Досега доделени 376 субвенции за велосипеди во Центар, во тек е нов повик, аплицирајте


Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, информира дека е во тек јавниот повик за доделување на поединечни субвенции за купување велосипеди, е-велосипеди, е-тротинети и дополнителна опрема. Герасимовски, потенцира дека од 2022 година досега се доделени  вкупно 376 субвенции за велосипеди.  -Го поттикнуваме користењето на алтернативни и еколошки превозни средства. Од 2022 година досега, доделивме 376 …

Досега доделени 376 субвенции за велосипеди во Центар, во тек е нов повик, аплицирајте Read More »

Јован од Виница дочекан со аплауз од соучениците – спаси 21 дете од пожарот во Кочани (видео)


Јован Костадинов, 19-годишното момче од Виница, кој спаси дваесетина млади од пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, денеска се врати на училиште, а неговите соученици и професорите го дочекаа со аплауз. Јован Костадинов од Виница е вистинки херој кој за време на пожарот во дискотеката “Пулс” во Кочани, ги спасил животите на повеќе деца од клубот. …

Јован од Виница дочекан со аплауз од соучениците – спаси 21 дете од пожарот во Кочани (видео) Read More »

Во Струмица ќе се организираат вежби за евакуација во училиштата


 Во соработка со директорите на основните и средните училишта на територијата на Општина Струмица, во наредните денови ќе се организираат вежби во континуитет за евакуација на учениците и училишниот персонал во случај на пожар. Вежбите ќе се организираат со учество на Територијалната против пожарна единица (ТППЕ) Струмица, информираа струмичките пожарникари. Организирањето вежби за евакуација го …

Во Струмица ќе се организираат вежби за евакуација во училиштата Read More »

Викендов почнува летно сметање на времето


Летното сметање на времето во 2025 година почнува на 30 март во 02:00 часот, а потоа ги поместуваме часовниците за еден час нанапред, до 03:00 часот. Според некои извори, целта на оваа постапка била да се искористи дневната светлина и да се заштеди потрошувачката на енергија.   Во последните години многу земји сакаа да го …

Викендов почнува летно сметање на времето Read More »

Премиера на документарниот филм „Промени го крајот на нечија приказна”


Вечерва, во 19 часот, во кино „Фросина“ во МКЦ,  ќе се одржи премиерата на документарниот филм „Промениго крајот на нечија приказна”, изработен во рамките на проектот „Поддршка на системот за трансплантација” финансиран од Европската Унија. Документарниот филм ги следи животните приказни на пациенти, донори и медицински професионалци кои се дел од системот за трансплантација во …

Премиера на документарниот филм „Промени го крајот на нечија приказна” Read More »

Доделување на новинарските награди „Никола Младенов“ за 2024 година


Македонскиот институт за медиуми денеска ќе ги додели новинарските награди „Никола Младенов“ за 2024 година. Наградите ќе бидат доделени во три категории: за најдобра истражувачка сторија (прва, втора и трета награда), најиновативен новинарски производ и за најдобра репортерска фотографија. На добитниците на наградите ќе им биде врачен сертификат и парична награда од 60.000 денари поединечно …

Доделување на новинарските награди „Никола Младенов“ за 2024 година Read More »

Делови од Зелениково и Чучер Сандево без струја


Без електрична енергија денеска од 9:00 до 13:00 часот ќе бидат дел од корисниците од местото викано Бразда во село Зелениково. Во периодот од 9:00 до 16:00 часот без струја ќе бидат корисниците од селата Побожје, Бродец, Брест, Танушевци и Малино во Општина Чучер Сандево. Како што соопшти РЦУК – Скопје, прекините се поради планирани …

Делови од Зелениково и Чучер Сандево без струја Read More »

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со услови за повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. …

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд Read More »

Астрономски календар


Денеска е вторник, 22 март 2025 година, 83-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 282 ден. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 28 минути, а ќе зајде во 17 часот и 52 минути. Денов трае 12 часа и 23 минути.  Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее во …

Астрономски календар Read More »

Кој е следен? Системот!: Протестен марш на илјадници луѓе во центарот на Скопје


  Повеќе илјади граѓани, главно млади луѓе, вечерва и покрај дождот, се собраа во центарот на Скопје во рамките на протестот на движењето „Кој е следен?“ Протестот започна со триминутен молк за загинатите во Кочани и со положување цвеќе на плоштадот „Македонија“. Потоа присутните се упатија кон Собранието. Оттаму маршот се упати кон „Холидеј ин“ …

Кој е следен? Системот!: Протестен марш на илјадници луѓе во центарот на Скопје Read More »

Протест „Кој е следен“ во Скопје – МВР забрани снимање со дрон над плоштадот и улиците


Попладнево се одржуваат повеќе протести во неколку градови низ Македонија, како и во главниот град, кој почна во 18.59 часот, од плоштадот „Македонија“, пред Собранието, а по улицата „Филип Втори“, и по мостот „Гоце Делчев“ ќе заврши пред Владата. На плоштадот „Македонија“ веќе се собраа стотици луѓе, по чадори затоа што врне, кои протестираат против …

