Град Скопје: Се реконструира главниот мост над Маркова Река, можно отежнато одвивање на сообраќајот


Град Скопје соопшти дека од денеска Јавното претпријатие за државни патишта започнува со реконструкција на главниот мост над Маркова Река во скопската населба Драчево. Поради изведувањето на градежните работи, во наредниот период може да има отежнато одвивање на сообраќајот, па од Град Скопје замолуваат за трпение, разбирање и почитување на сообраќајниот ред. – Реконструкцијата на […]

Заради лош ревизорски извештај директорот на Катастар ќе може да биде избркан од работа


Директорот и Управниот одбор на Агенцијата за катастар ќе може да останат без функција поради ревизорски наоди и финансиски пропусти, ако есенва помине Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за катастар и недвижности, пишува „Слободен печат“. Со новите предложени измени и дополнувања на Законот за катастар и недвижности се менуваат правилата за избор и […]

Оддавање почит на загинатите бранители кај Љуботенски бачила: Нивниот пример нека биде наш патоказ


 За нас 10 август не е само датум, тоа е ден кога Македонија молчи од почит и кога се поклонува пред своите херои, ден кога со гордост и благодарност се сеќава на своите македонски бранители. Нивниот пример нека биде наш патоказ, а нивната храброст инспирација за секоја нова, сегашна и идна генерација. Нивната љубов нека […]

И реките Тополка и Бабуна загадени, не се препорачуваат за капење


Најновите анализи што ги изврши Центарот за јавно здравје – Велес покажаа дека реките Тополка и Бабуна се микробиолошки загадени и не се препорачуваат за капење и рекреација. Кога на ова ќе се додаде дека езерото Младост веќе две години е под забрана, единствена безбедна опција за граѓаните во Велес остануваат градскиот базен и приватните […]

Македонско знаме со 12 краци на официјалната прослава за 35 години од независноста- ВМРО вели дека е „уметничка инсталација“


Знаме со 12, наместо со осум краци, синоќа беше прикажано на големата прослава во Охрид како дел од одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Македонија. Музичкиот спектакл „Силно светнал ден“ беше одржан на стадионот „Билјанини извори“. Охрид беше првата станица од најавената турнеја, која треба да опфати 11 македонски градови. Завршниот настан е најавен за 4 […]

ИЈЗ со препораки за постари од 65 години – не вклучувајте рерни од 13 до 17 часот


Лицата над 65 години се почувствителни на здравствените ефекти од високите температури и топлотните бранови. Согласно националните и меѓународните препораки, лицата над 65 години се сметаат за една од ризичните категории на населението. Со возраста, организмот потешко се приспособува на високите температури. Дополнително, повозрасните лица почесто имаат хронични заболувања и користат редовна терапија, а одредени […]

Дваесет и пет години од од загинувањето на осумтемина бранители кај Љуботенски бачила


Денеска се навршуваат 25 години од загинувањето на осумтемина припадници на резервниот состав на Армијата кај месноста Љуботенски бачила. На 10 август 2001 година со воено товарно возило на патот кон месноста Љуботенски Бачила при активирање на мина животот го загубија осум припадници на резервниот состав на Армијата: Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав […]

Под контрола пожарот кај Крива Паланка, останатите се изгаснати


Вкупно 26 пожари на отворен простор се регистрирани во земјава во изминатите 24 часа, од кои нема активни, под контрола е еден, а 25 пожари се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Под контрола е пожарот на излез од Крива Паланка, кај депонијата. Останатите пожари се изгаснати.

Армијата и Министерството за одбрана ќе им оддадат почит на загинатите бранители кај Љуботенски бачила


Делегација од Генералштабот на Армијата и Министерството за одбрана, предводена од началникот на ГШ, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денеска ќе положи цвеќе во спомен на осумтемина припадници на резервниот состав на Армијата кои загинаа во 2001 година кај месноста Љуботенски бачила. Како што соопшти Генералштабот на Армијата, во рамки на чествувањето делегацијата ќе положи цвеќе на […]

Дел од Центар без вода поради дефект на водоводна мрежа


Без вода денеска од 8 часот ќе останат дел од корисницитена улиците „Рајко Жинзифов“, „Владимир Полежиновски“, „Стефан Јакимов-Дедов“ и „Борка Талевски“ во Општина Центар. Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) – Скопје, прекинот во водоснабдувањето е поради уличен дефект на водоводна цевка со пречник од 80 милиметри на улицата „Рајко Жинзифов“ […]

