Земјотрес крај Благоевград, почувствуван во Делчево и Виница


Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес во 15 часот и 48 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од пограничното епицентрално подрачје Благоевград, на 124 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.2. Според досегашните податоци со […]

Случај „Онкологија“: Конечната одлука за терапија ја носел директорот, а конзилиум за таргет-терапија немало


Во Основен кривичен суд Скопје денеска во врска со случајот „Онкологија“, пред Судот сведочеа двајца лекари-специјалисти и застапници на оштетени пациенти. Даниела Попоска, онколог и радиотерапевт, која долги години работела на клиниката, појаснуваше во врска со тоа со кои лекови може да се комбинира лекот палбоциклит. Таа посочи дека тој не се комбинира со хемотерапија […]

Димитар Богески, нов директор на Државниот архив на Македонија


Новиот директор на Државниот архив на Македонија, м-р Димитар Богески денеска официјално ја презел функцијата од неговата претходничка Наташа Котлар-Трајкова. Од Државниот архив информираат дека за директорот Богески, оваа функција не претставува привилегија, туку обврска – со јасна цел работата на Архивот да биде транспарентна, отворена, отчетна и достапна за сите граѓани. Тој упатил благодарност […]

Пропустите на факултетите ги оставија студентите без оброк


За жал, неколку факултети не ги пријавија сите редовни студенти и за тој пропуст враќање назад нема. Но, за следниот месец тие ќе си ги добијат средствата, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска по реакции од студенти дека поради неажурност на некои факултети не можеле да аплицираат за субвенциониран студентски оброк и да […]

„Роботика – иновации кои го менуваат светот“: Имаме многу талентирани млади луѓе, да ги задржиме во Македонија


Промоција на иновациите, роботиката и технолошкиот развој предвидува настанот „Роботика – иновации кои го менуваат светот“ што беше отворен денеска во рамки на Глобалната недела на претприемништво 2025. Го организира Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво (ИНОВА), а учествуваат претприемачи, компании, институции и млади иноватори. -Македонија, посебно младите луѓе, имаат навистина добри бизнис идеи […]

Одложени судски рочишта против Мерко и за родилката од Дебар, парична казна за адвокатот на првообвинетите


 Во Основниот суд во Струга денеска повторно беа одложени судските рочишта против поранешниот градоначалник Рамис Мерко за незаконско поставување спомен обележје – плоча на влезот на општинската зграда и за склучен договор за осветлување на дел од речното корито на Црн Дрим, како и за случајот со родилката Јилдиз Веапоска од Дебар, на која по […]

Направена е дератизација во домот „Пелагонија“, реконструкцијата на „Кузман“ доцни


Знаете каква беше состојбата во Скопје, глувци не се појавија само во студентските домови, туку и на други места. Со оглед на тоа што се случуваше, не можам да речам дека е добро, но и очекувано е – изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска во врска со појавата на глувци во студентскиот дом […]

Нивото на водата во Охридското Езеро осум сантиметри под просекот за ноември


Нивото на водата во Охридското Езеро денеска се наоѓа на котата 693.21 метри надморска височина или осум сантиметри под месечниот просек. Според последните мерења на водостојот спроведени од Управата за хидрометеоролошки работи нивото на водата во езерото е 11 сантиметри над дозволениот минимум утврден на котата 693,1 метри надморска височина. Температурата на водата денеска изнесува […]

Започна целосна реконструкција на „Фрањо Клуз“ во Аеродром


Во насока на унапредување на инфраструктурата и подобрување на условите за движење на граѓаните, Град Скопје започнува со реализација на целосната реконструкција на улицата „Фрањо Клуз“ во општина Аеродром. „После неколку децении, започнуваме со целосна реконструкција на улицата „Фрањо Клуз“ (Црвена Вода 7) во Аеродром. Денес, заедно со градоначалникот Дејан Митески и новиот директор на […]

УХМР најавува пообилни врнежи од дожд и засилен ветер


Под влијание на серија влажни воздушни бранови до крајот на седмицата следува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, локално со услови во форма на невреме со засилен ветер (над 60 km/h) и ретки грмежи. Во текот на 24 часа се очекува да […]

Кој ќе ја наследи осомничената претседателка на Антикорупциска, Димитровска?


Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата утре ќе започне со спроведување на интервјуата на пријавените кандидати по Одлуката за објавување на јавен оглас за избор на претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата. Постапката за избор на претседател на ДКСК продолжува по завршувањето на Локалните избори, а Собранието врши повторен избор на […]

Почна изградба на градинка во близина на зградата на „Мерцедес“


Почна изградбата на нова детска градинка во Маџари Триангла, општина Гази Баба. Како што беше кажано на настанот, оваа нова градинка ќе има капацитет од 150 деца, што ќе овозможи поголема достапност на предучилишно образование и грижа за најмладите. Објектот ќе биде изграден на површина од 1.360 квадратни метри, сo 10 занимални, две јасли и […]

Jапонските практики не се недостижни за унапредување на мајчиното и неонаталното здравје


Д-р Александра Христова, неонатолог од Општата болница Куманово, денеска одржа презентација за лекарите и сестрите од болницата, пренесувајќи ги своите искуства и научени практики од неодамнешната студиска посета во Јапонија, дел од меѓународната програма за подобрување на мајчиното и неонаталното здравје, спроведена во болницата Такацуки во префектурата Осака. Според, д-р Христова, јапонските пракитки не се […]

Студентите да се пријават за компјутер, лап-топ или таблет


Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски денеска преку социјалните мрежи сподели дека според ветувањето на Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, објавен е јавниот повик од Владата за доделување ваучери во вредност од 15.300 денари за набавка на електронски уреди: преносен компјутер (лаптоп или All-in-One), таблет или персонален компјутер. Право на аплицирање имаат сите студенти на […]

Сиљановска-Давкова: Планинарењето да се вклучи во наставните програми по физичко образование


Претседателката Гордана Силјановска-Давкова по повод 100-годишнината од основањето на Планинарскиот клуб „Љуботен“ повика на поголема поддршка и промоција на рекреативното планинарење, како и на негово интегрирање во образовниот систем. Таа истакна дека голем број држави веќе го имаат вклучено планинарењето во наставните програми по Физичко образование и го практикуваат како дел од филозофијата на здравиот […]

Авто-школите поскапуваат за неверојатни 40 отсто


Полагањето за возачка дозвола од Б категорија поскапе за речиси 10.000 денари, што остави многумина изненадени и револтирани, пренесува порталот Денар.  Ако досега кандидатите плаќаа околу 24.000 денари за целата обука во авто-школите, од овој месец цената скокна на 34.000 денари, а плус на тоа се додава и трошокот за изнајмување полигон, кој чини 250 денари […]

Костадиновски: Лојалноста кон Уставот е должност на секој граѓанин


По повод одбележувањето на Денот на Уставот, 34 години од неговото донесување, претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски преку видео обраќање упати честитка до граѓаните и ги повика на лојалност кон Уставот и исполнување на својата должност кон татковината. -По повод 17 ноември, денот кога пред 34 години е донесен Уставот на Републиката, ве повикувам […]

ЗХГ: Приоритет за ВМРО-ДПМНЕ е да си вработат партиски кадри како инспектори што ќе казнуваат за фрлање ѓубре


Ѓубрето нема да се намали ако се намали времето во кое смее да се фрла. Очигледно е дека за новата градска администрација контејнерите повеќе загадуваат отколку индустријата и дека приоритетот е да се удри по џебот на граѓаните, наместо да се удри по мултимилионските титански загадувачи, реагираат од Зелен хуман град, на одлуката ѓубрето од […]

Одбележување на Светскиот ден на дијабетесот под мотото „Модерен пристап за нормален живот со дијабетес“


 Сојузот на здруженија на лица со дијабетес на Македонија,  во чест на одбележување на 14 Ноември – Светскиот ден на дијабетесот денеска во Скопје организира настан под мотото „Модерен пристап за нормален живот со дијабетес“ . -Согласно нашата мисија како мрежна организација на локалните здруженија на лицата со дијабетес, која се застапува за здравствени политики […]

Без струја денеска делови од Центар, Карпош, Гази Баба, Кисела Вода и Сарај


 Без електрична енергија денеска ќе бидат повеќе делови од Центар, Карпош, Гази Баба, Кисела Вода и Сарај, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи Скопје, по добиено известување од ЕВН Македонија АД. Без струја денеска од 08.30 до 13.00 часот, ќе бидат корисниците на дел од улица „Васил Стефановски“ и „20ти Октомври“, во Општина […]