Протест „Кој е следен“ во Скопје – МВР забрани снимање со дрон над плоштадот и улиците Read More »

Д-р Пановски: Болниците во северните земји немаат резистентни соеви бактерии, добро е пациентите со изгореници таму да се лекуваат


Пациенти со изгореници од пожарот во дискотеката во Кочани се однесени во 14 различни земји, и сместени се во повеќе различни болници, а тоа според д-р Никола Пановски е мошне добро, заради изолација еден од друф и заради помало присуство на болнички бактерии. Тој вели дека скандинавските земји и општо земјите на северот имаат болници …

Д-р Пановски: Болниците во северните земји немаат резистентни соеви бактерии, добро е пациентите со изгореници таму да се лекуваат Read More »

Според „Охрид СОС“, Сашо Мијалков продолжува да го гради спорниот хотел во Горица


  Компанијата на Сашо Мијалков продолжува да го гради спорниот хотел во Горица, велат од организацијата „Охрид СОС“, потсетувајќи на историјатот на објектот и како тој изникна на една од најатрактивните локации на охридското крајбрежје, преку заобиколувања на прописите во последните 18 години. Според она што го наведува „Охрид СОС“, во 2007 година се изготвува …

Според „Охрид СОС“, Сашо Мијалков продолжува да го гради спорниот хотел во Горица Read More »

Нормализиран сообраќајот на патот Дебар – Маврово


Сообраќајот на патниот правец Дебар – Маврово е нормализиран, информира АМСМ. Од поголем одрон денеска беше затрупана едната лента од коловозот на патниот правец Маврови Анови – Дебар, во должина од 20 до 30 метри, и по неа сообраќајот не се одвиваше. Се до расчистување на одронот, сообраќајот се одвиваше наизменично по другата коловозна лента.

Словенечки пожарникари во работна посета на Берово


Пожарникари од Доброволно противпожарно здружение ,,Бритоф” , од Република Словенија денеска се во работна посета на Општина Берово. Заедно со претставник од цивилната заштита од Општина Крањ, Вид Кричмар тие остварија средба со градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски. -Разменивме искуство, разговаравме за идна соработка во противпожарна заштита и комунална хигиена. Исто  така разговарано е за …

Словенечки пожарникари во работна посета на Берово Read More »

Истражување: Граѓаните се сомничави кон медиумите, но не ги проверуваат


Иако граѓаните се сомневаат во објавените информации од медиумите, ретко преземаат мерки за проверка на нивниот кредибилитет и вистинитост. Ова го покажа истражувањето на јавното мислење „Практиките и перцепциите на граѓаните во поглед на информирањето и справувањето со дезинформациите“, што Институтот за комуникациски студии (ИКС) го реализираше во текот на февруари Спроведувач на анкетата беше …

Истражување: Граѓаните се сомничави кон медиумите, но не ги проверуваат Read More »

Американска aмбасада: Правилно користете ја визата за престој во САД, не постои нешто како „ненамерна грешка“


Американската амбасада во земјава на својата Фејсбук страница објави апел до граѓаните кои што поседуваат американска виза, со цел нејзино правилно користење. Оттаму наведуваат дека ако се престојува подолго отколку што е пропишано на самата виза, лицата може да се соочат со трајна забрана за патување во САД. -Ако престојувате подолго отколку што е пропишано …

Американска aмбасада: Правилно користете ја визата за престој во САД, не постои нешто како „ненамерна грешка“ Read More »

Во рок од две недели се очекува половина од пациентите кои се лекуваат во странство да се вратат во земјава


Портпаролката на Влада, Венера Љатифи Азизи попладнево на прес-конференција информира дека според последните податоци денеска од болниците ќе бидат испишани 16 пациенти кои се лекувале во земјава и лекувањето ќе го продолжат во домашни услови. Потенцира дека во рок од две недели се очекува половина од пациентите кои се лекуваат во странство да се вратат …

Во рок од две недели се очекува половина од пациентите кои се лекуваат во странство да се вратат во земјава Read More »

Извршени 116 надзори, привремена забрана за десет угостителски објекти, 15 не исполнувале услови


Надлежните институции изминатите денови извршиле вкупно 116 вонредни надзори врз основа на законот за угостителска дејност, при што дел од контролираните објекти добиле решенија за приврмена забрана, на едел им се одземени лиценците за работа, а на дел им се издадени прекршочни налози. Ова денес на прес конференција го соопшти владината портпаролка, Марија Митева која …

Извршени 116 надзори, привремена забрана за десет угостителски објекти, 15 не исполнувале услови Read More »

УЈП демантира дека ставиле пломба на дискотеката „Пулс“, била само казнета


  Управата за јавни приходи денеска демантира дека во декември лани ставиле пломба на дискотеката „Пулс“, но потврдија дека изрекле казна за сторен прекршок, согласно Законот за регистрирање на готовински плаќања. Оттаму велат дека за таков прекршок ставиле пломба на друг угостителски објект. Во соопштението до медиумите од УЈП велат дека „поради сензитивноста на случајот, …

УЈП демантира дека ставиле пломба на дискотеката „Пулс“, била само казнета Read More »