Уште едно дете заболе од морбили


Трет случај на морбили е регистриран во Македонија, потврди д-р Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје.

Претходно, заболеа шестмесечно бебе и возрасен маж. Последниот случај е 5 -годишно дете кое било во роднинска врска со претходно заболените.

Доктор Караџовски апелира децата заразени од грип да останат дома, училниците да се проветруваат, да се внесуваат витамини, а антибиотик да не се зема на своја рака. Исто така, здравствените институции да се придржуваат до календарот за вакцинација, за да се спречи ширење на заразата.

Во Србија и Хрватска уште владее епидемија на морбили кадешто има по повеќе од илјада заболени, а имаше и смртни случаи.