Алиу: Специјализираната болница за геријатриja „13 Ноември“ е врвна установа


„Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ е врвна установа во нашата држава во оваа област. Со заеднички заложби со раководството во континуитет работиме на унапредување на условите за оваа специфична категорија пациенти“, порача министерот за здравство Азир Алиу на отворањето на првата меѓународна конференција за геријатриска и палијативна медицина со меѓународно учество, […]

Адеми: Извештајот на ЕК e алармантен сигнал за застојот на Македонија


Демократската унија за интеграција ја изразува својата длабока загриженост за исклучително негативната оценка што Европската комисија ѝ ја даде на Северна Македонија во својот најнов извештај за 2025 година. Овој извештај, кој е дел од Пакетот за проширување, претставува една од најслабите оценки што нашата држава ги има добиено во последните десет години, изјави на […]

Тренчевска: Владата крати пари за најранливите граѓани


Пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска, смета  дека предлог-буџетот за 2026 година кој го предлага Владата не само што не обезбедува фискална консолидација, туку ја продлабочува фискалната нестабилност и создава сериозни ризици за економијата и граѓаните. Наместо реални реформи и стабилност, буџетот нуди нереални проекции, енормно задолжување и директно прекршување на фискалните правила утврдени со Законот […]

Битиќи: Каматите на кредитите стануваат сериозна буџетска ставка


Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, во гостување во емисијата „Трилинг“ на ТВ 24 ја истакна сериозната состојба со новиот буџет, предупредувајќи дека со вака поставениот економско-фискален модел државата може да се соочи со сериозна криза, веќе за две години. „Веќе ги гледаме последиците од моменталниот економско-фискален модел: каматните плаќања преминуваат во сериозна буџетска ставка и […]

Продолжува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2026 година


Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ќе ја продолжи седницата за Предлог-буџетот за 2026 година. Вкупните приходи во Предлог-буџетот за следната година се проектирани на 374,7 милијарди денари, расходите на 413,9 милијарди денари, а капиталните инвестиции на 40,5 милијарди денари или 650 милиони евра. Економскиот раст е проектиран на 3,8 проценти, инфлацијата на 2,5, […]

„Марш за ангелите“ денеска во Скопје


Денеска, 15 ноември, во Скопје ќе се одржи „Марш за ангелите“ – протестен марш во спомен на 63-те млади луѓе кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Настанот започнува во 12:05 часот на плоштадот „Македонија“, по што учесниците ќе се упатат кон парламентот, а финалето ќе биде пред Основниот кривичен суд. Во организација […]

Стабилно време за викендот, од вторник променливо


Утринските часови ќе донесат пониски температури и услови за појава на магла во одделни котлини, додека преку ден времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб ветер, претежно од југозападен правец. Минималните температури ќе се движат од –3 до 4 степени, а максималните ќе достигнат […]

Кренар Лога се повлекува од партиските функции во Алијансата за Албанците


Поранешниот министер за правда и партиски функционер од редовите на Алијанса за Албанците, Кренар Лога, денеска соопшти дека по подолг период на анализа се повлекува од партискиот живот и од сите функции во партијата. Лога одлуката ја објави преку својот официјален профил на Фејсбук, посочувајќи дека изминатата деценија ја поминал во политичка работа со целосна […]

Од денеска законска обврска за зимска опрема за возилата


Од денеска стапува на сила обврската за задолжително користење на зимска опрема за возилата, која ќе трае до 15 март следната година. -За да се избегнете сообраќајни казни и прекршоци, потребно е да го усогласите вашето возило со пропишаните барања: возила до 3.500 кг – потребни се зимски гуми на сите тркала со длабочина на […]

Во Македонија пресадени девет рожници – нова страница во развојот на трансплантации


Во рамки на еднонеделниот престој на медицинска делегација од Duke University (САД), една од водечките светски институции во клиничката медицина, на Универзитетската клиника за очни болести беа изведени вкупно девет трансплантации на рожница, поставувајќи нови стандарди во офталмолошката грижа во нашата држава.   Делегацијата, составена од проф. д-р Лојд Вилијамс, асс. д-р Ник Гарсон и […]

Нема веќе фрлање ѓубре навечер: Ќе се казнува!


