Над 1.000 лица се разболеа од грип за една недела


Вкупно 1.085 граѓани заболеле од грип во последната недела од јануари, што е 70 отсто повеќе од новозаболените регистрирани една недела претходно. Тогаш беа регистрирани 637 нозаболени лица.

Најмногу болни од грип има во Гостивар, објави Институтот за јавно здравје. Зад него е Тетово.

Вкупниот број на заболени досега е 3.478 лица. Тоа е речиси десетпати помалку отколку истиот период минатата година, кога имавме 32.934 граѓани болни од грип.

– Регистрираната инциденца од грип и заболувања слични на грип за прв пат оваа сезона е над неделната граница на сезонска активнос. Исто така, се зголемува и процентот на позитивни тестирани примероци од вирусолошкиот надзор. Се очекува пораст на активноста и достигнување на пикот на сезоната во следните недели – велат од Институтот за јавно здравје.

Најголем број на заболените се во возрасната група од 15 години до 64 години. Децата од 5 години до 14 години се оние, пак, кај кои грипот најбрзо се шири.

Вакцинацијата против грип почна на 17 октомври,. Потрешени се сите 27.997 дози на вакцина. Најмногу се вакцинирале лица над 65 години и лица со хронични заболувања.