Земјотрес ги разбуди скопјани


Земјотрес со магнитуда од 2,6 степени по Рихтеровата скала е регистриран утрово во 08. 03 часот во скопското епицентрално подрачје. Епицентарот на земјотресот, според Европсккиот-медитерански сеизмолошки центар бил на шест километри источно од Скопје, на длабочина од четири километри. Во Македонија утрово покрај земјотресот во Скопје, регистриран е уште еден земјотрес во охридското епицентрално подрачје. […]

За инсулин годинава се предвидени исто пари колку и лани


Државата за набавка на лекови и помагала за дијабетичари за оваа година обезбеди 620 милиони денари. Тоа се гледа од Програмата за обезбедување инсулин, глаукагон, инсулински игли, ленти за мерење шеќер и едукација за дијабетесот, кој пред некој ден е објавена во „Службен весник“. Тоа е истата сума од минатата година, со таа разлика што […]

Во Собранието има јавна расправа за за следење на комуникациите и за ОТА


Собраниската Комисија за одбрана и безбедност денеска организира јавна расправа по Предлогот на закон за следење на комуникациите и Предлогот на закон за Оперативно-техничка агенција. Овие закони се еден од трите столба во реформскиот процес, кој го спроведува Владата во насока на исполнување на препораките на Прибе, заедно со реформите во правосудството и администрацијата. Се […]

Груевски и Јанакиески на суд за шамарите во Центар


Ново рочиште за предметот на СЈО „Насилство во Центар“ денеска треба да се одржи во Кривичниот суд. На претходните рочишта, вина за настаните пред општина Центар во јуни 2013, признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петообвинетиот Јордан Ристевски и добија условни казни. Во овој предмет обвинети се уште 12 лица, меѓу кои поранешниот премиер Никола Груевски, […]

Поддршка за Македонија: Средба на Заев со Боштинару, Фајон и Пицула


Безрезервна поддршка за интеграциите на Македонија изнеле на денешната средба со македонскиот премиер Зоран Заев европратениците од групата на прогресивна алијанса на социјалистите и демократите во Европскиот парламент: Виктор Боштинару, Тања Фајон и Тонино Пицула. – Европратениците од групата на СД во ЕП соопштија дека се тука да дадат безрезервна поддршка на евро-интеграциските процеси во […]

Шилегов: Зонско паркирање во Кисела Вода и Карпош ако има интерес кај граѓаните


Зонско паркирање во Кисела Вода и Карпош ќе има само ако се појави потреба или интерес на граѓаните. Донесувањето на инвестициската програма на Градски паркинг е само во насока да се создаде законска онова за воведување зонско паркирање, ако тоа го побараат граѓаните, изјави денеска градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов. Рече дека доколку се […]

Средба Мицкоски-Нимиц: Заштита на националниот идентитет на Македонците


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната средба со медијаторот на ООН за прашањето за името Метју Нимиц рекол дека разговорите за името треба да продолжат да се водат во рамката утврдена од Обединетите нации, почитувајќи ги документите и принципите на Советот за безбедност, Времената спогодба и пресудата од Меѓународниот суд на правдата, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. […]

Димитров е главна тема во грчките медиуми


По разговорите во Скопје, медијаторот Метју Нимиц телефонски или на средба во Солун, ќе го извести грчкиот преговарач Василакис за средбите со македонскиот државен врв, објави грчката државна телевизија ЕРТ, кусо откако заврши заедничката прес конференција на Димитров и Нимиц. Грчките медиуми, во извештаите по средбата на Никола Димитров и Метју Нимиц, акцентот го ставаат […]

Уште едно дете заболе од морбили


Трет случај на морбили е регистриран во Македонија, потврди д-р Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје. Претходно, заболеа шестмесечно бебе и возрасен маж. Последниот случај е 5 -годишно дете кое било во роднинска врска со претходно заболените. Доктор Караџовски апелира децата заразени од грип да останат дома, училниците да се проветруваат, да се внесуваат […]

