Штипските студенти и администрацијата учеа како да пријават корупција


Барањето на професорите да им се купи учебникот, плаќањето испит под рака или барањето сексуални услуги за полагање испит, се потешките видови корупција што ги посочиле студентите во истражувањето на професорот Миша Докмановиќ од Универзтитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Докмановиќ денеска ги обучуваше студентите и администрацијата на штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ како да […]

Два случаи на „коксаки“ вирус во градинката „Пролет“ во Козле


Од Општина Карпош денеска соопштија дека две деца кои престојуваат во градинката „Пролет“ во населба Козле, се заболени со вирусот „коксаки“. Откако матичните лекари го дијагностицирале вирусот, родителите на децата ја известиле управата на градинката „Пролет“, која веднаш за случаите го информирала Центарот за јавно здравје – Одделението за епидемиологија. Од Општина Карпош наведоа дека е извршена […]

Дескоска: Измени во вработувањето наставници на неопределено време


Наставниците кои можат да остварат полно или пола работно време ќе може да се вработат на неопределено време. Ова, како што изјави денеска министерката за образование и наука Рената Дескоска го предлага МОН до Владата и очекува таа да го усвои барањето. Да се овозможи наставниците на определено време кои го исполнуваат овој услов да […]

Во потрага по подобар живот: Од Македонија се иселиле третина од високообразованите


Образование, вработување, подобра плата, квалитет на живот и почитување на човековите права се меѓу најчестите причини поради кои 29 проценти од високообразуваните кадри ја напуштиле Македонија изминативе 10 години. Оваа негативна појава наречена „одлив на мозоци“ не ја засега само Македонија. Проблемот зема замав и во шесте земји од Западен Балкан. Потребна е промена на […]

Делото на Заев преквалификувано: Не е примање поткуп


Обвинителката Валентина Бислимовска денеска во Кривичниот суд во завршните зборови за предметот „Поткуп“ побара измена на правната квалификација на обвинителниот акт и наместо за примање поткуп, обвинетиот Зоран Заев да биде осуден за барање поткуп. Обвинителката за ова кривично дело побара од судот на Заев да му се изрече осудителна пресуда, која, според законот, е од […]

Тачи: ДПА влегува во Владата со министер без ресор


Централното собрание на ДПА  денеска во зградата на локалната самоуправа во Тетово одржува состанок околу понудата од премиерот Заев за влез во Владата. Пред почетокот на состанокот, претседтелот на ДПА, Мендух Тачи, рече дека имаа конкретна и коректна понуда од премиерот, ДПА политички и кадровски да стане дел од Владата. – Мислам дека нема да […]

Алаѓозовски и Шилегов ветија враќање на стариот сјај на Универзалната сала


Министерот за култура Роберт Алаѓозовски и скопскиот градоначалник Петре Шилегов денеска потпишаа писмо за намери преку кое се дефинираат активностите за унапредување на културата на подрачјето на Град Скопје преку заедничко финансирање на изградбата на Универзална сала. Салата веќе две години е затворена за посетители, а нејзината изградба предвидено е да почне во 2019 година. […]

Заев го возвраќа ударот: Груевски имал 91 советник, за што трошел по 1,73 милиони евра


Поранешниот претседател на Владата Никола Грувески имал 91 советник и надворешни соработници за кои годишно биле издвојувани 1,73 милиони евра, објави денеска владината прес-служба, по бурата што се крена во јавноста околу советничкиот тим на сегашниот премиер Зоран Заев. – Владата ги следи принципите на отвореност, транспарентност и отчетност во својата работа и во таа […]

Зеќирија Ибрахими: Нема да прифатам да бидам министер за култура


Се погласно се зборува за промена на челното место во Министерството за култура и смената на Роберт Алаѓозовски, но засега нема ниту една потврдена информација. Порталот А1он, повикувајќи се на свои извори денеска објави дека министерското место се планира да биде доделено на Зеќирија Ибрахими, член на Централното раководство на Беса од крилото на Африм […]

Тимоние: Без младите во ЈИЕ нема вистинска Европа


Младите се надежта на регионот, но и голем знак прашалник, бидејќи без Југоисточна Европа (ЈИЕ) не може да имаме вистинска Европа, порача денеска амбасадорот на Франција во Македонија Кристијан Тимоние на Балканскиот младински форум насловен „Активно младинско учество: поттик преку креативни и иновативни решенија“ во организација на Европската асоцијација за локална демократија – АЛДА Скопје, […]

