Се излеа Пчиња: Две лица заглавија во возило кај Стрновац, пожарникарите ги спасија


По силните врнежи што ја зафатија областа, реката Пчиња утрово се излеа и создаде опасни вирови кај селото Стрновац во општина Старо Нагоричане. Автомобил со две лица останал заглавен во надојдената вода, а пожарникарите од општината успеале навреме да ги извлечат. Интервенцијата била изведена околу 07:35 часот, по повик на бројот 112. Територијалната противпожарна единица […]

Студентите препродавале ваучери за лаптопи, надлежните не можат да се справат со досетливоста


Министерката за образование и наука Весна Јаневска прашана за случаи кога студенти кои добиле ваучер за набавка на електронски уред, а потоа ги продаваат, кажа дека проектот бил ветен и реализиран, а на совеста на студентите е како ќе постапуваат со нив.  -Проектот беше ветен. Ваучерите им беа ветени на студентите и вообичаено она што […]

Куче држано две години во мал бокс, без вода и на сув леб


По поднесена пријава од страна на здружение за заштита на животни, утрово Агенцијата за храна и ветеринарство, во координација и соработка со тимот на ЈП „Лајка”, спроведе инспекциска контрола на лице место и пристапи кон итно одземање на куче држано во крајно нехумани и незаконски услови. Согласно сведоштвата на соседите и поднесените докази, повеќе од […]

Судот донесе одлука за спојување на постапките за пожарот во „Пулс“ и за агенцијата „Рубикон“


Основниот кривичен суд Скопје на почетокот на денешното судење за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани одлучи постапката за овој предмет да се спои со постапката против сопственикот на „Рубикон“, агенцијата што ја обезбедувала дискотеката „Пулс“. Во преполната судница во КПУ Идризово, под засилени безбедносни мерки денеска започна судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во […]

Коцевски: Еколошкиот криминал и кај нас веќе е класифициран како сериозен


Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска се обрати на отворањето на националната тркалезна маса за конвергенција на климатската и еколошката правда, поддржана од Француската агенција за развој. „Еколошкиот криминал и кај нас веќе е класифициран како сериозен и сложен криминал, кој честопати добива облик на организиран криминал, а штетите од него се […]

Аеродром ја исчисти локацијата на поранешен „Мекдоналдс“, фактурата ќе им ја достави на сопствениците


Екипите на Јавното претпријатие денеска ја расчистуваат локацијата на поранешниот „Мекдоналдс“, која се наоѓа на приватно земјиште со запишан објект, соопшти утрово Општина Аеродорм.   Оваа акција доаѓа по текстот на „Независен“ во кој укажавме дека тој објект ја нагрдува сликата на општината.   „Иако сопствениците добија налог да ја исчистат оваа со години запуштена […]

Судијката Груевска вети дека ќе се дојде до правдата на судењето за „Пулс“


Со мало задоцнување и во преполна сала, утрово почна судењето за несреќата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 63 лица, а повредени се повеќе од 200 лица.  „Знам дека барем името ми го знаете тоа се врти со месеци”, вака го почна судењето судијката Диана Груевска по што се престави и ги кажа […]

Герила акција за Кочани пред судењето во Идризово: Ве гледаме!


Движењето „Кој е Следен?“ на 19 ноември 2025 година, пред судницата на „КПУ Идризово“ изведе герила акција пред започнувањето на судскиот процес за трагедијата во дискотеката „Пулс“. „Ве гледаме!“ – Зошто им должиме на сите кој ги изгубија животите, правдата нема да дозволиме да остане само големо очекување, сѐ додека не стане доблест! Судската власт […]

(Во живо) Почнува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани


Денеска во 9.30 часот почнува едно од најголемите судење во Македонија – судскиот процес за катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, трагедија што на 16 март 2025 година однесе 63 животи и повреди повеќе од 200 лица. Судницата во близина на затворот „Идризово“ е под засилени безбедносни протоколи. Членови на семејствата на жртвите пристигнуваат […]

Одрони на повеќе патни правци


Во текот на вечерните и утринските часови, како последица на обилните врнежи кои го зафатија западниот и југозападниот дел, на единствениот повикувачки број за итни повици 112 се добиени повеќе пријави за свлечишта на земја и одрони на патот, поточно кај местата Дебар – Струга кај местото Џепчиште и кај патот Кичево – Охрид кај […]

