(ВО ЖИВО) Изјави на Метју Нимиц и Никола Димитров


Медијаторот на ОН Метју Нимиц и министерот за надворешни работи Никола Димитров остварија средба, а заклучоците од истата ги во моментов ги соопштуваат пред новинарите.

Медијаторот потоа заминува во Собранието на средби со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, Христијан Мицкоски и Али Ахмети.

Метју Нимиц во Скопје дојде вчера, по посетата на Атина каде што имаше средби со грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас и со Јоргос Кумуцакос, одговорен за надворешна политика во опозициската Нова демократија.

Веднаш по пристигнувањето, само кусо порача дека „по Атина очекува добри разговори и во Скопје“.

– Имавме добри средби во Атина. Се надеваме дека ќе имаме добри средби и тука. Се радувам на средбите со Владата и со другите лидери, изјави посредникот Нимиц по пристигнувањето во Скопје.