„Стоп за Вардариште“ блокираат уште денеска и утре – депонијата нема да се оградува!


Уште денеска и утре, жителите на Аердором, кои повеќе од еден месец ја блокираа крстосницата кај мостот „Киро Глигоров“, ќе продолжат со протестот, затоа што од сите надлежни преземена е обврска за почеток на санација на неформалната депонија Вардариште, која ги труе скопјани. Имено, деновиве, претставници на „Стоп за Вардариште“, се сретнаа со претставници на […]

Во недела во Парк – Јубилејниот десетти традиционален настан за поддршка на лицата со Вилсонова болест


Под слоганот „Подај рака“, во недела (12.10.2025) на летната сцена „Лепеза“ во Градскиот парк во Скопје со почеток во 10.30 часот ќе се одржи јубилејниот десетти по ред хуманитарен хепенинг за поддршка на лицата заболени од ретката болест Вилсон, под слоганот „Подај рака“. Целта на настанот е подигнување на јавната свест за ретките болести вклучувајќи […]

На Криволак примопредадени новите артилериски системи „боран“ и нови униформи за Армијата


На армискиот полигон „Криволак“, министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски заедно со амбасадорот на Република Турција, Фатих Улусој присуствуваа на артилериско гаѓање со новите артилериски системи „боран“, набавени во рамки на процесот за модернизација и опремување на Армијата. На „Криволак“ беше презентирана и новата униформа за припадниците […]

Продолжи судењето за „Онкологија 2“: Додека бил директор Нино Васев се потпишувал на т.н. условна терапија


Со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето за „Онкологија 2“, кој се води против поранешниот медицински и економски директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, Нино Васев и Нехад Нухи, за несовено работење и финансиски криминал.  Прво беше сослушан сведок – шалтерска работничка на Клиниката за […]

Кристина Тодорова од Неготино доби награда за млад земјоделец за иновативни производи


Младата Кристина Тодорова од Неготино доби награда за млад земјоделец за иновативни производи, меѓу кои и тестенини со печурки без глутен и погодни за дијабетичари, информираа денеска од тимот на регионалниот еколошки центар „Ековита” од Неготино, чиј долгогодишен член е таа како дипломиран инженер агроном.  – Ова е уште една од низата на награди за […]

СДСМ за данокот за малите пратки: Мора ли оваа власт да го дере народот за сешто?


Власта донела одлука од 1 ноември граѓаните да мора да плаќаат ДДВ и за најмалите порачки од странство и тоа за пратки под 22 евра! Па до евтините пратки кои луѓето ги нарачуваат и ги плаќаат скромно ли и дојде на власта? – прашуваат од СДСМ откако беше објавена оваа одлука која главно ќе ги погоди […]

Директорите на М-НАВ го критикуваат синдикатот


  Менаџерскиот тим на М-НАВ реагира на, како што велат, сензационалистичките и неточни најави кои се шират од страна на дел од раководството на струковиот синдикат околу најавите за штрајк и „затворањето на небото“ на 20 и 24 октомври. Дирфекторите ги повикуваат сите засегнати страни, медиумите и јавноста „да се воздржат од ширење на непотврдени […]

Работилница за младински ставови кон корупцијата


Резултати од истражување со 629 млади лица (16–26 год.) од Скопје, Струмица и Гостивар во врска со нивната перцепција на корупцијата, довербата во институциите и причините зошто не пријавуваат, ќе бидат презентирани денеска на работилницата „Младите и корупцијата: Ставови, искуства и решенија“, организирана од тинк тенк организацијата Аналитика. На настанот што ќе се одржи во […]

Конференција на Сојузот на здруженија на дијабетичари по повод Светскиот ден на видот


По повод Светскиот ден на видот, кој традиционално се одбележува секоја година во вториот четврток од октомври, Сојузот на здруженија на дијабетичари на Северна Македонија (СЗДСМ) организира конференција за медиуми со цел подигнување на свесноста за слепилото, оштетувањето на видот и промоција на здравјето на очите. Настанот ќе се одржи денеска со почеток во 14 […]

Сончево со мала до умерена локална облачност и ветер


Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 21 степен. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб […]

(ВИДЕО) Професорката Татјана Стојаноска Иванова: Герасимовски е најдоброто решение за Центар