Истече хемиска пена на булеварот „Александар Македонски“ во Гази Баба – најавени најстроги казни за фирмата


Синоќа на социјалните мрежи се појавија фотографии за кои скопјани со право се загрижија. Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски информираше дека за нив веќе претходно преземале мерки. „Согласно издадената наредба од Инспекторатот на Град Скопје, беше извршен вонреден инспекциски надзор на булевар „Александар Македонски“ во Општина Гази Баба. Овластените инспектори на Град Скопје веднаш излегоа […]

Почнува големото судење на 38 обвинети за трагедијата во „Пулс“


Точно во 9.30 денеска почнува едно од најголемите  судење во  Македонија – судскиот процес за катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, трагедија што на 16 март 2025 година однесе 63 животи и повреди повеќе од 200 лица. Судницата во близина на затворот „Идризово“ е под засилени безбедносни протоколи, а семејствата на жртвите пристигнуваат за […]

Недела на италијанската кујна во Скопје


Со ексклузивен мастерклас посветен на уметноста на сицилијанското слаткарство, што ќе биде предводен од познатиот слаткар маестро Лило Дефраја, денеска во Скопје почнува 10. издание на Неделата на иатлијанската кујна, во организација на Амбасадата на Италија во Скопје во соработка со Италијанската Трговска Агенција. Фокусот ќе биде ставен на сицилијанските слатки кои се автентичен симбол […]

Облачно со локални врнежи од дожд


Времето денеска се очекува да биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне во југозападните и јужните делови. Се очекува да дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во Скопје, исто така, најавено е претежно облачно време со повремени врнежи од дожд со послаб интензитет. Се очекува да дува умерен југоисточен […]

Во Собранието интервјуа на уште петмина кандидати за претседател на ДКСК


Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе продолжи со спроведување на интервјуата на кандидатите за избор на претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата. Комисијата за селекција на кандидати денеска треба да ги интервјуира Ненад Трифуновски, Благица Трошанска, Кимо Чавдар, Адем Чучуљ, Феузи Џафери, додека вчера беа интервјуирани Весна Доревска, Владимир […]

Национална тркалезна маса за климатска и еколошка правда во Северна Македонија


Во Скопје денеска ќе се одржи Националната тркалезна маса за климатска и еколошка правда, во рамки на Проектот за климатска и еколошка правда на Западен Балкан, на која, според организаторите, ќе учествуваат претставници на правосудни институции, експерти од областа на животната средина, граѓански организации и меѓународни партнери во насока на унапредување на Националниот акциски план […]

Без попис, без евиденција и на ДЗР му било тешко да се снајде во сметководствените лавиринти на прилепската болница


Прилепската болница „Борка Талески“ потрошила средства без почитување на релевантната законска регулатива, особено во спроведувањето на јавните набавки со неправилности во благајничкото работење, односно при располагање со средствата во готово, утврдил Државниот завод за ревизија со ревизијата направена за 2024 година.   Државниот завод во извештајот изразил неповолни мислења во однос на вистинитоста и објективноста […]

Ѓорѓиевски, Муцунски и Љутков на координација за Скопје – Европска престолнина на културата 2028


Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија остварил средба со шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски и министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, посветена на координацијата околу претстојната институционална презентација во Брисел за Скопје – Европска престолнина на културата 2028. Доцниме две години, правиме сѐ Скопје да не ја […]

Новата мултимедијална читалница во НУБ опремена со софтвер за слепи и за слабовидни лица


Отворањето на новата мултимедијалната читалница во новиот дел на Националната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ и промоцијата на изданијата на фототипната едиција „НУБ за македонскиот јазик“ е потсетник дека иднината може да се гради само врз здрави темели. Овие изданија се живи сведоци на развојот на нашиот јазик, почит кон неговите корени и обврска да […]

Американската морнарица ќе донира еден милион долари за противпожарна станица во Битола


  Командата за инженерски и инфраструктурни системи на Морнарицата на САД донира еден милион американски долари за да се доигради противпожарната станица во Битола која веќе ја гради Општина Битола. Градежните работи за новата противпожарна зграда во Битола почнаа лани во април, на локација во поранешната касарна во Битола. Oбјeктот е на површина 1.600 м² […]