По пет месеци пауза, ќе се избира нов состав на ДИК со шест месеци мандат


Влегоа конечно во собраниска процедура измените во Изборниот законик, што треба да овозможат избор на нов состав на Државната изборна комисија, откако кон крајот на декември (или пред околу пет месеци) се испразни ова тело поради скандалот со високите надоместоци за последните изборни циклуси. Со измените, чии предлагачи се координаторите на пратеничките групи на СДСМ, […]

Туск денеска во Брисел ќе разговора со Ципрас за спорот за името


Претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, попладнево ќе разговара со грчкиот премиер Алексис Ципрас околу подготовката на Самитот во Софија, јави дописникот на МИА од Брисел. Туск и Ципрас ќе разговараат за спорот со името и напредокот во преговорите, информираат високи дипломатски извори во Брисел. – ЕУ не очекува спорот да се реши неделава, но […]

Анкета: Седумдесет отсто од Бугарите сакаат Македонија да биде примена во ЕУ


Бугарите ја поддржуваат интеграцијата на државите од Западен Балкан во Европската унија и сметаат дека нивната земја има интерес тие да станат дел од европското семејство, покажуваат резултатите од истражувањето на Центарот „Тренд“, изработено по нарачка на „24 часа“. “ Шеесет отсто од Бугарите го поддржуваат приемот на земјите од Западен Балкан во Европската унија. […]

Нивоата на природните езера повисоки од просечните


Нивоата на трите природни езера во земјава се повисоки од просекот за мај, но водостојот на Преспанското Езеро на мерното место кај Наколец е за 3,34 метри пониско од „0“ точка. Дојранското Езеро, пак, е за 2,45 метри повисоко од нултата точка, а Охридското за 81 сантиметар. Водостоите на речиси сите реки во земјава се […]

Влатко Ѓорчев сведочи на судењето за обид за убиство на Села


Во Кривичниот суд за денеска е закажано ново рочиште од судењето на обвинетите за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села, што се случи на 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија. По предлог на одбраната денеска пред Судот треба да сведочи пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев. За обидот за убиство на Зијадин […]

Срѓан Керим побарува 75 илјади евра од МПМ


Последниот директор и сопственик на Медиа Принт Македонија, Срѓан Керим, како што неофицијално дознава правосудство.мк, пријавил побарување од 4.569.000 денари или некаде околу 75.000 евра. Станува збор за нешто повеќе од еден процент од вкупните побарувања. Паричните побарувања на Керим, според истите сознанија, биле доставени во законскиот рок, а тој навел дека парите ги побарува […]

Катимерини: Заев и Ципрас ќе разговараат за склучување меѓународен договор


Врз основа на три различни текстови, два од министрите за надворешни работи, и еден од медијаторот, Скопје и Атина продолжуваат да бараат решение, пишува весникот „Катимерини“. Според информациите на новинарот, ниту еден од овие текстови не е конечен и дефинитивен. Во изминатите денови со брз ритам се пишуваат, се бришат, се разменуваат, сè со цел […]

Завршни зборови за случајот „Поткуп“


На денешното рочиште во Кривичниот суд треба да бидат изнесени завршни зборови за случајот „Поткуп“ во кој е обвинет премиерот Зоран Заев. Со гледање на снимката објавена на Јутјуб на минатото рочиште заврши доказната постапка во овој случај. Целосната снимка, пак, поради која Зоран Заев се товари за примање поткуп, беше пуштена на претходните рочишта […]

Димитров за „Та неа“: Се наоѓаме во многу чувствителна фаза


Се наоѓаме во многу чувствителна фаза во прашањето, вели шефот на македонската дипломатија Никола Димитров од Хаг во куса изјава за грчкиот весник „Та неа“. Новинарката оваа изјава ја толкува како индиректна потврда дека е многу важен напредокот што се направил во разговорите. – Се наоѓаме во многу чувствителна фаза за прашањето. Не можам да […]

ВМРО-ДПМНЕ ќе се пребројува во јуни, не во мај


Неделава е пребрзо, идната ќе има продолжен викенд од четири дена, па најавениот мајски протест ќе мора да биде префрлен во јуни. Недела попладне, трети јуни, пред седиштето на Владата би било најоптимално. Ова се последните размислувања во ВМРО-ДПМНЕ пред носењето конечна одлука: кога ќе ги повикаат на улица членството, симпатизерите, но и сите неутрални […]