АХВ и „Водовод“ тврдат дека водата од скопскиот водовод е безбедна за пиење


Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најостро ги демантира пласираните дезинформации во јавноста дека водата од скопскиот водоснабдителен сиистем е небезнедена за пиење поради наводно присуство на бактерија ешерихија коли. „Како одговорна институција ја информираме јевноста дека АХВ до овој момент нема добиено известување од скопското јавно комунално претпријатије за незадоволителен резултат од лабораториско тестирање […]

Град Скопје негира дека има Ешерихија коли во скопската вода – ова бил оркестриран напад


Не е точно дека е пронајдено Ешерихија коли во водата која го снабдува Скопје, ова е оркестриран напад, а подоцна ќе излеземе со целосна информација, тврдат од Град Скопје откако во јавноста почна да се шири информацијата дека и скопската вода да не е погодна за пиење поради постоење на оваа бактерија. ЈП „Водовод и […]

Зголемен број пациенти со стомачни болки, но од горештините, не од водата во Скопје


Немаме податоци дека некој има гастроинтестинални тегоби поради пиење на водата за пиење во Скопје. Вака денеска одговори директорот на Клиниката за Инфективни болести во Скопје, доктор Фадил Цана, на новинарско прашање, дали е вистина, како што се пишувало по социјалните мрежи, дека имало пациенти со здравствени проблеми поради водата за пиење во Скопје. – […]

Андоновски: 95 институции поврзани преку Платформата за интероперабилност


 Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски информира дека веќе 95 институции се поврзани преку Платформата за интероперабилност. Посочува дека за 130 отсто e зголемен бројот на трансакции споредено со лани, на 3,5 милиони трансакции во јули. -Податоците треба да се движат, не граѓаните. Ако државата веќе има одреден податок, нема причина повторно да го бара […]

Прогласена епидемија на западнонилска треска во Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром, Бутел и Илинден


 Епидемија на западно-нилска треска е прогласена во скопските општини – Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром, Бутел и Илинден. Здравствените власти убедуваат дека нема место за паника и апелираат да се почитуваат мерките за лична заштита од Западно-нилска треска.   Во земјава, од почетокот на годината се евидентирани 26 пациенти заболени од Западно-нилска треска, а еден […]

Маж почина од западнонилска треска во Македонија


Еден пациент почина од западнонилска треска во земјава, информираше денеска Клиниката за инфективни болести. Станува збор за 83-годишен пациент, кој, според лекарите, имал и други заболувања. Директорот на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, д-р Фадил Цана информираше дека пациентите се третираат на клиниката која располага со капацитети и соодветна дијагностика. – Четворица пациенти […]

Уставниот суд возврати: Судската независност не може да биде оправдување за непочитување на Уставот


  Уставниот суд им порача на членовите на Судскиот совет и Здружението на судии дека  независноста на судската власт  не може да биде оправдување за непочитување на Уставот. Во реакцијата на нивната реакција Уставниот суд укажа исто така дека независноста при судиското одлучување не може да се толкува како „можност конечните и извршните одлуки на […]

Штерјова: Во Гостивар има нови заболени, изворот на заразата не е под контрола


Здравствената криза во Гостивар продолжува, а граѓаните и по пет недели сè уште немаат безбедна вода за пиење, обвини портпаролката на СДСМ, Кети Штерјова, на денешната прес-конференција. Според информациите со кои располага партијата, има и нови заболени, како и случаи на реинфекција кај граѓани кои повторно се разболеле. Според неа, тоа укажува дека ризикот сè […]

Денеска три астрономски спектакли – ќе бидат видливи и од Македонија


Жителите на северната хемисфера на Земјата денеска ќе можат да проследат редок астрономски настан – помрачување на Сонцето. Во некои региони ќе има целосно затемнување, а во други само делумно. Овој астрономски феномен се случува кога Месечината поминува помеѓу Земјата и Сонцето, блокирајќи ја сончевата светлина целосно или делумно. Целосно помрачување на Сонцето ќе биде […]

Вонредна дезинсекција во Драчево против ларви и комарци


Вонредна дезинсекција во Драчево: Денеска акција против ларви, во петок третман против возрасни комарци, најави денеска градоначалничката Бети Стаменковска Трајкоска. -Центарот за јавно здравје, во соработка со Општина Кисела Вода, денеска спроведува вонредна акција за дезинсекција на подрачјето на населбата Драчево, со цел ефикасна заштита на нашите граѓани од комарци и спречување на нивното масовно […]

