Распишан тендерот за преквалификација на БРТ системот
Проектот за брз автобуски превоз (БРТ) почнува да се реализира, откако попладнево, градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски објави дека распишана е тендерска постапка за преквалификацијa, одобрено од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).
Тој, преку видео лиферувано преку социјалните медиуми ги повика сите компании заинтересирани за изведба на проектот да се јават на тендерот за да има поголема конкуренција.
Очекувањата на Ѓорѓиевски се пред крајот на неговиот мандат скопјани да можат да се возат со брзиот автобуски систем, кој пак ќе биде поддржан со 100 нови електрични автобуси, чија испорачка се чека, како и со градскиот воз.