Град Скопје воведува ново правило – од 22 часот навечер до 6 часот наутро строго се забранува фрлање ѓубре. Одлуката, изгласана од советот на Градот на предлог на градоначалникот, има за цел да го подобри собирањето на отпадот и да спречи создавање диви депонии околу контејнерите. Секој што ќе ја прекрши забраната ќе се соочи […]

Еве кои земји имаат најголем раст на БДП по жител од 2020 до 2025 година, има и неколку од нашето соседство


Од 2020 година, БДП на САД по глава на жител порасна за 25.081 долари, што е седмо највисоко зголемување во светот. Но, за нас во Македонија е интересен другиот дел од споредбата, односно процентуалниот раст на БДП во жител во изминатите пет години. На табела се високо позиционирани повеќе земји од непосредното соседство, како Албанија, […]

Со нивни „камен“ по глава: Сега Левица гласа против проектите на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје


ВМРО-ДПМНЕ, чиј градоначалник сега раководи со Скопје откако со години ја блокираа Данела Арсовска, денес се пожали со соопштение дека партијата Левица денес не ги поддржала нивните проекти,т.е. не гласала за изградба на улици, паркови и булевари, работејќи „на штета на скопјани“. „Кога инаетот и политиканството е посилно од конструктивноста и интересот на граѓаните, тогаш […]

„Куманово-Гас“: До крајот на годината уште седум институции ќе се приклучат на гасификациската мрежа


Основниот суд во Куманово се приклучува кон гасификацијата мрежа, исто како и СВР Куманово и уште неколку установи и институции, соопштија на денешната прес-конференција надлежните од јавното претпријатие „Куманово-Гас“. Приклучокот се спроведува преку проектот „ЕУ за чист воздух“. -Очекуваме до крајот на годината да заврши приклучокот на Центарот за вработување, Центарот за социјални работи, основното […]

Беџети ќе поднесе контра тужба, тврди дека му се прави притисок да премине во ВЛЕН


Пратеникот од ДУИ, Блерим Беџети, го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека со кривичната пријава поднесена вчера врши притисок врз него како пратеник за да се зголеми мнозинството и дека пријавата е дел од организирана хајка, режирана од власта и директно од премиерот. – Ниту јас, ниту кој било друг од пратениците на ДУИ се плаши […]

Потребни ни се повеќе средства и кадри, не за повисоки плати туку за да работиме, вели Јавниот обвинител Коцевски


Јавниот обвинител Љупчо Коцевски, денеска пред собраниската Комисија за финансирање и буџет, алармираше за состојбата во обвинителствата, укажувајќи дека недостигаат финансиски средства и кадар. Тој ова го кажа пред почетокот на расправата за Предлог-буџетот за 2026 година во кј, како што укажа, повторно за овој сектор се проектираат помалку средства од законски предвидените и од […]

СДСМ бара да не се кријат имињата на одговорните за непотребните операции


  Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на прес конференција побара да се објават имињата на одговорните за наводно непотребните кардиоваскуларни операции бидејќи вака, со фрлање вина а криејќи ги одговорните, се остава простор од крајниот извештај да исчезнат некои од нив, лица или институции. „Се соочуваме со еден од најголемите скандали во здравството во историјата […]

Симоновски: Непостапувањето во ВМРО-ДПМНЕ се цени – нови државни функции добиваат луѓе од УО на ЈП


Зошто ВМРО-ДПМНЕ им дава нови државни функции на претседатели на Управните одбори од јавните претпријатија во Скопје кои го гушеа градот со години и го претворија во депонија, сакаше денеска да знае советникот од СДСМ во Градот Скопје Горан Симоновски, на втората седница на Советот, на која на дневен ред беше и ребалансот на Буџетот […]

Протест во Софија по убиството на кучето од македонскиот доктор


Стотици граѓани се собраа вчера пред Военомедицинската академија во Софија за да изразат револт поради прегазувањето на кучето Маја од страна на докторот со потекло од Македонија , ненад Цоневски.   Иако од болницата им порачаа дека докторот е суспендиран и за него е покрената кривична пријава, собраните граѓани бараа повисока казна со паролата дека […]

ФЗО одбележа 25 години од основањето


 Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) денеска одбележа 25 години од основањето. Директорот на Фондот Сашо Клековски во својата презентација истакна дека ФЗО има 1.840.000 осигуреници, од кои 1.200.000 се носители на здравственото осигурување. Буџетот на Фондот е 53 милијарди денари, а за здравствено осигурување се плаќа 3000 денари месечно. Ваквото вложување, како што кажа, е […]