Завршува топлотниот бран: Од утре локално невреме и пад на температурите


УХМР за наредните денови најави пороен дожд, грмежи и локално невреме. Утре и во петок наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени, информира УХМР. Во Скопје времето ќе […]

Ако граѓаните навистина одлучуваат, нека се распише референдум за Барутана, бара Левица


Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, повторно се обидува преку ПР-соопштенија да ја смени суштината на дебатата околу спорниот Нацрт-ДУП за Барутана, претставувајќи ја задолжителната јавна анкета како доказ дека граѓаните наводно „директно се вклучени во одлучувањето”. Но, јавната презентација и јавната анкета се законски предвиден дел од постапката за донесување на урбанистички план и […]

Се поставува атмосферска канализација на „Волгоградска“


Општина Карпош започна со реализација на градени активности за поставување на нова атмосферска канализација на улицата „Волгоградска“ во населбата Карпош 4. Предвидено е поставување на атмосферска мрежа во должина од 60 метри, со што ќе се унапреди системот за одведување на атмосферските води и ќе се подобри функционалноста на инфраструктурата во овој дел од населбата. […]

Една четвртина од младите на возраст од 15 до 16 години се коцкале за пари во последната година


Една четвртина од учениците на возраст од 15 до 16 години во земјава се коцкале за пари во последните 12 месеци, или 34 отсто од момчињата и 16 отсто од девојчињата. Младинската група на Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување – ХЕРА Млади, заедно со Иницијативата „Фрли ја коцката!“, по повод Меѓународниот ден на младите […]

ДУИ: Како Недим Рама, додека директорува со НОМАГАС, обезбедил капитал за инвестиции во „Мерцедес“?


ДУИ бара одговори за имотниот лист на Недим Рама, директор на НОМАГАС, особено за инвестициите во Mercedes-Benz Group AG кои според партијата се сомнителни и треба да се проверат од антикорупциските органи за потеклото на капиталот. Имотниот лист на Недим Рама, директор на НОМАГАС и близок соработник на Изет Меџити, отвора многу посериозни прашања од […]

МОН: Партнерскиот однос со младите, клуч за иднината на државата


Младите се двигател на општествениот развој, а нивното знаење, креативност и енергија се најголемата инвестиција во иднината на државата. Затоа, континуирано работиме на создавање повеќе и подобри можности за образование, личен развој и професионална реализација на новите генерации во сопствената земја. По повод 12 август, Меѓународниот ден на младите, Министерството за образование и наука уште […]

Петта година по ред бесплатни ранчиња за сите првачиња во Центар


Општина Центар и оваа година продолжува со поддршката за најмладите ученици и нивните семејства. Петта година по ред, сите првачиња запишани во осумте општински основни училишта ќе добијат бесплатни училишни ранчиња, обезбедени со средства од општинскиот буџет. Градоначалникот Горан Герасимовски вели дека оваа мерка веќе стана убава традиција со која Општината им посакува добредојде на […]

Без струја Момин Поток, основното училиште во Петровец и ЈП Паркови и зеленило


Без електрична енергија денеска во периодот од 08.30 до 13.00 часот ќе останат корисниците во населба Момин Поток, поточно на ул.Калош Дани, фирмите Стил Железо, Синтекс, Европа 92, сооптши РЦУК Скопје. Струја од 09.00 до 13.00 часот, ќе нема објектот на ОУ Кочо Рацин во Петровец, а од 09.00 до 14.00 часот, главниот објект на […]

Со панел-дискусии почнува одбележувањето на 25-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор


Под покровителство на Министерството за односи меѓу заедниците и министерот Агон Ферати денеска и утре со низа активности и панел-дискусии ќе почне одбележувањето на 25-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. Од Министерството за односи меѓу заедниците информираат дека денеска во Клубот на пратеници ќе се одржат неколку панел-дискусии, а утре ќе се одржи главниот […]

Почнува полагањето матура во августовскиот испитен рок


Августовскиот рок за екстерните испити од матурата за кандидатите кои во јуни не ја положија или не во целост ќе биде спроведен денеска и во петок (14 август), со почеток во 9 часот.  Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), во август за државна матура се пријавени 1328 ученици, за стручна матура 126 и шест […]