Ромите пред законот се исти, но во здравствената пракса се дискриминирани


Ромите се соочуваат со проблеми при пристапот до здравствена заштита особено поради тоа што голем процент од нив не се здравствено осигурани, истакнаа учесниците на јавната дебата „Пред законот Ромите се исти, во здравствената пракса се дискриминирани“. Јована Јовановска Кануркова од Хелсиншки комитет за човекови права во Република Македонија истакна дека според неофицијалните податоци на […]

Димитров: Идентитетот не може да биде предмет на преговори


Идентитетот не може да биде предмет на преговори бидејќи не е предмет на одлука, тоа е резултат на историски процес. Тоа прашање е многу поголемо и од мене, и од преговарачите, и воопшто целата генерација на денешните политичари, па веројатно и на идните. Така што ако дојдеме до таа точка за решение каде треба да […]

Нимиц: Оптимист сум, иако има разлика во ставовите меѓу двете земји


Процесот оди напред, кај двете страни има војла да се најде решение. Се создава позитивен момент што треба да се искористи. Сега е вистинското време да се постигне решение и конечно регионот да тргне напред, а да продолжи соработката и пријателството меѓу двете земји, изјави посредникот на ОН во разговорите за името Метју Нимиц по […]

(ВО ЖИВО) Изјави на Метју Нимиц и Никола Димитров


Медијаторот на ОН Метју Нимиц и министерот за надворешни работи Никола Димитров остварија средба, а заклучоците од истата ги во моментов ги соопштуваат пред новинарите. Медијаторот потоа заминува во Собранието на средби со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, Христијан Мицкоски и Али Ахмети. Метју Нимиц во Скопје дојде вчера, по посетата на Атина каде […]

Бутарис: Ние губиме ако соседите не се интегрираат во НАТО и ЕУ


Наместо да му олесниме на соседот, ние ги нарекуваме Цигано – скопјани, вели солунскиот градоначалник и се прашува „однесување ли е ова?“. Во изјава за локалните медиуми од Солун, Јанис Бутарис коментира дали и што губи Грција, доколку нашата земја не се интегрира во евро- атлантските институции. – Ние губиме многу работи, го губиме нашето […]

Над 1.000 лица се разболеа од грип за една недела


Вкупно 1.085 граѓани заболеле од грип во последната недела од јануари, што е 70 отсто повеќе од новозаболените регистрирани една недела претходно. Тогаш беа регистрирани 637 нозаболени лица. Најмногу болни од грип има во Гостивар, објави Институтот за јавно здравје. Зад него е Тетово. Вкупниот број на заболени досега е 3.478 лица. Тоа е речиси […]

Спасовски: Државата треба да обезбеди програми за ресоцијализација на поранешни затвореници


Полицијата е должна да се грижи за безбедноста, редот и мирот на граѓаните во државата, а и државата е должна да обезбеди посебни механизми, програми за ресоцијализација на поранешни затвореници. Ова денеска во Куманово го изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање дали полицијата ќе ги следи затворениците кои сега се […]

Министерството за здравство го вработи Јосиф, фармацевт со ретка болест


Јосиф Мишевски, дипломиран фармацевт со ретка болест на кожата, ќе учествува во креирање на Програмата за ретки болести. Јосиф од денеска е вработен во Министерството за здравство, во секторот фармација. „Имајќи во предвид дека лицето спаѓа во категоријата лица со ретки болести (со дијагноза ихтиоза), на овој начин лицата кои директно се засегнати од имплементацијата […]

Бесплатниот превоз во Скопје се укинува во 20 часот


Град Скопје соопшти дека од вечер во 20 часот се укинува бесплатниот градски превоз во Скопје, а веднаш се укинуваат вонредните мерки и препораки за намалување на загадувањето на воздухот, по добиените информации од Министерството за животна средина и просторно планирање дека среднодневните концентрации на ПМ10 честички во воздухот се под дефинираниот праг на алармирање […]

Рисот Деки полни шест години


Рисчето Деки стана рис, годинава ќе полни шест години, информираат од Македонското екологошко друштво (МЕД), кое вече петта година го следи овој шумски убавец што првпат беше регистриран со помош на фотозамка во 2013 година. На првата фотографија (лево), осуммесечниот Деки е сликан како се движи веднаш зад неговата мајка во Националниот парк „Маврово“. „Од февруари […]