Серија од шест вебинари под наслов „ФилмЕД презентација“, првиот ќе се одржи денеска


 Во текот на октомври 2025 година ќе се одржи серија од шест вебинари под наслов „ФилмЕД презентација“ (FilmED Showcase), посветени на нови пристапи во филмското образование. Вебинарите се организирани од тимот на ФилмЕД – авторите кои самите ги тестирале и имплементирале активностите пред да бидат споделени на платформата https://film-ed.eu/mk/. Првиот вебинар ќе се одржи денеска […]

ЦУК ќе додели благодарници по повод 20 години од основањето


 Во рамки на одбележувањето на 20 години од основањето на Центарот за управување со кризи, денеска во ЦУК ќе се одржи прием за медиумите по повод професионалното информирање за време на кризните состојби.  На настанот, како што информираат од ЦУК, ќе бидат доделени благодарници за објективно, навремено и професионално информирање за време на кризни состојби. 

Денеска облачно со дожд, од утре стабилизација на времето


Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува […]

Приватните автобуси од утре ќе возат по редовен возен ред, ЈСП попладнево улати дел од долгот


Приватните автобуски превозници во Скопје од утре ќе сообраќаат по редовен возен ред. ЈСП попладнево уплатила по 6 милиони денари на трите компании, потврди  сопственикот на Јофи Бус, Јовица Зафировски. – Денеска во 16 часот добивме информација дека ни се уплатени по 6 милиони денари по пакет и после кординацијата со превозниците утре се враќаме […]

(Фото) Сообраќајка кај Цветен пазар, метеж во Капиштец


Мала сообраќајка попладнево се случи на влезот кај Цветен пазар во Скопје. Како што покажуваат фотографиите, нема поголема материјална штета, но сепак овој застој, како и во многу други случаи, беше причина за создавање метеж на влезот во блискиот паркинг, но и автобуската станица во близина на Цветниот пазар. (Фото: Независен)

Васил Јованов бара Апелација да му ја намали казната – имал грижа на совест


Пред Апелациониот суд Скопје денеска се одржа јавна седница по жалбите на пресудата на Основниот кривичен суд Скопје од 13 мај годинава со која Васил Јованов беше прогласен осуден на казна затвор  од 12 години, врз основа на признание на вина за делото „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за прегазувањето […]

Настава на далечина следат 30 основци кои се на подолго болничко или на домашно лекување


Триесет ученици кои се подолго од три недели на болничко или на домашно лекување, од 1 септември активно ја следат наставата од далечина. Дел од нив се вклучени онлајн на часовите заедно со соучениците, додека со дел од нив наставниците одржуваат индивидуална настава користејќи ги алатките што вообичаено се употребуваат за настава на далечина, како […]

Дождот добредојден за есенската сеидба


Влажноста на почвата по долгото сушно лето значително е намалена, па дождот е потребен и добредојден за успешна есенска сеидба, велат агрометеоролозите од УХМР во врска со бранот врнежи што ја зафати земјава. Тие препорачуваат земјоделските производители да продолжат со грижата за посевите. -Одредени есенски култури се во период на предсеидбена подготовка на која треба […]

Ким Мехмети: ВЛЕН се вазали без легитимитет


  Познатиот албански аналитичар и пистател Ким Мехмети вели дека било неверојатно како владеајчката ВЛЕН за само 15 месеци успеала да ја ослободи ДУИ од своите гревови, а дека самите тие се поставиле во улога на вазали на ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски. Во колумна за телевизискиот канал Топ ченел од Албанија Мехмети ја критикува […]

Приватните автобуси се исклучија од сообраќај


Приватните автобуски превозници што сообраќаат во Скопје денеска во 10 часот ги повлекоа возилата од линиите. Тие најавија дека ќе работат скратено – само од 5 до 10 часот – сè додека ЈСП не им го подмири долгoт за изминатите шест месеци, проценет на 90 милиони денари. Според превозниците, вкупниот долг на ЈСП кон нив […]

Коалицијата за зелена иднина предупредува дека има нова хаварија во рудникот „Тораница“


Коалицијата за зелена иднина реагира со најостра осуда на повторното заматување на Крива Река и на сомнежите за нова хаварија во рудникот „Тораница“. Доколку се потврдат информациите за истекување на јаловина и/или други токсични супстанци, тогаш ќе имаме пред себе еколошка катастрофа која очигледно ќе остане неказнета само затоа што институциите избрале молк како „одговор“. Централната и локалната власт покажуваат системска неспособност и отсуство на политичка волја кога […]