Дел од Петровец и Ќојлија денеска без струја поради технички зафат на мрежата


Без електрична енергија денеска од 9 до 12 часот ќе останат дел од корисниците во Петровец и Ќојлија поради технички зафат на електродистрибутивната мрежа. Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) – Скопје, повикувајќи се на информација од ЕВН, прекинот во снабдувањето со електрична енергија е поради изработка на кабелска спојница на […]

Денеска многу топло, температури до 39 степени


Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 24, а максималната ќе достигне од 32 до […]

Во болницата во Кочани за два дена родени седум бебиња


Кочани добива ретко убава и позитивна вест од Гинеколошко-акушерското одделение на кочанската Општата болница. Во изминатите два дена, на одделението по природен пат се породиле седум мајки, при што на свет дошле четири машки и три женски бебиња. Од Општата болница велат дека се надеваат оти позитивниот тренд ќе продолжи и во периодот што следи, […]

Мицкоски објави видео 35 години независност без ниеден потпис на ВМРО, вели СДСМ


Откако Мицкоски од Брисел го сподели промотивното видео  по повод 35 години независност на Македонија, со реакција се јави СДСМ.  „Христијан Мицкоски денеска објави видео по повод 35 години независност на Македонија. И што видовме? Видео што ја слави државотворната политика на СДСМ. Во видеото е Киро Глигоров. Во видеото се најголемите државни успеси на […]

На ТОАРИЛУЦ примени поголем број пациенти повредени во сообраќајки, има и случаи на колапс предизвикан од високите температури


Во изминатиот период на Клиниката за ТОАРИЛУЦ се примени поголем број пациенти повредени во сообраќајни незгоди, меѓу кои и околу петмина мотоциклисти со тешки повреди, а регистрирани се и случаи на колапс предизвикан од високите температури, информираше директорот на клиниката, д-р Игор Мерџановски. – Имаме пациент со повреда на вратот кој успеавме да го спасиме […]

Подобрена состојбата на пациентот транспортиран од Турција, лекарите апелираат на внимателност при скокови во вода


Пациентот кој беше транспортиран од Турција по тешка повреда на рбетниот мозок е во стабилна состојба, виталните параметри му се добри и е надвор од животна опасност, истакна директорот на Клиниката за ТОАРИЛУЦ, д-р Игор Мерџановски.  Тој информира дека пациентот е контактибилен, свесен, дише самостојно и веќе започнал да прима храна по природен пат, а […]

Почина Мила Камбовска, поранешен судија на Врховниот суд


Вчера на 79 годишна возраст, почина Мила Камбовска, поранешен судија на Врховниот суд на Република Македонија, во пензија. Како што информираат од семјеството, последна почит ќе и биде оддадена во понеделник, на 10 август во Капелата на Градските гробишта Бутел од 10 до 11 часот. 

Мицкоски од Брисел го сподели промо-видеото по повод 35 години независност на Македонија


Специјално видео во пресрет на одбележувањето на 35 – годишнината на независноста на Македонија објави денеска претседателот на Владата Христијан Мицкоски на својот профил на Фејсбук, додека е на осумдневен одмор во Белгија со семејството.  „Силно светнал ден! 35 години независност“, напиша тој на Фејсбук. На 8 септември се одбележувааат 35 години од независноста на […]

На граничните премини Табановце, Пелинце и Богородица зголемена фреквенција на возила, се чека и по повеќе од еден час


 Поради зголемена фреквенција на возила на граничните премини со Србија – Табановце и Пелинце за влез во земјата се чека повеќе од еден час, а за излез половина час. На преминот Богородица на границата со Грција за влез и за излез од земјата се чека по повеќе од еден час, објави АМСМ на нивната веб […]

ЦУК: Девет пожари на отворено од кои пет се активни


 На територијата на државата заклучно со 13 часот денеска регистрирани се вкупно девет пожари на отворен простор, од кои пет се активни, еден е под контрола, а три се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни пожари има во село Горно Лисиче, Општина Аеродром каде гори ниска вегетација, дрва и пченка, на автоатот […]