Почнува полагањето матура во августовскиот испитен рок


Августовскиот рок за екстерните испити од матурата за кандидатите кои во јуни не ја положија или не во целост ќе биде спроведен денеска и во петок (14 август), со почеток во 9 часот.  Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), во август за државна матура се пријавени 1328 ученици, за стручна матура 126 и шест […]

И денес многу топло, температури до 40 Целзиусови степени


Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена […]

Уметничката инсталација замина во историја: Македонското знаме без вишокот зраци во Битола


По забелешките за употребата на несоодветен симбол на концертот „Силно светнал ден“ во Охрид, во Битола грешката е коригирана. На вечерашниот настан во Битола беше истакнато официјалното македонско знаме со осум сончеви зраци, со што беше отстранета дилемата која се појави по настапот во Охрид. Потсетуваме, „Силно светнал ден“ е голем музичко-сценски спектакл посветен на […]

Николоски за „филмската“ кражба на трансформатори: Таа не е можна без луѓе од ЕВН и Железница


Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, го опишува како „филмски“ грабежот на електровлечната потстаница во Драчево, кој ресорното министерство минатиот месец го оцени како тежок напад врз критичната железничка инфраструктура. За потсетување, при кражбата биле насилно превртени два големи електроенергетски трансформатори, секој со тежина од над 30 тони. Од трансформаторите било испуштено и истурено […]

Срната која беше удрена на патот кон Кичево е хоспитализирана


Срната која била удрена на патот кон Кичево е хоспитализирана и се наоѓа во животозагрозувачка состојба, информираат од здружението „Анимал воис“, од каде што објавија детали за нејзините повреди и апелираа за помош за лекувањето.Ветеринарниот тим веднаш презел мерки за нејзино стабилизирање, а прегледите покажале сериозни повреди. Срната има скршеници на вилицата и задната нога, […]

Јаневска: Учениците ќе ја почнат новата учебна година со учебници


Учениците ќе ја почнат новата учебна година со обезбедени учебници, а најголемиот дел од нивната дистрибуција веќе е завршен, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска.Во интервју за телевизија Сител, Јаневска истакна дека Министерството за образование и наука презело повеќе мерки за подобрување на системот за издавање и дистрибуција на учебниците, вклучително и донесување […]

Македонија и утре во портокалова фаза – заштитете се!


Високи температури на територијата на целата држава за утрешниот ден најавува Управата за хидрометеоролошки работи.  Македонија, на целата територија ќе биде во портокалова фаза, на граница од црвена – фаза која претпоставува два дена по ред температури над 40 степени Целзиусови.  Сепак, прогнозата на УХМР се дека во Скопје температурата ќе се искачи до 38 […]

МВР: Граѓаните да не отвораат лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ и да не споделуваат лични податоци


Министерството за внатрешни работи денеска упати апел до граѓаните да не отвораат лажни пораки, кои наводно се испратени од „Безбеден град“ и да не споделуваат лични податоци. Изминатиов период, нагласува МВР, е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку лажни СМС пораки, електронски пораки, веб-страници, мобилни апликации и пораки на социјалните мрежи. Лажните […]

Нула комуналии за изградба на куќа за млади до 35 години во Гази Баба


Една од мерките од нашата изборна програма која веќе е реализирана е ослободувањето од плаќање комуналии за изградба на куќа за млади до 35 години, објави градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски. „Иако првично мерката беше наменета за лица до 29 години, по детална анализа и препознавање на реалните потреби на младите, ја зголемивме […]

Околу 700 Филипинки добиле македонски пасоши преку амбасадата во Австралија


Додека државата се празни, дијаспората на Македонија во странство станува се поголема – и тоа не само поради новите иселеници, туку и преку семејствата што тие ги формираат надвор од нашите граници. Како илустрација, според неофицијални податоци, во текот на оваа година во Австралија биле издадени околу 700 патни исправи на Филипинки кои стапиле во […]

Ѓорѓиевски ја релативизира депонијата кај Рашче – водата била безбедна за пиење


Информациите кои се пласираат во јавноста за површинската депонија која се поврзува со изворот „Рашче“ создаваат непотребен страв и паника кај граѓаните во однос на безбедноста на водата за пиење, соопшти денеска скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. Во објавата на неговиот профил на Фејсбук тој потенцира дека депонијата за која се зборува не се наоѓа на […]