Вработените во „Флораком“ и „Луна“ ќе ја добијат августовската плата


Стојанче Кашиковски, претседателот на СУТКОЗ, апелира до раководството на ЈП „Паркови и зеленило“ веднаш да почне со правење напори за обезбедување средства за исплата на септемвриската плата, со цел овие вработени да не бидат повторно принудени да протестираат, барајќи да им биде исполнето нивното основно работничко право – исплата на плата Вработените во „Флораком“ и […]

Османи: Секое второ дете во Чаир има проблеми со `рбетниот стилб, а немаат пристап до спортските објекти


Кандидатот за градоначалник на Чаир на коалицијата „Национална алијанса за интеграција“, предводена од ДУИ, Бујар Османи вели дека ако биде избран на функцијата ќе продолжи со обиколките на општината во периодот од 5:30 до 7:30 часот наутро, за да ги детектира проблемите и да им даде задачи на службите за нивно решавање. Османи, ова го […]

Помошник на министерот за внатрешни работи незаконски зел надоместоци за прекувремена работа


Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Љ.Р. поради постоење на основи на сомнение дека пријавениот сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ предвидено во член 353 став 1 од Кривичниот законик. „Пријавениот, како помошник на министерот за внатрешни […]

Алиу: Со синхронизирање на 12 закони до унапредување на здравствениот систем


Со синхронизирање на 12 закони од областа на здравството почнувајќи од евиденции, преку осигурување и лекови, до биомедицина и јавно здравје, во насока на нивно поврзување и функционирање како една целина, ќе се овозможи унапредување на процесите во здравствениот систем. По тој повод денеска во организација на Министерството за здравство се одржа јавна презентација на […]

УХМР со метео аларм за утре, се очекува силен ветер во овие делови од Македонија


Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) денеска сподели „метео аларм“ за утрешниот ден (07.10.2025). Имено, од УХМР во Фејсбук објава најавија дека утре ќе дува умерен до засилен, а долж Повардарието повремено силен ветер од северозападен правец (над 60 km/h). На фотографијата која ја споделија прикажано е кои делови од Македонија ќе бидат зафатени со силен […]

Есенски базар на поддршка на современите занаетчии во Скопје сити мол од 10-12 октомври


Од 10 до 12 октомври, приземјето на Скопје Сити Мол ќе оживее со боите, мирисите и енергијата на Есенскиот базар. На едно место ќе се сретнат 20 талентирани современи занаетчии, кои ќе се претстават со уникатни креации – од еко производи, рачно изработен накит и кожни аксесоари, чанти, преку дрвени садови и украси, епоксидни уникати и рачно насликана керамика, до ароматични свеќи и природна козметика. Есенскиот базар – „Креативна есен […]

Ќе се руши објектот во кој се организираа свадби и веселби на аеродромот Стенковец


Државниот градежен инспекторат донесе решение за рушење на објект во кој се организираа свадби и други веселби на спортскиот аеродром Стенковец, а со кој оперира Аероклубот „Скопје“ бидејќи, како што велат, бил дивоградба и небезбеден за организирање свечености. Инспекторатот соопшти дека при вонредниот инспекциски надзори констатирани се низа неправилности во однос на градбите – на […]

Студенти: Приход и прилив не е исто – поради УЈП некои од нас се одбивани за надомест за оброк


Националното студентско тело информира дека денеска официјално го испрати до Министерството за образование и наука и Управата за јавни приходи Барањето за разграничување на поимот „приход“ од „прилив“ при примената на мерката за субвенциониран студентски оброк. – Со ова барање се укажува на потребата институциите да направат јасна разлика меѓу реален приход и прилив на […]

(ФОТО) Прекини на струја ја предизвикаа хаваријата во Влае – половина Скопје остана без вода


  Причина за синоќешниот голем дефект на водоводната мрежа во Скопје биле повеќе краткотрајни прекини во снабдувањето со електрична енергија кај бунарите на Лепенец, информираат од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“. Прекините предизвикале варијации на притисокот во пумпниот систем, што резултирало со пукање на главната водоводна цевка со дијаметар од 600 милиметри на улицата „Франце […]