќниците. На потег се пратениците. Поради сериозни злоупотреби и сериозна штета која секојдневно се акумулира со изградбата на комплексот на згради, т.н. 17 катница, во заштитеното подрачје на привремено заштитеното добро Споменик Воена […]

Лекарска комора: Нула толеранција за насилство врз здравствени работници


Близу 80 отсто од лекарите и здравствените работници биле изложени на некаков вид насилство, а 70 отсто од нападите воопшто не биле пријавени, соопштија од Лекарската комора, на Европскиот ден за подигнување на свеста против насилството врз здравствените работници. Овие податоци се од анкета спроведена пред две години. Насилството врз здравствени работници добива на интензитет, […]

Боево гаѓање на стрелиштето „Леково“ кај Битола


  Регионалниот ЦУК Битола, информира дека од Министерство за одбрана дека денеска од 8.30 до 15 часот на стрелиштето ,,Леково“ ќе биде реализирано боjно гаѓање. -Заради безбедност, се забранува секакво движење на лица и стока во реонот на стрелиштето. Истовремено се информира дека, по завршувањето на гаѓањето во реонот на стрелиштето, ако се најдат неексплодирани […]

Најмногу дожд во Радовиш 37 литри на квадрат, во Скопје 22


Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврна во Радовиш 37 литри на метар квадратен, 31 литар Лазарополе, 26 во Берово, 24 во Крушево, а 22 литри во Скопје. Во текот на ноќта времето беше облачно со врнежи од дожд, кои наместа беа пообилни и проследени со грмежи. Дуваше слаб до умерен, а наместа во источните делови […]

Дебата „Улогата и влијанието на религијата во современото општество“


Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје денеска организира дебата на тема „Улогата и влијанието на религијата во современото општество“. Според организаторите, во регионални, но и европски рамки, интересот на науката и истражувачите за и околу Република Северна Македонија е фокусиран, пред се, на мултиетничките карактеристики на македонското општество. Покрај тоа нашата држава […]

Отворање на изложбата „Калиопе Австрија и Северна Македонија“


 „Калиопе Австрија и Северна Македонија“, Жените во општеството, културата и науката, е насловена изложбата што денес ќе биде отворена во Чифте амам, во организација на Австриската амбасада во соработка со Националната галерија на Република Северна Македонија.   Австриското Сојузно Министерство за европски и меѓународни работи и Женскиот музеј во австриското гратче Хитисау во покраината Форарлберг, се […]

Промениво облачно и нестабилно, со пороен дожд и грмежи


Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени. […]

Герасимовски: Ако надлежноста за јавната хигиена ја преземат општините сигурен сум дека ќе имаме почисти населби


Ако општините ја преземат одговорноста за јавната чистото, Скопје би бил многу почист, смета градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. „Доколку сите општини ги преземат ингеренциите од градот за одржување на јавната хигиена на булеварите сигурен сум дека градот односно сите општини ќе бидат многу почисти од сега“, вели Герасимовски, во денешното гостување во Слободен […]

Извршителите да ги почитуваат законските измени за застарување на долговите, бараат граѓаните


Извршителите да ги почитуваат измените од Законот за облигациони односи кои се однесуваат на застарувањето на долгови, побараа граѓаните на мирен протест пред Министерството за правда. Тие преку писмени барања се обратија и до министерот Кренар Лога. Оценуваат дека не се применуваат измените во конкретниот закон од страната на извршителите, кои се однесуваат на застарувањето […]

Советот ја усвои завршната сметка на буџетот на Општина Карпош за 2023 година


Мнозинството советници од Карпош ја изгласаа Завршната сметка на Буџетот на локалната самоуправа за 2023 година, којашто е изработена врз основа на Законот за буџетите и Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа. Инаку, остварувањето на приходи во Буџетот за 2023 година зависи од приливот на средства добиени од даноците на имот, даноците на […]