„Горан Герасимовски како градоначалник е најдоброто решение за Центар“. Ова го порача неговата поранешна професорка по социологија од Филозофскиот факултет, која се огласи преку видео објава на неговиот официјален профил на социјалната мрежа Facebook. Универзитетската професорка Татјана Стојаноска Иванова, која го познава Герасимовски уште од студентските денови, вели дека уште тогаш се истакнувал по своите знаења, […]

Уапсена сопругата на нападнатиот кандидат на ДУИ поради вмешаност во обидот за убиство


Сопругата на лекарот и носител на советничка листа на ДУИ, Зеќирија Шахини, кој вчера беше нападнат и ранет со пиштол во центарот на Куманово, е уапсена, соопшти денеска полицијата.Според МВР, за тетовчанката А.А. има сомневања дека е вмешана во обидот за убиство на нејзиниот сопруг. Шахини беше нападнат вчера, кога маскиран човек со пиштол се доближи […]

Александар Даштевски, Наташа Габер и Тони Менкиноски меѓу кандидатите за судија во Стразбур


Судии, обвинители, адвокати, но и деканот на Правниот факултет, Сашо Георгиевски се пријавија на повторениот оглас за избор на кандидати за судија на Македонија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Вкупно биле пријавени 20 кандидати, а 11 од нив го поминаа првиот филтер на Комисијата. На интервју на 20 октомври треба да одат […]

Во центрите за јавно здравје обезбедени 2.400 комерцијални вакцини против сезонски грип


Центрите за јавно здравје низ државава обезбедија 2.400 комерцијални вакцини. Од нив 1.000 дози има во Центарот за јавно здравје-Скопје. Примањето комерцијална вакцина ќе чини 700 денари, информираа за МИА од Министерството за здравство. Министерството за здравство вчера соопшти дека почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип на ризичните групи население, кои може да […]

Максимална казна од три години затвор добија тројцата обвинети за Вардариште


Максимална казна од три години затвор добија денеска тројцата обвинети Мајсут Мемиши, Алмир Асани и Флорин Арифи за создавање диви депонии на дел од локацијата во Вардариште. Како што беше посочено на денешното судско рочиште во Основниот кривичен суд, тројцата обвинети се виновни затоа што создале депонија спротивно од прописите, иако знаеле дека немаат дозвола […]

Автокоманда добива зонско паркирање


Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, вчера извести дека е донесено Решение за утврдување на режим на сообраќај во Автокоманда, со што и официјално се одобрува воведувањето на зонско паркирање. Според Стефковски, ваквото решение жителите на Автокоманда го очекуваат повеќе од една деценија. Тој информираше дека во моментов интензивно се работи на изработка на […]

Две визии за чаирскиот булевар: подземна сообраќајница или проширување со сечење на јаворите


  Дека булеварот „Цветан Димов“ во Скопје треба да претрпи реконструкција, воопшто не е спорно, а тоа одамна го знаат и градските и општински власти. По овој булевар што го поврзува центарот на Скопје со Чаир, Бутел и Шуто Оризари, дневно поминуваат и 100.000 возила, а негово проширување или евентуално друго решение како подземна сообраќајница, […]

Дојава за бомба до седиштето на ВМРО-ДПМНЕ


Во зградата на ЈП за Државни патишта, во центарот на Скопје, во близина на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ било пријавено дека е поставена експлозивна направа. Веднаш по добиената пријава на терен се полицијата и екипите на антитерористичката единица при МВР. – Денеска (08.10.2025) во 12.55 часот лице од обезбедувањето на ЈП „Државни патишта“ пријавило дека на видео […]

Комеморативна седница во чест на Панчо Минов утре во Кавадарци


Комеморативна седница во чест на Панчо Минов ќе се одржи утре во Кавадарци, информираа денеска од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, по смртта на Минов, кој беше на два пати градоначалник на Кавадарци и во четири мандати, пратеник во Парламентот.   – Со длабока тага ја примивме веста за смртта на Панчо Минов. Поранешен […]

Дрон во функција на работата на ЈУ Национален парк „Пелистер“


Јавната установа Национален парк „Пелистер“-Битола при справување со пожари на отворен простор ќе користи и дрон, изјави Иванчо Тошевски, директор на Националната установа. Користењето на дрон при справување со шумски пожар од пошироки размери овозможува брза и координирана акција, посочи Тошевски. -ЈУ Национален парк „Пелистер“ за прв пат во својата историја употреби дрон кој овозможи […]