УХМР: Годинашниот јули просечно топол и просечно врнежлив месец


 Јули оваа година беше просечно топол и просечно врнежлив месец во споредба со многугодишните просечни вредности (1991 -2020), на ниво на држава, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи по анализата на мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во Република Северна Македонија. Средномесечната температура во јули се движела од 18,0 степени во Маврово до 27,2 степени во […]

СДСМ: Власта ги извиси земјоделците, во време на СДСМ откупната цена на ајварката беше 50 денари


Власта на Мицкоски ги извиси и ги  изманипулира земјоделците производители на црвена пиперка. Наместо откупна цена која ќе им обезбеди исплатливо производство, министерот за земјоделство Борче Серафимовски, на земјоделците им нуди милостина, се наведува во соопштението на СДСМ. Од СДСМ веласт дека договорената цена што Серафимовски сака да ја прикаже како некаков успех е далеку […]

Две градинки во Карпош ќе добијат фотонапонски централи


Советот на Општина Карпош заседаваше по 16-ти пат, во чии рамки беа разгледувани 13 точки кои се најдоа на денешниот дневен ред. Во таа насока, советниците ја поддржаа Одлуката со која се дава согласност за кофинансирање на проектот „Карпош SustainableHousing Lab“ кој влијае на намалување на CO₂ емисиите и подобрување на комфорот на живеење. Станува […]

ФЗО објаснува зошто во МВР останале без здравствено осигурување: Не е технички проблем, системот е таков


Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) соопшти дека состојбата со здравственото осигурување на вработените во Министерството за внатрешни работи не е резултат на технички проблем или застој во системот на Фондот. Според податоците евидентирани во системот, во Министерството за внатрешни работи се регистрирани вработени кои се вратени на работа врз основа на судски одлуки. За дел […]

Не расте обемот, туку бруталноста во случаите на врсничко насилство – ќе бидат ли и понатаму деца присилувани да јадат измет?


Во последните три учебни години, просечно се пријавуваат по околу 50 случаи на врсничко насилство годишно во училиштата. Тоа покажува дека обемот на насилството не расте, но загрижува фактот што расте бруталноста во дел од пријавените случаи. Затоа, институциите на централно ниво, со поддршка на локалните самоуправи, граѓанскиот сектор и меѓународните партнери, ги зајакнуваат и […]

Прв уписен рок на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип – има место за 3.341 бруцоши


Првиот рок за упис на кандидати во прва година додипломски студии за академската 2026-2027 година на 12 факултети и три академии на Универзитетот „Гоце Делчев“(УГД)-Штип започнува идната недела, и ќе трае три дена, на 19, 20 и 21 август, најави на денешната прес-конференција ректорот на УГД, Дејан Мираковски. Прелиминарните резултати ќе бидат објавени на 26 […]

Кисела Вода дели ранчиња и прибор за првачињата – не изложувајте се на трошоци!


Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска денеска информираше дека Општината ќе додели бесплатен анатомски ранец и училишен прибор за секое прваче. „Првиот училишен ден е празник за секое семејство. Мојата цел како ваш градоначалник, е тој ден да биде исполнет исклучиво со детски насмевки, а не со финансиски грижи за вашиот домашен буџет! Затоа, и […]

Судскиот совет и Здружението на судиите видоа можен притисок од Уставниот суд


Судскиот совет и Здружението на судиите на  Македонија возвратија на јавно упатената опомена од Уставниот суд дека судија од Основниот граѓански суд Скопје, кој постапувал во предметот на новинарката Наташа Стојановска, не ја извршил неговата одлука. Според реакцијата, „секое институционално постапување поврзано со конкретната неправосилна судска одлука бара особена внимателност и воздржаност, за да не […]

Пријави се до 27 август и добиј официјална маица во стартниот пакет на Виз Ер Скопски маратон


Секоја голема промена започнува со еден чекор. Одлуката да започнеш да трчаш, да поставиш нова цел или едноставно да направиш нешто добро за себе може да биде почеток на патување кое ќе те промени. Токму таква можност носи Виз Ер Скопски маратон 2026, кој ќе се одржи на 4 октомври 2026 година, а пријавувањето е […]